|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Работи кои вашата мајка ги скрила од вас

Редакција Рингераја, 2.11.2021
Обично, кога ќе дознаете дека носите живот, сте нервозни, возбудени, уплашени и во очекување. Тоа конечно ви се случува. По долг период на подготовка и предвидување, тоа конечно е вистина. Ќе бидете мајка!
Клучни зборови:

image
Мајка
/11


 

Бременост. Јасна, како бел ден, две сини линии се прикажани на тестот за бременост кој сте го купиле. За поголема безбедност проверете 2 пати. Една цртичка- не сте бремена. Две цртички- бремена сте.

Обично, кога ќе дознаете дека носите живот, сте нервозни, возбудени, уплашени и  во очекување. Тоа конечно ви се случува. По долг период на подготовка и предвидување, тоа конечно е вистина. Ќе бидете мајка!

Во овие девет месеци ќе научите да го цените мајчинството и да го сфаќате сериозно. Ќе се здобиете со нова идеја за родителските односи.

Ќе се сетите како се однесувала вашата мајка со вас во вашето детство. Што ви кажала, како ве воспитувала, како ве советувала. Но секако има нешта кои вашата мајка не ви ги кажала, а вие исто така ќе поминете низ нив со своето дете.

Еве кои се тие.



1. "Сте ја принудувале да плаче"


Вие сте ја принудувале да плаче многу. Мајка ви се расплакала кога дознала дека е бремена. Таа плачела додека ве раѓала. Плачела е кога ве видела за прв пат и кога сте го направиле својот прв чекор. Постојано се грижела и доживувала страв и вознемиреност заради вас. Таа ја споделувала болката и среќата со вас, без разлика дали вие тоа го сфаќате.



2. "Мајка ви се лишувала од многу нешта заради вас

Мајка ви го сакала последното парче од колачот. Но кога видела дека ја гледате со своите големи очи, ги лижете усните, таа се лишувала од парчето торта, оставајќи го  за вас.

Вашата мајка се чувствува среќна кога сте задоволни и често се занемарува себе, пред вас.

3.  "Издржувала болка заради вас"

Мајка ви многу пати чувствувала болка заради вас. Најпрво во долготрајните девет месеци и породувањето, а потоа и кога сте ја влечеле за косата или обетките и кога сте ја гризеле. Таа ја надминала сета болка, која сте и ја причиниле, се уште ве сака и се грижи за вас.


4.  "Секогаш се плашела за вас

Вашата мајка секогаш чувствувала страв да не ви се случи нешто лошо. Од моментот во кој сте биле зачнати, таа прави сe, за да ве заштити.

Срцето и скокало лудо, кога сте ги направиле првите чекори. Таа останува до доцна за да се увери дека ќе се вратите дома и сте безбедни или станува рано, за да ве испрати на училиште.

Мајка ви отсекогаш била подготвена да даде сe за вас, без оглед на потешкотиите  кои и се испречувале на патот или ризиците кои требало да ги преземе.


5. "Мајка ви сака да е совршена"


Вашата мајка знае дека не е совршена и често се критикува сама. Мајка ви ги знае сите свои недостатоци и понекогаш се мрази заради нив.

Но таа сака да биде најдобрата мајка и се труди да не си дозволува никакви грешки, иако како секој човек и таа ги прави понекогаш.  Најверојатно се уште се обидува да си прости за нив и сака со целото свое срце да се врати назад во времето и да ги поправи.

 

6. "Мајка ви секогаш ве става на прво место"

Вашата мајка е подготвена да се лиши од храна, туш или сон, бидејќи секогаш ги става вашите потреби на прво место.

Често го поминува целиот ден, за да одговори на вашите потреби. Навечер е потполно без сила, но следниот ден ќе се разбуди и ќе направи се повторно, бидејќи вие и значите премногу.

Во заклучок може да се каже дека треба да ја цените вашата мајка и да ги прифатите нејзините недостатоци за да се чувствувате подобро.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Типови интелигенција кај децата
Еве како да се научите да ги препознаете типовите интелигенција кај децата, за да успеете да му помогнете на своето дете...
4
Детски игри за поттикнување на креативноста
За детето да не го поминува слободното време пред екраните од мобилните телефони или таблети, експертите советуваат роди...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?