|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Првата разделба со бебето

Редакција Рингераја, 9.11.2010
Колку и да ни е тешко да се разделиме дури и за миг со бебето, тоа мораме да го направиме кога ќе дојде моментот да одиме на работа.

image
/11


 

 

Ако сте направиле грешка и досега не сте го оставиле детето да го чува некој друг, најверојатно првата разделба ќе претставува голем проблем. Заради силната и безусловна љубов која мајката ја чувствува кон своето дете, таа се чувствува виновна кога ќе го остави макар и на неколку часа со некој друг.

 

Чувство на вина


Чувството на вина го има кај секоја мајка која мора да го остави детето на некој друг, за да заврши некоја работа. Тоа не може да се контролира, но со сигурност мајката не треба дополнително да се напрега и да ги сфаќа нештата толку трагично. Сите знаеме каков е социјалниот живот на мајката која одгледува бебе и токму заради тоа таа воопшто не треба да се обвинува. Секоја мајка има и личен живот којшто не треба да се занемарува. Нема ништо лошо во тоа да го оставите бебето на неколку часа за да се релаксирате – да отидете во град со пријателката, заедно да отидете на фитнес, или едноставно да останете сами. Напорното секојдневие на мајката, силата и енергијата кои и се потребни за одгледување на детето бараат одмор, или краткотрајно задоволство на мајката.

Постојаното чувство на вина ја придружува мајката уште од раѓањето на бебето. Кога тоа плаче, кога не спие добро, кога не јаде, мајката се обвинува себеси дека не ги извршува добро своите обврски. Треба да си обрнете малку внимание и на себеси за да се ослободите од ова чувство. Обидете се да го контролирате, бидејќи сепак треба да сте емоционално стабилни за да можете да се грижите за малото дете. Мајчинството во срцето на жената предизвикува колку среќа радост и љубов, толку грижи, сомнежи и прашања.

 

Разделба


Колку тешко звучи зборот разделба, нели? Одделувањето од детето во одреден период од денот не треба да се нарекува разделба, туку до извесен степен корисно и конструктивно дејство, кое што ќе се одрази добро и на Вас и на Вашето бебе. Ако и претходно сте го оставале со лица кои ги познава, во Вашиот дом, бебето нема толку тешко да го прифати Вашето отсуство, бидејќи знае дека е краткотрајно и дека потоа повторно ќе се забавувате заедно. Нема дете на коешто не му недостасува мајката, но идејата е детето да не го доживува како нешто трагично, туку како нешто природно и дел од животот. Само да напоменеме, на детето му недостасува и таткото, но бидејќи најверојатно од самото негово раѓање не поминува по цел ден со него, тоа е веќе навикнато и лесно го поднесува тоа. Бебињата и малите деца сеуште не разбираат многу нешта и најверојатно ќе му треба доста време додека да сфати што се случува. Затоа, заминувањето на работа ќе биде уште една точка во секојдневието на кое детето ќе се навикне како и на сите други нешта.

Ве советуваме, ако полека се наближува времето за да се вратите на работа, да започнете да го подготвувате бебето претходно. Ако имате во план да го гледаат неговите баба и дедо започнете периодично да им го оставате, за да се навикне на нив. И не грижете се ако на почетокот плаче и тоа го доживува потешко и немојте да потклекнете бидејќи ако еднаш попуштите ќе му дадете погрешна претстава на бебето дека ќе се вратите веднаш штом ќе заплаче. Размислете дали ова ќе биде можно кога ќе се вратите на работа. Треба да сте упорни и колку и да Ве боли, мора да стоите цврсто на својата одлука.

 

Кој ќе го чува бебето додека Ве нема?


Ова е една од клучните одлуки кои треба да ги направите заедно со тато. Како што знаете, постојат неколку опции

- Кај баба и дедо – О, да, како што баба и дедо ќе го гледаат бебето, никој нема да го стори тоа. Тие ќе го гледаат како зеницата во окото, ќе го хранат навреме, ќе го водат во парк, ќе му угодуваат. Идила! Па да, сепак детето е сеуште мало за во градинка, инаку може да се поразговара и за ова прашање.

- Во градинка – Не ги оспоруваме напорите коишто ќе ги вложат баба и дедо, но најубаво е за детето да се грижи специјалист, кој може многу да придонесе за неговото воспитување. Сепак во градинката не  се угодува секој каприц на децата. Таму тимот од педагози и воспитувачи ќе се грижи за Вашето дете и ќе се води според однапред изготвена програма за работа, која ја немате дома.

- Бебиситерка – Многу е важно да бидете сигурни дека го оставате детето во сигурни раце. Одвојте повеќе време за избор на бебиситерка. Можеби задачата ќе и ја доверите на некоја Ваша блиска личност, пријателка или сосетка.  Можете да контактирате со агенција каде обично даваат гаранција за човекот кој го препорачуваат да се грижи за Вашето дете. Некои родители ја претпочитаат оваа опција, пред градинката, бидејќи сметаат дека на тој начин ќе го заштитат детето од заразни болести.

 

Може ли детето да биде среќно далеку од мајка си?


Секако дека секое дете има потреба и сака родителите  да бидат постојано блиску до него. Тоа сепак не значи ако е привремено одвоено од нив дека ќе биде несреќно. Доволно ќе биде ако му објасните дека мама и тато го сакаат многу, но мора да работат и да заработат парички. Најверојатно детето нема да Ве разбере, но постојат и други начини за да го натерате да сфати дека не сте го оставиле, но дека постојат работи кои мора да ги завршите. Смислете што ќе правите со Вашето дете веднаш откако ќе се вратите од работа: можете да го водите на некое игралиште, во парк или на гости кај неговото омилено пријателче.

Не е важен квантитетот, туку квалитетот на времето што го поминувате со Вашето дете. Кога ќе се вратите од работа максимално посветете му се на детето, дајте му го потребното внимание за да почувствува дека сте заинтересирани за него и дека го сакате.

Колку и да е подготвено, бебето или малото дете со сигурност на почетокот ќе страда за Вас, на ист начин како и Вие за него. Толку време сте поминале заедно и сте биле неразделни. Во тоа време меѓу Вас се изградила толку силна и длабока врска и бидете сигурни дека никој и ништо не може да ја уништи.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
3
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?