|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Престанете да коментирате за моето тело!

OliviaHinebaugh, 25.3.2015
Бременоста и породувањето внесуваат многу промени во животот на жената. Вашето тело се менува. Вашето семејство добива уште еден член. Вашиот мозок се менува. Вашето срце се менува...
Клучни зборови:

image
Мајка
/11


 

Забележав дека со овие промени, се случува уште нешто: луѓето се чувствуваат слободни да го коментираат мојот изглед.

Знам. Бремените жени се убави. Има нешто толку возбудливо во жената, која е на прагот да стане мајка. Сум се нашла себеси како задоволно се смешкам кога ќе видам бремена жена или мајка со новороденче. И уживав кога задоволно ќе ми се смешкаа кога ќе ме видеа со голем стомак, или со бебе во слинг-марама.


Реакцијата е автоматска. Нешто ве тера да кажете: “Изгледаш ПРЕКРАСНО!”

Малку подобро од тоа ќе биде ако кажете: “Како се чувствуваш?”,  “Изгледаш толку среќна/смирена/возбудена”, “Времето е баш убаво за прошетка” или  “Таа маица е прекрасна”.


Јас исто така се чувствував убава и кога бев бремена. И на многу начини ми се допаѓаше кога ќе слушнев: “Изгледаш прекрасно”. Но тоа исто така не беше доволно за да опише како навистина се чувствував: Се чувствував витална, силна, среќна, но и нервозна. Го сакав мојот стомак и моите гради кои постојано растеа. Потајно ги мразев стриите кои еднаш беа розеви, еднаш со боја на кожата, а еднаш темно-виолетови.


И луѓето мислеа дека изгледам убаво. Еден член на семејството дискретно ми кажа дека задникот ми се зголемил (што реално ги повреди моите чувства, иако сакав да имам поголем задник). Но сепак, коментарите за задникот ги толкував како комплимент.


Проблемот настапува откако ќе се породите. Погледнете само како ги третираме славните мајки. Сите се чудиме како брзо ги враќаат своите тела во времето пред да останат бремени. Никој не треба да ви каже дека не е нормално да имате стомачни мускули само неколку недели по породувањето.


Мислев дека, откако ќе се породам, бидејќи не сум славна мајка, никој нема да обрнува внимание на моето тело. Секако, сите ќе бидат зафатени гледајќи во моето бебе. Но тоа не беше случај. Уште еднаш ми кажаа дека изгледам прекрасно. Еден од првите коментари на сликата која ја ставив на Facebook 12 часа по породувањето беше “гледај колку ти се намалил стомакот наеднаш!”. Ова беше од друга мајка, која исто така се породи скоро.  И тоа го прочитав како: “Се споредувам себеси со тебе, бидејќи мојот стомак остана поголем.”


И тогаш изгубив килограми за време на доењето. Малку повеќе килограми.  Мојот син не се откачи од моите гради долго време. Висеше и висеше и висеше. Јас уживав во тие денови, бидејќи секоја вечер јадев сладолед. Искрено, уживав кога ќе се погледнев во огледало бидејќи изгледав како воопшто да не сум родила.


Стигнавме и до шестиот месец по породувањето. Веќе три месеци се борев со дигестивната болест. Не можев никако да ја задржам тежината. Се вклопував во медицинската дефиниција за губење килограми од болест. Бев толку болна. Бев медицинска сестра и за себе и за бебето. Половина од времето го поминував во WC , а во останатата половина се трудев да јадам. доволно. Какво вежбање! Ја чував својата енергија за да правам доволно млеко.


И кога луѓето ќе ми речеа дека изгледам прекрасно, не знаев што да кажам. Кога ќе ме прашаа како толку брзо сум ги изгубила килограмите, сакав да им кажам: “Ах, одам во тоалет околу 15 пати на ден и гладувам.” Кога конечно ми се смачи, почнав да им кажувам на луѓето дека сум болна.


Тажно беше што слабото тело го чувствував како утешна награда. Поминав месеци од бебешкиот период на ќерка ми оставајќи ја во креветчето, за да одам во тоалет. Отидов на многу лекарски прегледи и бев далеку од неа. Но барем имав прекрасно тело. Каква иронија.


Никој не мисли да ве повреди кога ви дава комплимент за вашето тело. Но тоа боли. Вистински боли.
Како резултат на тоа, престанав да разговарам за женските тела. Ова ги вклучува и познатите. Ова ги вклучува и моите пријателки, кои навистина прекрасно изгледаат со нивните труднички стомачиња. Јас никогаш не претпоставувам дали некоја жена е бремена ако има малку поголемо стомаче. Не се осмелувам ниту да ја прашам! (Престанете и вие да го правите ова).

 

Kоментирајте за тоа колку е детето насмеано и среќно во нејзината прегратка. Колку слатка мајка е таа. Колку благородна работа прави. Или, знаете, прашајте ја како е.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Како да го промените разгаленото дете
Дали вашето дете е мало чудовиште? Ставете крај на бесот и барањата со овие наши совети.
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Не сакам на лекар!
Многу мали деца се преплашени кога ќе се спомене посета на лекар. Во прилог се неколку начини со кои ќе им помогнете да ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?