|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прекин на доењето - II дел

Редакција Рингераја, 13.1.2011
Одбивањето е дел од природниот тек на доењето и една од многуте стапки во растењето на детето и одделувањето од Вас. Слатко-горчливата тага која ја чувствувате е само дел од работите кои не прават мајки...

image
/11


 

 

Прв чекор

Намалување на зачестеноста на доење. Мајките некогаш несвесно почнуваат да ја намалуваат фреквенцијата на доење кај децата. Тоа е еден од начините да го стимулирате одбивањето.

-          Стратегијата “Не нудам-не одбивам” е изненадувачки ефикасна. Воздржете се од понудување, кога детето не бара само. Тоа го намалува бројот на подои на половина.

-          Одложување – поголемите деца обично се согласуваат да почекаат неколку минути, ако им објасните дека морате нешто да завршите. Во тоа време можете да му предложите друга интересна активност на детето.

-          Одвлекување на вниманието – потребна Ви е извесна креативност, бидејќи децата често бараат да цицаат кога им е досадно. Во овој случај може да помогне некоја омилена играчка на детето. Одвлекувањето на вниманието најмногу успева кога сте надвор, каде можете да го наведете детето на некоја поинтересна активност.

-          Замена – понекогаш наместо доење може да му понудите на детето да Ве гушне или да Ви легне на градите

-          Ограничувања – Многу мајки на големи доенчиња не се чувствуваат удобно да дојат надвор и често тоа се првите ограничувања кои се наметнуваат, а кои детето ги разбира и прифаќа. Овој начин можете да го користите и во други ситуации, како на пример:

1.      Ограничете го доењето само навечер

2.      Намалете го времетраењето на доењето – “Можеш да цицаш додека ја испееме песничката, а потоа ќе се гушкаме”

3.      Бидете постојано во движење. Ако седнете да се одморите, тоа значи покана за цицање. Добро е да ги избегнувате омилените места на детето за доење, кога ќе се одморате.

 

Втор чекор – храна и течности

Доењето обезбедува значителен дел од дневната побарувачка на хранливи материи и течности, во втората и третата година на детето. Според истражувањата децата меѓу 1 и 2 годишна возраст покриваат околу 30% од дневните потреби со мајчиното млеко бидејќи цицаат околу 450 мл млеко како додаток на исхраната.

Ограничувањето на доењето значи дека треба да се покријат овие потреби на детето со алтернативен начин. Бидејќи дојката сеуште има предност како извор на енергија, децата посегнуваат по неа кога се гладни и жедни.

Ако имате можност, неколку дена следете го детето кога сака да цица. Мајките доилки несвесно се потпираат на дојката за сите потреби и понекогаш забораваат да понудат течности доволно често.

Понудете му на детето пијалак или примамлив оброк, пред да се сети да цица. Ако во моментот кога ќе побара да цица му понудите нешто друго , можно е да се налути и да одбие. Кога ќе се сети за цицање, детето веќе е многу гладно или жедно, а таа состојба го прави раздразливо и затворено кон нови алтернативи. Затоа е многу важно да го набљудувате детето. Кога ќе  го забележите дека кенка и губи интерес кон играта, тогаш е момент да му понудите вода, сок, овошје, леб или бисквита. Важно е храната да е погодна за да се храни само.

 

Трет чекор - заспивање

Овој чекор во одбивањето создава најголеми потешкотии бидејќи и Вие сте истоштени и трпението навечер Ви е при крај. Умореното дете си го бара омилениот начин на заспивање и се спротивствавува ако се промени вообичаената рутина. Повеќето деца продолжуваат да се разбудуваат и по неколку пати во текот на ноќта, до две годишна возраст.

Макар што најчестата причина за ноќното будење е никнувањето на забите па децата се будат, доењето продолжува да ја игра улогата за полесен премин во длабок сон. Овие нешта може да се променат, но потребно е разбирање и трпение додека да се изградат нови начини за заспивање.

