|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Породувањето отсекогаш било природен чин низ кој минувала жената и, гледајќи наназад, таа најчесто се породувала сама или со помош на најблиските во фамилијата.

image
/11


Не биле познати и немало потреба да се применуваат никави посебни методи за породување, за нешто што отсекогаш се одвивало по природен пат и што исконски е поврзано како со мајката така и со детето што доаѓало на свет.

Меѓутоа, денес условите се многу изменети и, како што човекот се оддалечува од себеси и од природниот начин на живеење, не само што е потребен, туку е и неопходен метод што ќе ја подготви жената да го помине периодот на бременоста најприродно што може, да го доживее природно чинот на породувањето и да ја почувствува свесно помошта што му ја дава на новиот човок за да дојде на овој свет (чин што предизвикува восхит и почитување), како и приспособувањето и промените по породувањето да ги помине по природен пат - сето тоа како составен неделив дел од нејзината природа, од нејзиниот физички, психички, ментален и духовен склоп како жена.

Тоа подготвување не претставува ништо друго освен провоцирање и повторно излегување на површината на нејзината самодоверба, физичката и психичката сила, позитивниот став, духовниот мир, независноста и слободата за да се доживее целосно себеси и чинот на породувањето да го доживее во целата негова убавина, со чувство на радост, среќа, мир, задоволство и хармонија.

Јогата, со целото нејзино богатство како сеопфатна наука за човекот и животот, и дава на жената заокружена едукација, не само физичка, ментална и психичка, туку и духовна. Останатите методи, кои се појавија во последниве децении и кои носат различни имиња, во голем дел се засновуваат врз принципите и методот на јогата користејќи некои нејзини техники: специфичните телесни положби и вежби, дишните техники, невромускулни контракции на одредени зони, релаксација, визуализација и слично.

 

Методот на д-р Дик-Рид

Д-р Дик-Рид е автор на книгата "Породување без страв", прв пат печатена во 1940 година. Овој метод вклучува: дишни вежби, контрола на дишењето и релаксација на мускулите, како и запознавање на жената со сето она што ја очекува во текот на породувањето.

 

Психопрофилактика или методот Ламазе

Техниките на овој метод за првпат се појавија во Русија, а на Запад ги воведе Д-р Фернанд Ламазе во педесеттите години. Методот вклучува дишни вежби како подготовка за породувањето. Овој метод е најпопуларен во САД и е основа на студиите во "National Childbirth Trust" во Велика Британија. Жената го подготвува своето тело во текот на бременоста со посебни вежби и го тренира умот автоматски да реагира на различните контракции при на породувањето. Активното учество на таткото е составен дел на овој метод. Тој го следи истиот курс заедно со жената и емотивно ја поддржува при породувањето.

 

Методот на Лебоаје

Д-р Фредерик Лебоаје е автор на книгата "Раѓање без насилство" печатена во 1974 година. Неговиот метод е многу покомплексен и се однесува повеќе на детето, на она што го поминува и доживува таа при на породувањето, отколку на мајката. Главните моменти за кои се застапува се: благо осветлување при породувањето, да не се зборува гласно, веднаш по раѓањето детето да се постави на стомакот на мајката итн. Постојат малку центри кои го применуваат во целост овој метод, но голем број се засновуваат врз него.

 

Методот на д-р Мишел Одан

Главни карактеристики на овој метод се: породувањето да се одвива во смирена и отпуштена атмосфера со пријатна музика, да и се дозволува на жената слободно да се движи, да седи или да стои во текот на контракциите, да зазема различни положби кои нејзе и се пријатни и да избере положба која нејзе и е најпогодна за породување, стоечка или клечечка, во која и помага и гравитацијата. Д-р Одан користи базен со вода примарно за ослободување од болките. Вели дека жената не мора да се породи во вода, иако радо го прави тоа. Примената на овој метод го намалува процентот на епизиотомиите, форцепсот и царските резови. Исто така важна е и улогата на таткото кој за цело време е заедно со мајката и детето при породувањето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
7
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога се приближува терминот. За многу жени, тие се еде...
5
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
Како витаминот Б6 влијае на утринските мач...
Утринските мачнини за време на бременоста и најчесто во нејзиниот почеток се еден од најголемите проблеми во овој период...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?