|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Препораки за заштита на здравјето во лето

Министерство за здравство на Р.М, 29.6.2011
Мерките се дел од Акциониот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во РМ, со цел намалување на здравствените проблеми и смртноста предизвикани од топлотните бранови

image
/11


 

 

Министерството за здравство и оваа година подготвено ќе ги пречека летните топлотни бранови. Подготвени се сите здравствени институции за брза реакција. Летото е пред нас. Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги потсетуваат граѓаните на основни мерки за заштита од високите температури:

1. Да се избегнуваат какви било напорни активности (вклучуваќи и спорт и рекреативни активности за време на најжешкиот период на денот - од доцна наутро до доцна попладне)

2. Во текот на ваквите топли денови, останете повеќе во затворени простории, пред се климатизирани (обичните вентилатори не помагаат), а ако такви немате, поминете извесен период и во најблискиот климатизиран трговски центар.

3. Да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и  капа (светлите бои ја рефлектираат светлината).

4. Да се внесува помало количество храна, а посебно помалку мрсна храна и да се редуцира евентуалната зголемена телесна тежина.

5. Да се внесуваат големи количества течности (не чекајте да бидете жедни) почнувајќи од  обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолните пијалоци. Оние кои поради болест треба да избегнуваат повеќе течности за истото да се консултираат со матичниот лекар.

6. Да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци или консумирање на поголеми количини шеќери

7. При неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка - да се избегнува директен престој на сонце.

8. При привремено излегување од возилото  во овие услови, треба да го отворите прозорецот и да овозможите вентилација - целосно затворените возила стануваат многу жешки - и не оставајте никого во возилото.

9. Посебно внимателни по однос на овие препораки треба да бидат хроничните болни, собено оние со болести на срцевосадовиот систем, невролошките и белодробните боолести, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија и за сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултитраат својот матичен доктор.

10. Почесто во денот проверувајте - интересирајте се за  здравјето и на децата и на постарите лица во вашето семејство. 

Токму во насока на што подобра и навремена подготвеност на здравствените установи во РМ, Владата на Република Македонија, на предлог на МЗ уште во февруари оваа година го усвои Акционениот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во Република Македонија, а основна цел што треба да се постигне со донесувањето на овој план е да се намалат здравствените проблеми и смртноста предизвикани од топлотните бранови. Планот опфаќа однапред утврдени активности кои ќе се спроведуваат од страна на Министерството за здравство и други институции. Целта на планот е да се овозможи мултисекторски пристап во одговорот на влијанијата на екстремно топлото време, преку навремени акции од страна на сите институции наведени како одговорни во рамките на планот. 

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, ја известуваат јавноста дека во согласност со Планот се препорачуваат мерки за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените  или на планините според висината на температурите изразена во 4 нивоа: зелено ниво (нема опасност), жолто ново (вонредни мерки), портокалово ниво (опасност) и црвено ниво (катастрофални температури). Системот се базира на 48 часовно предупредување, согласно информациите добиени од Управата за хидрометеоролошки работи и се однесува на 6 региони во државата. Информациите секојдневни ќе се дистрибуираат на интернет страната www.toplotnibranovi.mk, а граѓаните информациите можат да ги добиваат и на SOS БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН на Црвениот Крст на РМ- 02/ 32 21 902 (од 10-18 h). 

 Во делот на директната изложеност на сонце и влијанието на UV зраците, потребно е да се знае дека треба задолжителна заштита од UV зраците со носење капа, очила за сонце, користење креми за сончање со висок заштитен фактор 50 и повеќе  и носење лесна, светла и удобна облека. Не треба да се дозволи да се изгори од сонцето, затоа што кожата памети и со годините се зголемува ризикот за рак на кожа.  

Како споредни и секундарни можни болести и заболувања предизвикани од топлото време или други можни ризици по здравјето во услови на високи темепратури, се труењата со храна и појавата на цревни заразни заболувања. Треба да се внимава на следниве препораки кои гарантираат намалување на ризикот од небезбедна храна:

  • Одр?увајте ја чистотата;
  • Одделете ја сировата од подготвената храна;
  • Подготвувајте (варете) ја храната добро - над 70 степени;
  • Чувајте ја храната на безбедни температури во фрижидер;

·         Користете безбедна вода и све?и продукти со  задолжително миење на земјоделските - градинарски прозиводи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба. ·         Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3
Готвач за бебе
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци
3
Готвач за бебе
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?