|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Престанете да го уништувате вашиот имунитет

Редакција Рингераја, 4.2.2015
Дали често сте болни? Ако сте, голема е веројатноста вашиот имунолошки систем да е ослабен. Силниот имунолошки состав е важен за превенција од болести. Не сме сите родени со јак имунитет, но постојат начини тој да се зајакне

image
/11


 

Имунолошкиот систем е тој кој ви помага да го одбраните телото од болести и состојбите предизвикани од инфекции. Исто така, имунолошкиот систем е тој кој ви помага да спречите создавање на канцерогени станици.

Проблемите со имунолошкиот систем може да предизвикаат болести и инфекции, а истиот може да ослаби од разни причини. Можеби е крајно време да престанете со некои навики.

 

Стрес

Хроничниот стрес  може да го зголеми ризикот од грипови и настинки, но и сериозни здравствени проблеми, како што се срцеви болести и дијабетес тип 2. Ако го игнорирате хроничниот стрес, ја доведувате својата здравствена состојба под голем ризик. Хроничниот стрес може да предизвика хронично високо ниво на хормонот на стрес и да го ослабне имунолошкиот систем.

 

Неправилна исхрана

Долгорочната неправилна исхрана, консумацијата на рафинирани шеќери и храни полни со пестициди и адитиви можат да го ослабнат имунолошкиот систем. Здравата прехрана е темел на здравото тело. Таа треба да содржи многу овошје, зеленчук, житарици и млечни производи. Едно истражување покажало дека способноста на белите крвни зрнца да го одбранат телото од бактерии е значително пониска 5 часа по консумацијата на 100 гр. шеќер.

 

Прекумерна консумација на алкохол

Кога алкохолот се консумира во прекумерни количини, може да ја намали способноста на клетките за уништување на бактериите. Оштетениот имунолошки систем е неизбежна последица на долгорочното прекумерно консумирање на алкохол. Накратко речено, прекумерната консумација на алкохол ќе ја зголеми зачестеноста од појава на настинки и грипови.

 

Недостаток на сон

Без соодветна количина на сон, имунолошкиот систем не добива шанса да се опорави и станува се послаб. Недостатокот на сон е тесно поврзан со намалена количина на Т клетки. Тоа се вид на бели крвни клетки кои му помагаат на телото да се одбрани од болести. Бројните истражувања покажаа дека недостатокот на сон го зголемува ризикот од појава на различни болести.

 

Дебелина

Дебелината може да го ослаби имунолошкиот систем. Може да влијае на способноста на размножување на белите крвни клетки, на производството на антитела и помошта при превенција на воспаленијата. Истражувањата покажале дека дебелеењето може да ја намали способноста на телото да ја спречи појавата на болести, но и одбрана од болеста во краток рок.

 

Недостаток на вежбање

Во текот на вежбањето се подобрува циркулацијата на крвта, а тоа го поттикнува ослободувањето на токсини од телото. Подобрената циркулација го поттикнува производството на антитела и бели крвни зрнца, кои се најважни за одбрана од инфекции. Само 20 минути пешачење дневно се потребни за вашиот имунолошки систем да ја почувствува предноста и да почне подобро да функционира.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?