|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Годините поминати во стремеж кон еманципација дадоа многу права и привилегии на жените, но како и секој глобален процес и тој си има лоши страни. Недостатоците се рефлектираат врз една од најважните општествени единици - семејството
Клучни зборови:

image
/11


 

Многу луѓе се на мислење дека последиците се поголеми и го опфаќаат целиот емоционален свет на паровите и го осудуваат на пропаст нивниот однос. Во центарот сепак е детето и неговите интереси. Ако се прашува жената, таа ќе избере да биде мајка и да посвети време на детето на домот  и на сопругот. Но кога се во прашање финансиите и обезбедувањето нормални услови за живот, нема  дилема – жената мора да работи.

 

Што ја прави мајката мајка ?

Ајде да видиме како стои прашањето со обврските. Постои мислење дека вештината да си родител (мајка) се појавува како "бонус" со раѓањето на детето. Ова, се разбира е многу далеку од вистината и секоја жена која родила тоа го знае. Доказ на прво место е целиот амбиент потребен околу една родилка. Се разбира никој не ја негира интуиција, инстиктот и силната врска меѓу мајката и детето. Тие, сепак не те прават родител. При појавата на бебето обврските на мајката се навистина многубројни и од најразновидните карактер - од грижата за физичкото преживување на бебето (која е доста обемна, одзема време и витална одговорност), во осмислување на воспитни модели, техники за стимулирање на развојот, до создавање на атмосфера и претворање на станот (куќата) во дом - место во кое детето ќе може да израсне целосно и среќно, сакано и згрижено и со семејството. Сето тоа се учи, но бара напор, упорност и чини многу нерви, солзи и стравови (и непроспиени ноќи) - исто како и која и да е друга професија, но со таа разлика што тука влогот е голем - иднината на детето и семејството. Во работата стремежот за напредок  е личен - сопствено усовршување (кариера, што носи некакви бенефиции). Кога зборуваме за професијата мајка, тогаш нема натпревар со останатите мајки, односно недостасува конкуренција, но целта е многу важна, бидејќи е поврзана со животот и среќата на друго човечко суштество. Одговорноста пред мајката е огромна, но се разбира е поделена во некоја мера и со таткото. Обврските кои се потребни за да се постигне оваа цел се навистина исклучително многу и бараат време, што една вработена жена ги нема. Дури и да одлучи да се прави суперхерој и да ги  усогласи двата фронтови  - резултатот не е ист бидејќи секогаш нешто ќе биде запоставено – работата  или семејство.

 

Дали жената е еднаква, ако не придонесува за семејниот буџет


Се разбира дека не е! Професијата мајка не е финансиски мерлива, бидејќи нејзината цел не е финансиска благосостојба. Но е животоважна професија, одзема време и е работа поврзана со емоции. Освен тоа не е на фиксно 8-часовно работно време. Како општество сме премногу материјално ориентирани и соодветно приоритет во вредностите се ни парите и она што тие го нудат. Предавајќи се на семејството, една жена не само што ја одржува куќата и го гледа детето, тоа создава атмосфера во домот - неопходна не само за детето, но и за неа самата и за таткото. Тоа е чекор кој се прави во насока на среќно семејство и благосостојбата на сите.

 

Мајчинството не е професија со која ќе се пензионирате


За разлика од секоја друга професија, онаа на мајката не продолжува 10, 20, 30 или 40 години, таа е засекогаш. Без разлика колку време поминува, потребата од неа не опаѓа. Во однос на тоа колку долго една жена може да не работи друго, тоа зависи од неа. За некои жени е една или неколку години, а за други - цел живот. Најважно во случајот е дека жената има право на избор и кога чувствува дека нема што повеќе да даде на семејството, од дома, тоа подобро за сите е да се пренасочи во друга област. Но овој избор треба да е свесен и по сопствена волја. Многу често, сепак правото на жената да биде мајка и е одземено од општеството и вредностите кои ги брани. Степенот до кој ова влијание се протега е голем и мајчинството е маргинализирана и жигосана професија која звучи "Лежи дома девет месеци".

Но, ако жената се прашува, таа секогаш ќе избере да биде МАЈКА!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
4
Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
4
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Торта Пеперутка - со готови кори Винчини
Направете ја оваа убава торта за роденденот на вашето малечко девојче
4




Анкета

omilena igracka na moeto dete
marina.n.t



negovite igracki(kamioncinja,kuklicki...) (26%)

se ona sto mu e zabraneto(stekovi,kabli,osti predmeti i sl) (7%)

mama i tato (24%)

se mu e interesno koga e nadvor (43%)


Број на сите гласови: 42

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!