|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Приврзаноста на децата - кога е проблем?

Редакција Рингераја, 21.5.2014
Темата за приврзаноста на децата секогаш буди прашања - како да изградите приврзаност кај децата, или како да се справите ако е прекумерна?

image
/11


 

Што се однесува до приврзаноста, децата се поделени на неколку групи - деца кои се толку многу  приврзани кон своите родители што секогаш се цврсто залепени за нив, деца кои се соочуваат со потешкотии на ниво емоционална приврзаност (тоа често е проблем на посвоени деца) и деца кои наоѓаат рамнотежата помеѓу приврзаност кон своите родители и способноста да бидат самостојни и да се дружат.

Приврзаноста на децата се формира околу 6 - месечна возраст, кога бебињата почнуваат добро да ги препознаваат своите родители и да се плашат од непознати лица. Од тој момент натаму е важен пристапот на родителите.
Вистинскиот родителски пристап бара не толку квантитативна комуникација со детето, колку квалитативна. Потрудете се да го соочувате  детето со повеќе непознати луѓе,  за да се навикне на страни лица. Не го држете постојано во раце и не го навикнувајте да спие во кревет кај вас ( подобро да го навикнете да спие во својата соба уште додека е бебе). Ова сепак не значи да не го прегрнете и смирите детето (само не претерувајте и не бидете премногу заштитнички настроени) кога тоа има потреба од вас, бидејќи токму покажувањето љубов на детето, развива кај него чувство за љубов кон околните и го намалува ризикот од појава на вообичаениот страв од непознати лица.
Премногу приврзаните деца  често имаат проблеми со социјализација и комуникација со нови лица и луѓе. Тоа пак е причина за формирање на стрес и дури страв кај детето при запишувањето во јасли и градинка.

 

1


Како прекумерното внимание, така и недостатокот на внимание може да стане причина за проблеми со наклонетоста на детето. Децата кои не го примиле потребното внимание од родителите, често растат затворени во себе, без самодоверба, вознемирени, дури често агресивни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Пролетно чистење на домот
Доаѓањето на пролетта е вистинска инспирација за освежување на домот, но ова не треба веднаш да Ве асоцира на макотрпна ...
4
Се сеќавате на вашето детство, нели?
Нашите игралишта беа градилишта, исполнети со кал, гуштери и желки кои беа наши миленичиња. Се качувавме на дрва, преско...
4
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?