|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Приказна за куклата Томи...

Ирина Домби, AnnaMolly, 10.12.2010
Дневникот на AnnaMolly, Декември 2010

image
/11


Многу одамна, пред повеќе од 18 години, го добив мојот најдраг подарок, нешто што до ден денес го имам и себично го чувам – една кукла која ја крстив Томи. Тогаш имав само 7 години, но се сеќавам до ден денес на денот кога го добив Томи.

Чудно е, да. Можеби и по малку детинесто и смешно, но така е. Сите што ме знаат мене, го знаат и Томи. Уште од малечка велев дека го чувам Томи за моето дете, за и тоа да си игра со него како што си играв јас, за да го сака како што го сакав јас. Не поминала ни една ноќ а Томи да не е до мене. Го чував непосредно до мојот кревет. Кога се омажив, и Томи дојде во мојот нов дом. Го сместив во спалната, и повторно блиску до креветот.

Сега Томи повеќе не спие до мене. Спие до син ми. Будно го чува во ноќите. И додека го пишувам ова, Томи лежи до Филип. Мојот „Томи“ сега е Филип, мојата нова кукла, мојот највреден и бесценет подарок. Ништо друго не ми треба, само моето злато.

Сакавме што поскоро да имаме бебе. Точно 40 дена по свадбата, ги видов моите две цртки. Не ми се веруваше! И моето злато сакало што поскоро да ги израдува мама и тато! Ја соблеков блузата и го гледав стомакот. Го погалив, му посакав добредојде на моето бебе.

Отидов на работа. Не сакав да му кажам на маж ми по телефон. Купив еден пар бебешки чорапчиња и кога дојдов дома му реков: „Мижи и дај ми ја раката“. Му ги ставив чорапчињата во рака. „Отвори ги очите“. Ги погледна чорапчињата, ме погледна мене, па го погледна стомакот. Се фрли да ме гушне. Го избакна стомакот. Веќе бевме тројца.

Цели девет месеци го сонував моето бебе и на јаве и на сон. Ги броев деновите кога ќе го видам. Сосема бев безгрижна, немав никакви стравови и грижи. Знаев дека се' ќе биде во ред.

Знаев. Ни за момент не се посомневав во тоа. И моето мило беше безгрижно, си седеше во стомакот на мама. Буквално. Во ниеден момент не се помести, од почеток до крај седеше со газето надолу.

Се роди на 13 јуни. Мама будна го чекаше додека чичкото доктор се спремаше да го извади од стомакот. Го слушнав најубавиот звук на светот – првиот плач на моето бебе. Мое бебе!

Во тој момент знаев дека повеќе ништо нема да биде како порано. Знаев дека повеќе не постои „јас“ туку „тој“. Тој е центарот на мојот свет, тој е светлина во мојот живот. Само тој и никој друг. Во болница не го испуштив од раце. Постојано беше со мене. Три дена не спиев, не јадев, го гледав само него. Го бакнував по секој милиметар од лиценцето. Тие три дена постоевме само ние, светот беше само наш, мој и на Филип. Филип... Тоа име ми значи се. Кога ќе го изговорам, се топам. Кога ќе го погледнам, се исклучувам од се'.

Не ми треба ништо на овој свет, ни пари, ни злато. Го имам најголемото богатство. Моето злато е највредно од се'. Секој милиметар од неговото тело вреди колку сто планини злато. Секоја негова насмевка вреди повеќе од сето богатство на светов. Јас сум најбогата на цел свет. Секое утро се будам и гледам две очиња како мирно ме следат. Тоа се моите два сини дијаманти. Рачињата неуморно ги испружува кон мене и мрда со прстињата за да ме допре. Тоа се моите десет прачки злато. Како бисерна школка го отвора устето како да сака да ја бакне мама. Неговата бела и нежна кожа е понежна од најскапиот сатен. Кога мама го држи во раце, на себе носи дијаманти, злато и бисери.

Со моето најголемо богатство дојде и мојата најдлабока болка. Ме боли кога капат солзи од очињата, кога двата сини дијаманти се облеани со солзи. Го гушкам силно за да ја впијам сета негова болка. Кога мама го гушка Филип, ништо не е важно. Дали е ден или ноќ, топло или ладно. Најважно е дека мама во рацете има се' што и' треба. Тогаш часовникот престанува да отчукува, времето запира само за мене и моето злато. Себична сум. Сакам постојано да е тука, да го гледам и да го бакнувам. Сакам постојано да сум со него, во добро и лошо. Заспивам со едно око, со очилата на мене. Не ги вадам. Сакам секогаш кога навечер ќе ги отворам очите да можам веднаш да го видам прво него. Спие како ангел. Може и мама да спие.

 

Веќе е доцна. Моето ангелче мирно спие, се' е тивко. Помина уште еден ден.

Сега мама ќе оди да спие и со нетрпение ќе го чека утрото за да ја огрее најтоплото сонце.

И ќе сонувам. Ќе сонувам уште два сона. И кога тие ќе ми се исполнат ќе речам дека имам се' што сум сакала.

Еден мој сон се исполни. Мојот најголем сон. Мојот прв син. Ама постојано сонувам уште два сона и ќе кажам дека повеќе ништо не ми треба кога ќе ми се исполнат и тие  – една ќерка и уште еден син.

 

Добра ноќ, злато мое.

 

 

Ваша AnnaMolly

 

 

 

 

 

И Вие можете да го напишете својот дневник! Споделете ги со нас чувствата и искуството како е да се биде МАМА. Може да ни пишувате на различни теми поврзани со мајчинството и одгледувањето на детето. Својот дневник може да го доставите до главниот и одговорен уредник на Рингераја.мк, на е-адресата: barbara.sinadinoska@ringeraja.mk

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
6
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Прва помош при полесни повреди на игралиште
Модринки, отоци, мали гребнатинки, мали исекотини...
5
Како да го научите Вашето дете на добри вр...
Создадете основа за Вашето дете полесно да ги научи и цени добрите вредноти.
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?