Најдобро е децата да бидат подготвени за тоа што ги очекува. Родителите, на мирен начин треба да му објаснат на детето дека градите ноќе треба да спијат за да има убаво млеко изутрината. Овој подготвителен чекор може да се повторува неколку денови додека не утврдите  дека детето почнува да разбира и повторува по Вас. Можете да воведете и нов ритуал, детето да им кажува “добра ноќ” на градите на негов начин.

За полесно одбивање од ноќното доење важно е да се минимизираат работите кои дополнително ја стимулираат желбата за цицање. Еден лесен начин е да направите растојание меѓу Вас и детето. Можете да го преместите во неговото креветче, ако спие со Вас. Некои мајки практикуваат да го остават таткото да спие до детето, за да не е во непосредна близина на мајката. Исто така можете да го приспивате на различни начини, галење, тапкање по газето, држење за рака, пеење, кои детето ќе почне да ги поврзува со заспивање. Кај поголемите деца одложувањето на цицањето може да заврши работа и можно е детето да заборави и да заспие.

Следен  чекор е да ги разделите заспивањето и цицањето. Бебето нека заспие на друг начин, откако ќе го надоите. Татковците можат да бидат од голема помош и да го преземат приспивањето навечер, откако детето се нацицало.

Дневните приспивања често не создаваат големи проблеми, бидејќи во текот на денот се случува мајката да не е дома, и детето се навикнува да заспива на друг начин. Дневното приспивање најчесто е задача на бабата, или бебиситерката, а некои деца, кои се во детски јасли или градинка, заспиваат сами. Ако Вашата ситуација е таква што сте по цел ден сами со детето и нема кој да Ви помогне, пријатен начин е детето да го заспивате надвор во количка. На тој начин се избегнува доењето за заспивање.

Кај поголемите деца можете да ги користите истите начини кои Ви помагаат во текот на ноќта - истите утешни звуци, и допири и истите ритуали на приспивање во затемнета соба, без забава и многу трпение.

 

Одбивање и разболување

Нормално е да се грижите како одбивањето ќе влијае на здравјето на детето. Со доењето се зајакнува имунолошкиот систем на детето, без оглед на неговата возраст. При постепеното одбивање од доење, мајчиното млеко претрпува промени. Поради намалувањето на количината на млеко, во него се концентрираат поголеми количини заштитни антитела.

Може да се случи детето да се разболи, додека правите обиди за одбивање. Обично тоа води до продолжување на доењето според потребите на детето, додека боледува. Тоа не треба да Ве обесхрабри , откако детето ќе оздрави повторно ќе се вратите на претходниот план.

 

Вашите емоции

Одлуката за одбивање неизбежно е придружена со различни, често спротивствавени емоции и  може да се доживува многу различно.

Можно е околностите да наложат предвремено одбивање на бебето и тоа предизвикува тага, чувство на загуба и незадоволство. Ако не сте психички подготвени за одбивање, може да чувствувате вина и разочарување.

Одбивањето обично оди со променлив успех, ќе има денови кога целта ќе Ви изгледа сосема блиска. Во другите денови ќе Ви се чини како да имате новороденче и во никој случај нема да успеете да го одложите, а не да го избегнете доењето. Болеста на детето или ненадејната промена на ситуацијата (патување, промена на живеалиште...) може повремено да Ве вратат неколку чекори назад. Кога знаете дека овие моменти се нормални и очекувани, ќе Ви биде полесно да се држите до својот план и упорно и трпеливо да чекорите напред.

Одбивањето е дел од природниот тек на доењето и една од многуте стапки во растењето на детето и одделувањето од Вас. Слатко-горчливата тага која ја чувствувате е само дел од работите кои не прават мајки...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Совети за правилно подготвување на бебешка...
Бебешката храна подготвена дома е најдобрата опција за исхрана на бебето. Најлесен начин да приготвите кашичка за бебето...
5
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Рецепти за првиот оброк на бебето. Од каде...
И покрај тоа што е традиција во нашите региони, додатоците во исхраната да започнуваат со овошје, словенечките автори на...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?