|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Престанете да го правите детскиот живот перфектен

Susan Speer, 10.6.2016
Следејќи ја логиката на корпулентниот татко на базенот, спасувачот не може да спасува, учителот не може да учи, тренерот не може да тренира, а подоцна во животот ниту директорот да му директорува на таквото дете...гледате каде води сето ова, нели?
Клучни зборови:

image
/11


 

Имаше едно дете од соседството кое трчаше околу базенот. Спасувачот на базенот му кажа да не трча туку да оди. Таткото на момчето, со развиени гради, сериозен маж дојде до спасувачот и му кажа дека само тој има право да му каже на детето што да прави...

Плус му напомена дека ако сака нешто да му каже на детето, прво да му се обрати нему, а тој ќе одлучи што ќе му каже на детето и ќе одлучи во која насока да се движи разговорот.

Спасувачот остана кул (иако јас би превртувала очи) и рече  внимателно, дека негова работа е да воспостави ред на базенот и да биде сигурен дека луѓето што го користат ги почитуваат правилата, а “не трчај” е универзално правило на базен.

Таткото додаде уште неколку агресивни изјави во смисла дека не гледал ништо лошо во однесувањето на неговото дете, па спасувачот да се повлече. Сумарно, детето беше слободно да трча на базенот бидејќи татко му рече така, за*би ги правилата, никој не може да му кажува на моето дете што да прави, освен мене.

Оу, добро.

Ако јас сум единствениот кој може да им каже на моите дека што треба/не треба да прават, губам на секој можен начин, правејќи им иреална слика и комплетно нереални очекувања од светот. Исто така не смеам ниту да умрам, бидејќи што ќе прават потоа моите деца без мене. Следејќи ја логиката на корпулентниот татко на базенот, спасувачот не може да спасува, учителот не може да учи, тренерот не може да тренира, а подоцна во животот ниту директорот да му директорува на таквото дете...гледате каде води сето ова, нели?

Дали правењето перфектен живот за нашите деца е нова национална опсесија?

Не сакам да се фалам, но моето дете, кое е средношколец изгубило досега само неколку работи. Ниедна од нив толку катастрофална, но има време. Разговаравме за тоа скоро. Му кажав дека моја  работа е да бидам тука додека паѓа, бидејќи треба да научи како да губи, да се собере и да продолжи напред.

Ова е отворена порака до сите кои ги знаат моите деца: Можете да им кажете што смеат/не смеат да прават. Тоа е навистина, навистина ОК. Кажете им да не ги ставаат нозете на вашата маса. Кажете им да престанат да трчаат, да не играат со тој нож и да не ги допираат вашите работи. Всушност сега кога се веќе големи, слободно кажете им да не го јадат целиот чипс, да остават и за другите деца и да внимаваат да не го истурат пијалокот на новиот прекривач. Кои и да се правилата во вашата куќа, кажете им на моите деца да ги почитуваат. Имам себични мотиви.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Избираме најубава творба: Ели Јошеска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати учителката на Ели Јошес...
4
Кога цртежите на децата ќе "оживеат"
Telmo Pieper е холандски уметник кој со помош на Photoshop дигитално ги „оживува“ детските цртежи во реална фотографија....
4
Дејвид Бекам на татковска должност
И покрај сета слава и богатството, Дејвид Бекам е како и секој друг татко. Тој ги зема синовите од тренинг, им помага во...
4
Грижливиот татко
Поучна приказна за татковците!
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?