|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дневникот на Pepelaska RR

image
/11


 

 

Уште точно два месеци, моето синче ке ја дувне неговата втора свеќичка.
Денес зедов одмор и решив малку да се посветам на себе.
Се сеќавам како бев исплашена, неспремна и несигурна во себе пред да го донесам на свет.
Сепак успеав да се справам со сите предизвици, со сите проблеми кои како да беа напишани на список за да доаѓаат по ред.
Моето дете беше толку активно што бараше внимание 24 часа на ден.И сеуште е такво.
Денес решив малку да забавам. Да застанам пред огледалото ама онака сериозно да погледам, не само на трчање колку да видам дали сум исчешлана или да не имам остаток на мене од некоја бебешка храна.
Со денови веќе ме имаше фатено некоја меланхолија која ме убиваше однатре и не ми даваше никаков мир.
Влегов во топла бања, зедов да читам книга и останав таму два часа, како кога бев девојка. После тоа убаво се средив и се намирисав со прекрасни млека за тела, и полив цело шишенце парфем на мене.
Ја најдов најубавата облека која ја имав, се облеков, се нашминкав. Му испратив порака на сопругот дека денес сакам да бидам принцеза..

Му кажав дека:
Денес нема да готвам,
денес нема да чистам,
денес нема да го пречекам дома затоа што ќе одам малку на кафе со другарките а вечерта ке излегувам со него ( како некогаш).
Денес нашето синче ќе го чува баба и ќе му даде готова кашичка, ќе игра со него и ќе го прошета а мама му кажа дека кога утрото ќе се разбуди ке биде до него.
По не знам колку време се почувствував како принцеза. Одеднаш ме зафатија некои мисли дека е себично тоа што го направив, но премногу ми беше потребно.
Вечерта уживав во прекрасна вечера со мојот најмил со тивка музика и свеќи онака како што заслужува една принцеза.
После сето тоа се прибрав до моето синче кое слатко спиеше со најубавата насмевка на него.

Таа насмевка беше мојата круна таа вечер.

 

 

 

Ваша Pepelaska RR


Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Дали е загрижувачки што моето дете сеуште ...
Се разбира, а НЕ САКА да зборува !Ова е една од најчестите заблуди поради која родителите ја одложуваат посетата на ...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?