|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пресмешно: Детски кодекс на однесување

Редакција Рингераја, 28.4.2014
По темелно следење на моето дете и од разговорите со другите родители на мали деца, убеден сум дека бебињата се раководат според следниот Кодекс а однесување, кој е вграден во нивната ДНК

image
/11


 

  1. Ти си будилникот на семејството. Твоја работа е да се разбудиш секој ден пред да пукне зората.

  2. Секогаш труди се да ти пукнат панталоните откако ќе ја напуштите куќата. Најпаметно е да ги напомпаш образите колку можеш повеќе и да експлодираш, при што панталоните ќе ти пукнат и тоа кога твојот родител многу брза и има некаква важна средба.

  3. Немој да правиш ништо повеќе од две минути. Мораш постојано да се движиш. НЕ ЗАПИРАЈ!

  4. Ако сакаш да те земат во раце, спушти се на земја најниско што можеш. Ако и тоа не помага, почни да плачеш најгласно што можеш.

  5. Ако некој се обиде да ти земе нешто, научи го на лекција: прво фрли го нештото, а потоа скокни најдалеку што можеш, потоа падни на подот и почни да преташ со нозете во знак на протест, врескај и плачи најсилно, посебно ако си во јавност.

  6. Ако не ти се допаѓа храната која ќе ти ја послужат, фрли ја на земја од одвратност, потоа во твоите родители, а потоа во мачката и кучето.  За впечатокот да биде посилен размачкај ја храната во својата коса и алишта. Кога ќе ти дадат нешто за пиење, сместа истури го во лаптопот.

  7. Кога и да излезе можност, тероризирај ги миленичињата, за да знаат кој е главен.

  8. НИКОГАШ, ПА ДУРИ НИ ТОГАШ не им дозволувај на родителите да чистат. НИКОГАШ!  Ако некогаш фатат нешто од каде што си фрлил, веднаш фрли го повторно.

  9. Знај дека си под контрола ако спиеш по нивниот распоред. Ако не ти се спие, не спиј, а ако некој настојува да спиеш тогаш НЕМОЈ НИКАКО! Дај се од себе за да се измориш толку многу што ќе се претвориш  во злобно, мизерно, плачливо суштество.  Е тоа ќе им покаже кој наредува.

  10. Секогаш биди на вистинското место: биди пред  нозете на родителите додека готват, чистат, поправаат нешто, разговараат на телефон, се подготвуваат за на работа или ако прават нешто што може да им биде важно.

  11. Извади ги сите играчки од корпата пред да играш со нив. Ова важи и за книгите – фрли ги сите од полица и разгледувај  ја таа што е најдолу. Твоја работа е да правиш голем неред! Совет: за да биде интересно, никогаш не играј со истата играчка или книга, повеќе од една минута.

  12. Под никакви околности не дозволувај  промената на пелена или учењето да  вршиш нужда на нокшир да биде лесен потфат. Ако нема измет насекаде, не си успеал.

  13. Секогаш кога ќе треба да си одиш од паркот фрли ја патиката доволно далеку за да мислат  дека те киднапирале. Ако  имаш среќа, ќе останеш уште 5 минути на лизгалката.

  14. Од  моментот кога ќе проодиш, не оставај повеќе да те држат. Инсистирај да одиш сам СЕКАДЕ!

  15. Од моментот кога ќе научиш да зборуваш, НЕ ПРЕСТАНУВАЈ! Не се обесхрабрувај ако не те разбираат – што и да се случи, ти само зборувај. Не е твоја вина што луѓето се глупави и не те разбираат!

  16. СЕ НА СВЕТОТ ти припаѓа тебе! Слободно допирај, земај, криј, крши, смачкувај или комплетно уништувај. Совет: сите телефони дома се твои – сокриј ги во бањата.

  17. Твојата девиза е: “Фати ме ако можеш ти блесава будало.”

  18. “НЕ” значи ДОБРА РАБОТА! Продолжи да го изговараш.

  19. НИКОГАШ не прави нешто кога за прв пат ќе ти речат. Нека речат барем десет пати, па размисли.

  20. Последен и најважен кодекс на однесување – за секои пет минути малтретирање на родителот, братчето/сестричето или миленичето, одвој една минута на чиста љубов, за да бидеш сигурен дека целосно ти простиле.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
4
Што би променила во воспитувањето на децата?
Да можам да го вратам времето назад, сигурно како мајка би ги променила овие 9 работи!
4
Како изгледа туширањето кога имате бебе?
Во оваа комична ситуација се нашла секоја мајка, неколку пати
4
Мамичке и мене ме боли главата...
Главоболката не е резервирана само за возрасните. За жал, таа се јавува и кај децата помали од седум години
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?