|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Раѓањето дете не ве прави родител!

Karen Elliott, 11.8.2014
Значи, ти не си нејзината вистинска мајка?

image
/11


 

Од жената која ми го рече тоа во супермаркетот вчера, почнаа да ми се тресат забите. Морав да дишам длабоко, откако се завртив и заминав, со двегодишната Ели во количката. Не помина долго време пред Ели да се праша: “Мамо си одиме дома?”, со нејзината вообичаено слатка насмевка.

Сеуште сум лута  за навредливиот коментар на оваа жена. Фрустрирана сум бидејќи, пред очите на законот, таа е во право.

Јас не ја родив Ели. Дури и не ја посвоив. Јас сум нејзина згрижувачка мајка, но немам право да носам важни одлуки, за детето за кое се грижам. Јас сум таа која ја храни и облекува, таа која станува ноќе кога не може да спие, таа која и дозволува да поврати на мојот грб кога не се чувствува добро, таа која ги чисти ѕидовите од нејзиното цртање, секој еден ден.

Но мене не ми е дозволено да ја потстрижам нејзината коса. Ниту еден прамен. Ми треба дозвола од нејзината вистинска мајка за да го направам тоа. Не можам да ја однесам на одмор без потпишано писмо за согласност. Ако Ели одеше на училиште, немаше да можам да ги потпишувам дозволите за екскурзии, бидејќи не сум нејзин легален старател, ниту родител.

Па тогаш која сум јас?

Кога започнав со згрижување на деца, се обидов да ги научам да ме викаат тетка или мама К, или нешто кратко и слатко, бидејќи нивната биолошка мајка е жива и ја познаваат. Ништо не ми успеа. Секое дете завршуваше нарекувајќи ме мама. Кога моите родени деца ме нарекуваат мамо, како можам од другите деца да очекувам да ме нарекуваат поинаку? Никој во нашата куќа не се третира различно од  другиот. Сите добиваат иста количина на љубов и внимание, јадат иста храна, ги делат истите играчки. Но тоа не е случај кај сите згрижувачки семејства.

Сум чула дека многу  згрижувачки семејства имаат повлечено линија меѓу нивните деца и другите деца. Тие јадат на различна маса, имаат различни оброци, облека и играчки од другите деца.  Немаат посебно внимание. Многу од семејствата ги враќаат овие деца во домовите за Божиќ, бидејќи сакаат да бидат насамо со своето семејство.

Дали сум јас единствената која е шокирана од тоа?

Секој 19-ти ден, се среќавам со лицата од социјални грижи и со биолошката мајка на Ели, за да разговараме што треба да правам поразлично од тоа што го правам, во врска со грижата која и ја давам. Јас треба да ја слушам оваа жена, која никогаш не била родител, бидејќи ја дала Ели во згрижувачко семејство веднаш откако ја родила. Јас морам да дадам се од себе за да ги исполнам нејзините желби, за тоа како нејзиното дете треба да биде хрането, облекувано и воспитувано. Треба да ми каже кога да ја однесам на лекар на контрола. Кога треба да ја однесам во црква на миса за да и вдахнам религија. Треба да ми каже да ја облекувам во розево фустанче, за да не мисли дека и момче. И на крај, како да ја научам да не ме вика мамо.

Јас сфаќам колку е фрустрирачки да сакаш да одиграш улога во подигнувањето на детето, а тоа да ти биде забрането. Мајката на Ели никогаш не била со неа повеќе од два часа на 20 дена – и тоа во просторија која е под супервизија. Мајка и никогаш не ја однесла во парк, не ја избањала, не ја заспала. Јас сум таа која ја учи Ели на добро однесување, која ја учи да врши нужда на нокшир, која и дава тајм-аут за лошо однесување. Можеби еден ден Ели ќе има можност да се врати кај својата биолошка мајка, но додека тоа да се случи, независно дали по денови или години, јас сум таа која е родител на ова дете. Се дотогаш, мама е единствената именка  со која треба да ме нарекува.

Минатата недела ја носев Ели во центарот за социјални грижи на редовна посета и социјалниот работник ја однесе Ели на предната врата каде што ја чекаше нејзината биолошка мајка. Го слушнав социјалниот работник кога рече: “Гледај, тоа е мама”, а тогаш Ели се заврти назад и рече: “Ова е мојата мама”. Морам да се насмевнам задоволно.

Воспитувањето и грижата за детето те прават родител. Нема врска од која утроба дошло детето, туку кој се грижи за него!

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Интересни факти за бебињата родени во деке...
Ако вашето бебе е родено во последниот месец од годината - декември, имате многу прилики за радост. Децата, кои доаѓаат ...
4
Таблетите заменете ги со насмевка
Човечкиот мозок за време на смеењето во крвотокот излачува хормони кои дејствуваат на намалување на болката. Затоа се см...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?