|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прва помош при полесни повреди на игралиште

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Модринки, отоци, мали гребнатинки, мали исекотини...
Клучни зборови:

image
/11


Модринки и отоци  
1) Ладете со водена крпа 10-30 минути

Мали гребнатинки и мали исекотини
1) добро измијте ги рацете со сапун и со топла вода,
2) преку газата притиснете ја раната за да го престанете крварењето,
3) под течна вода со сапун и парче стерилна газа добро исчистете ја раната (измијте го песокот и валканото) и исушете ја,
4) покријте ја раната со сува стерилна газа и завиткајте ја со завој.
ВНИМАНИЕ: Детето мора да го носите на доктор:
- при првите знаци на запаление или инфекции (црвенило, температура, болки, оток, гној),
- ако раната е на лице,
- ако раната е подлабока од 1 см (во првите 6 часа докторот сеуште може да ја сопре крвта),
- ако детето не е вакцинирано против тетанус, а раната ја предизвикал валкан предмет,
- ако во раната се наоѓа страно тело, на пр. зрно песок или парче стакло,
- ако крварењето не престанува.
На раната не ставајте памук затоа што се прилепува на неа и подоцна е тешко да се отстрани.

Крварење од нос
1) Детето мора да стои исправено, но со главата наведнато напред за крвта да не тече во грлото,
2) со палецот и показалецот притиснете ги двете ноздри 10-15 минути,
3) на вратот ставете водена (ладна) крпа,
ВНИМАНИЕ: На детето не смеете да му ја навалувате главата наназад, затоа што може да се загуши со крв. Не измивајте му го носот со вода, не го терајте да го издува носот, затоа што тоа може да доведе до уште посилно крварење.

Страно тело во носот
1) мазно (копче, зрно грав, џамлија)
Детето однесете го на доктор, со посебен инструмент да се  извади страното тело.
ВНИМАНИЕ: Никогаш не смеете сами да пробувате да го извадите страното тело од носот, затоа што тоа може да се слизне во душникот и да доведе до гушење. Детето нека дише на уста.

2) хартија
Можете да ја отстраните со пинцета, ако не отишла предлабоко.
НАПОМЕНА: Кога детето има исцедок со непријатен мирис од само една ноздра постои голема веројатност дека детето веќе ставило во нос некое страно тело. Посетете доктор.

Страно тело во око
1) померување на белката од окото
- ако детето плаче, солзите сами ќе го исфрлат,
- во спротивно, со палецот и показалецот раздалечете ги капаците и соберете го со влажно марамче,
- ако страното тело е под горниот капак, повлечете го преку долниот и тоа ќе остане на трепките.

2) забодено или прилепено на око
- окото покријте го со газа и однесете го детето на доктор.

Страно тело во уво
1) мали предмети (топче, зрно грав...)
Детето однесете го на доктор кој со посебен инструмент ќе го извади страното тело.
ВНИМАНИЕ: Никогаш не го вадете сами, затоа што така можете да го пробиете ушно тапанче на детето.

2) бубачки (мушички и слично)
Во увото ставете топла вода и почекајте бубачето да исплива. Во случај чистењето да не е успешно, побарајте помош од доктор.
ВНИМАНИЕ: Ништо не ставајте во увото!

Страно тело во хранопроводот
1) мазно (копче, парички, семенки)
Страното тело само ќе се исфрли со столицата. Контролирајте ја столицата се додека во неа не најдете страно тело.
ВНИМАНИЕ: На детето немојте да му давате средства (чаеви) за чистење. Ако детето при голтање чувствува болки во градите, ако повраќа или му е мака, веднаш однесете го на доктор.
 
2) шилесто, остро или големо (игли, шајки)
Детето што побрзо однесете го на доктор!

Страно тело во кожата
1) иверица плитко во ткивото
- нежно исчистете ја раната со топла вода и сапун,
- пинцетата држете ја над пламен (така ја стерилизирате),
- со пинцета извадете го страното тело,
- притиснете ја раната да излезе малку крв,
- исчистете го тој дел и залепете фластер.
ВНИМАНИЕ: Ако детето сеуште не било вакцинирано против тетанус, однесете го на доктор и ако страното тело се скрши во ткивото - не пробувајте да го извадите сами со остар предмет.

2) Никогаш сами не вадете страни тела кои се длабоко во ткивото - подобро што побрзо однесете го детето на доктор.

Доколку детето го гризне некое животно...
1) оставете од раната некое време да тече крв (да излезат заразните бактерии),
2) раната добро измите ја со топла вода и сапун за да ја спречите заразата,
3) раната измијте ја со студена течна вода,
4) покријте ја со чист завој,
5) ако крвавењето не престане, искористете компресиски завој,
6) детето одвнесете го на доктор така што раната ќе му биде хируршки обработена и ќе спречи детето да добие беснило.

Доколку детето го гризне змија...
1) детето легнете го на под, смирете го (отровот поспоро ќе се шири),
2) местото на каснување добро измете го со вода,
3) детето кое е во опасност мора што е можно повеќе да мирува,
4) детето однесете го на доктор.
ВНИМАНИЕ: Не правете засечоци со нож и не се јуначете – подобро што порано однесете го детето на доктор!

Убоди од инсекти, пајаци или шкорпии
Убод на кожата
1) извлечете го отровот,
2) раничката измите ја и на неа ставете студена облога (мраз),
3) употребете антихистамин или лосион кој го ублажува чешањето и го намалува отокот.

Убод во уста
1) на детето дајте му да лиже парче мраз,
2) однесете го на доктор, затоа што може да се создаде оток кој може да го загрози дишењето на детето.

Повеќе гризнувања истовремено
1) соблечете ја облеката на деловите од телото каде што се гризнувањата
2) детето повијте го во воден, студен чаршаф.
ВНИМАНИЕ: Ако местото околу отокот многу се воспали и отокот се рашири, ако детето се чувствува лошо, немоќно, побледува, местото каде што е гризнато го боли, има чудно чувство во пределот на срцето или тешко дише, однесете го на доктор.

Медуза
1) од кожата отстранете го отровот, најдобро со алкохол, или протријте го изгореното место со морска вода или со песок,
2) ладете со студена вода,
3) намачкајте со антихистамински препарат.



 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ти се уште си прекрасна мајка, иако...
Модерно родителство: Кога тоа стана толку конкурентна дисциплина? Од кога е секој ден нов предизвик? Дали е тоа бидејќи ...
4
Кога да почнеме да даваме чоколадо на детето?
Чоколадото е омилен продукт на децата, но родителите знаат дека тоа не е најздрав избор за детското мени. Кога може да п...
4
Нашите деца растат во “all inclusive” аран...
За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле как...
3
Мамин син?!
Овие мајки несвесно се плашат дека ќе станат непотребни и бескорисни, без никаква смисла за животот, кога син им ќе пора...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?