|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Расправии пред детето?!

Редакција Рингераја, 25.12.2014
"Да не се расправаме пред детето!" - Оваа реплика често може да се слушне зад ѕидовите на многу домови во стремежот на родителите да му обезбедат на детето атмосфера на хармонично и мирно детство
Клучни зборови:

image
/11


 

Но дали оваа желба всушност не е премногу утописка? Ви претставуваме една поинаква перспектива на тема односите меѓу родителите и нежните детски чувства, од германската семејна терапевтка Анет Ренер ...


Табу ли се расправиите во присуство на малото дете?

"Не би требало да се табу, бидејќи дури и да е тешко да се поверува, и тие може да имаат корисен ефект. Преку нив детето дознава дека во животот секогаш има различни перспективи, а не една претстава за светот ", објаснува психологотот. Според неа, секој спор е потенцијална можност за напредување, бидејќи така малото дете сфаќа дека треба да ги изразува чувствата и она што внатрешно го мачи, а понекогаш, пак, треба и да се бори за да ја наметне својата позиција. Освен тоа тензиите меѓу родителите и онака се чувствуваат од детето и ако родителите му кажат дека "сè е во ред". Дешифрирајќи ги невербалните сигнали за конфликт, кај него се раѓаат анксиозност и конфузија.

Скандал ... во разумни граници

Се разбира, расправијата помеѓу мама и тато во присуство на малото дете треба да има разумни граници. "Неприфатливо е детето да присуствува на скандали со вербално насилство, на грубо зголемување на тон, на спор поврзан со сексуалниот живот на двојката или со други луѓе од блиското опкружување на детето, и др. "Важен услов исто така е детето да не се вовлекува во спорот, па потсвесно да се чувствува обврзана да заземе страна", предупредува Анет Ренер.

Конструктивно решавање на проблемите

За да ја иклустрира идејата, психологот  дава конкретен пример за типичен конфликт кој може да се случи во животот на двојката за време на породилно отсуство. "Таткото работи многу, загрижен за финансискиот опстанок на семејството и доаѓа премногу доцна од работа. Неговата партнерка, која е посветена цел ден на грижи за детето и на домашните обврски, е особено скисната бидејќи токму вечерва имала средба со пријателки, која сепак морала да ја одложи заради доцнењето на таткото. Кога тој влегува дома, таа му се обраќа со ироничен и доста груб тон: "Значи се реши конечно да си дојдеш! Може ли барем еднаш да сметам на тебе ?! ", а од своја страна, мажот не и останува должен и нејзината одговара нешто од ваков вид на:" За кого мислиш дека работам толку многу ?! Го сакаш најубавиот стан, најскапата кола ... И што толку се жалиш дека ти е тешко да одгледуваш едно дете ... "Ова е пример за конфликтна ситуација во која двајцата партнери се надмудруваат меѓусебно. Ова може да е првиот чекор кон отворањето на голем јаз помеѓу нив.
Конструктивниот дијалог во таква ситуација е жената да го изрази разочарување од доцнењето на партнерот, но да напомене дека сепак се надева дека следниот пат тој ќе е точен. Во одговор мажот може да се извини за доцнењето, но и тој да изрази како се чувствува", заклучува Анет Ренер.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
4
Што би променила во воспитувањето на децата?
Да можам да го вратам времето назад, сигурно како мајка би ги променила овие 9 работи!
4
Пролетно чистење на домот
Доаѓањето на пролетта е вистинска инспирација за освежување на домот, но ова не треба веднаш да Ве асоцира на макотрпна ...
4
Се сеќавате на вашето детство, нели?
Нашите игралишта беа градилишта, исполнети со кал, гуштери и желки кои беа наши миленичиња. Се качувавме на дрва, преско...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?