|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Престанете да ги решавате проблемите на децата

Редакција Рингераја, 7.11.2014
Интервенција во секоја една проблематична ситуација од страна на родителите крие ризик од тоа детето да порасне неснаодливо, со слаби општествено-социјални вештини, што ќе биде голема пречка за севкупниот развој во личен и професионален план
Клучни зборови:

image
/11


 

Сите родители чувствуваат желба да им помагаат на своите деца. Тоа можеби е најнормален инстинктивен рефлекс, кој секоја мајка и секој татко го има кон своето дете. Секое дете има проблеми - со учењето, со игрите, со пријателите, но тоа не значи секогаш овие проблеми да се решаваат од родителите

Оваа навика е исклучително штетна  за децата. Брзата реакција на возрасните и искуството им овозможува да можат да се справат со различни ситуации. Но треба да сфатат дека и детето треба да научи да вложува напор за надминување на овие ситуации и проблеми.

Инаку детето ќе се навикне на фактот  дека секогаш има некој мудрец, кој ќе интервенира и ќе ги поправи работите. Децата се уште не се навикнати да размислуваат како возрасни и да ја оценуваат помошта. Тие ја прифаќаат буквално, како здраво за готово и се навикнуваат на неа.

Преку континуирано мешање родителите им ја одземаат можноста на децата да учат да се справуваат со проблемите. Искуството е една од највредните лекции која останува меморирана  за цел живот живот и која се претвора во коректив за идните активности. Изградбата  на вредносниот систем зависи од тоа.

Како инаку децата ќе се здобијат со знаења, вештини и способности, ако не преку грешките, тешкотиите и проблемите?

Интервенција во секоја една проблематична ситуација од страна на родителите крие ризик од тоа детето да порасне неснаодливо, со слаби општествено-социјални вештини, што ќе биде голема пречка за севкупниот развој во личен и професионален план.

Децата живеат во свет во кој сите практично се "подобри" од нив во многу односи, бидејќи се постари и имаат поголемо искуство - родители, баби и дедовци, поголеми браќа и сестри. Сите тие им кажуваат што да прават со цел да им помогнат и да ги заштитат.

Наместо тоа дајте можност на децата да ги покажат своите достигнувања и способност да се справат со проблемите и пречките.

Како да дејствувате?

Повлечете се

Ставете си задача да го запрете инстиктот за  мешање во проблематични ситуации. Едноставно слушајте. Научете и да дознаете ја  верзијата на своето дете за проблемот и неговата гледна точка. Ова е можност да добиете реална слика за неговиот внатрешен свет и разбирања.

Искажете емпатија

Ако се повлечете не значи да ги игнорирате проблемите на детето и да го оставите во емоционална самотија. Напротив - покажете ја својата верба во него. Охрабрете го да презема предизвици и да не се плаши да се соочи со нив.

Поставувајте прашања

Обидете се да дознаете што планира да направи детето со настанатата ситуација. Прашајте го што мисли по прашањето и кои се вистинските одлуки според него. Така индиректно ќе му дадете насоки и родителска поддршка, без директно да го решите проблемот.

Охрабрете го

Потсетете се на минатите проблематични ситуации со кои детето се судрило и кои на крајот се надминати. Потсетете го на успесите, на тоа дека може да се справи и само да изнајде начин.

Оценете ја и прославете ја победата

Секогаш кога детето ќе успее да се справи со било каков проблем или ситуација, истакнете го тоа. Наградувајте го, но не со пари или подароци. Тоа не е дресирано  животно, туку човек кој треба да се научи да се справува со проблемите во животот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мамо, а како се создаваат децата?!
Кога се соочени со ова прашање, родителите често прибегнуваат кон одговор дека децата ги носи штркот. Ако ви е цел уште ...
3
Нашите деца растат во “all inclusive” аран...
За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле как...
3
Мамин син?!
Овие мајки несвесно се плашат дека ќе станат непотребни и бескорисни, без никаква смисла за животот, кога син им ќе пора...
3
Необични знаци дека имате надарено дете
Тие се разликуваат од останатите деца во тоа дека од рана возраст пројавуваат интерес кон науката, уметноста, покажуваат...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?