|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Рацете подалеку од моето бебе!

Редакција Рингераја, 30.5.2014
Колку пати ви се случило постара госпоѓа на улица да го штипне, погали или бакне вашето дете? Една мајка блогерка покрена борба против тоа...
Клучни зборови:

image
/11


 

“Драг странецу, кој ја зграпчи раката на моето бебе денес во продавницата и сите други кои го допирате моето бебе,

Ве молам немојте!”, го почнува своето отворено писмо мајката блогерка Мелиса Вилетс.

Таа објаснува дека дури и нејзината најстара ќерка научила дека не треба да допира се, па тоа им го предлага и на возрасните лица – да учат од нејзиното петгодишно девојче. Тоа мже да се постигне во два чекори:

Прв чекор: Не допирате нешто или некого што не ви припаѓа. Втор чекор: Повторете го првиот чекор, се пошегува Мелиса, истакнувајќи дека ова е проблем на многу мајки во светот, за кој не се зборува доволно.

“Ја разбирам вашата потреба да го допрете бебето. Добро, не ја разбирам баш, па затоа ќе се потрудам да ви објаснам. Го видовте моето бебе и помисливте дека е слатко (и никој не може да ве обвини за тоа) и без да размислите го штипнавте нејзиното буцкасто мало раче. Ве молам следниот пат размислете и обидете се да му одолеете на искушението”, пишува Мелиса.

“Видете, не постои начин да утврдам дали неодамна сте биле болни или во контакт со некој кој е болен, или сте допреле нешто што е покриено со бацили. Иако вашиот контакт со моето дете траеше неколку секунди, последиците по моето семејство можат да траат и цел месец”, напоменува оваа мајка на три девојчиња.

Затоа ве молам, не го допирајте моето бебе. Или ако веќе сте решиле, овие три места се во ред: стопалата, лактото и косата. Стопалата и лактото ако се покриени со облека и косата, ако барем малку го познавате моето бебе, пишува Мелиса и завршува:

“Смејте се, пејте, играјте, НО РАЦЕТЕ ПОДАЛЕКУ!”

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Урнебесно: Што се случува кога мајката е б...
Една мајка од Хрватска, која со години е преселена, живее и гради кариера во САД, се прослави како победник на натпревар...
4
Врската меѓу оралното здравје и функцијата...
Сите знаеме дека секојдневното четкање и употребата на конец може да спречи губење на забите, расипување и гингивитис. С...
4
Крал Волкашин и Марко Крале
Македонски народни приказни
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?