|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Провална кражба во автомобил

Pavla Kliner, 30.10.2010
Често пати за каква било акција веќе е предоцна. Сите мерки што треба да ги преземеме за да спречиме да дојде до провална кражба на автомобилот, се всушност истите мерки кои треба да ги преземеме за заштита и превенција.

image
/11


 

 

Паричник на седиште – магнет за крадци

Основна превентивна мерка за безбедност на автомобилот при кражба е во автомобилот да не оставаме вредни предмети. Особено вредните и скапи предмети не смее да стојат на видни места во автомобилот. Ништо не не чини ако очилата за сонце, мобилниот телефон, саатот и други вредни предмети ги ставиме во багажникот или во затворен дел од колата предвиден за таа намена. Иако ни тоа не ни дава целосна сигурност дека така ќе се заштитиме од разбојници, сепак ризикот од провалување на автомобили се намалува. Посебно ако од видните места ги тргнеме актовките, паричниците и парите кои крадците најповеќе ги привлекуваат.

 

Алармот не може да спречи кражба 

Ако одлучите да инсталирате алармен систем, треба да знаете дека негова примарна функција е да алармира за моменталната ситуација но не и да ја спречи кражбата. Со оглед на тоа дека најефикасните алармни системи се најсилни, моќниот звук може да го доведе до конфузија разбојникот и да го сврти вниманието на околината со што автомобилот кој е разбиен брзо би го напуштил. Како што кажавме делотворноста на овој систем не ја спечува можноста за разбивање на автомобилот.

 

Да ја известиме полицијата, и да внимаваме да не се уништи следењето

Доколку дојде до разбивање на нашиот автомобил за тоа мора што поскоро да ја известиме полицијата. Најдобро би било кога би ги известиле од самото место каде што е извршена кражбата, со што би внимавале да не дојде до никаква промена во околината каде што е извршена самата кражба. Тоа ќе го направиме така што нема да ги допираме околните предметите и што помалку ќе се движиме во околината каде што е извршено разбојништвото.

 

Сериските броеви се од голема помош

До пристигнувањето на полиција треба да пробаме да се сетиме на што повеќе детали, како на пример: кога го оставивме автомобилот на местото на кражба, колку време бил паркиран на тоа место, треба да се земат во предвид и сите останати ситуации кои би ни биле од корист, како на пример кога ни било возилото отуѓено и точен опис на некои предмети. За докажување на нашата сопственост пред се на техничките предмети најдобар пример е серискиот број на одредениот производ. Убаво би било доколку имаме сериски броеви од предмети кои ни се украдени: Апарат, ГПС, телефон, звучници,и други технички предмети кои сме ги имале во автомобилот. Тој податок би им бил од голема помош за полесно пронаоѓање на сторителот и полесно пронаоѓање на украдените предмети. На полицаецот може да му кажеме и некои доверливи информации во врска со украдените предмети, ако имаат некое посебно обележување, некоја лепенка или слично. Доколку ни бидат украдени кредитните картички треба веднаш да ја известиме полицијата за да се блокираат сметките па дури и мобилната картичка треба да известиме да биде блокирана. Известувањето за блокирање на картичките го врши полицијата, а за повторно издавање треба сами да се погрижите.

 

Внимаваме, каде го паркираме автомобилот

Со своето внимание можеме да ја намалиме можноста да дојде до разбивање и кражба во нашиот автомобил. Некои мерки во однос на тоа веќе наведовме, но исто така мора да внимаваме каде го паркираме автомобилот и колку време ќе биде паркиран на тоа место. Неосветлен крај и темни улици ја зголемува можноста за  разбојништво. А на безбедните и сигурни паркинзи треба да се плати. Износот кој треба да го платите за паркирање во многу случаи изгледа многу висок, но напротив цената е многу ниска во однос на тоа што може да се случи доколку дојде до разбивање на автомобилот и кражба на сите наши вредни предмети.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ликовна школа
Специјализирани креативни, егзистенционални и анти-стрес програми - во ликовното студио Gallery Arte од Скопје
4
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
3
6 совети како да одгледате среќно дете
Почитувајте ја неговата страст и говорете му колку сте благодарни што имате дете како него во животот
3
Што кога детето се плаши од фризер?
Викање, плачење и тргање се најчестите “несакани ефекти”, кога родителите ги носат своите деца за потстрижување во фризе...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?