Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Не е невообичаено ако детето одбива да биде со баба и дедо, или со бебиситерката, со која е навикнато.
Таквото однесување на детето ќе предизвика кај Вас чувство на вина (што е апсолутно неосновано) и може да Ве натера да размислувате дали методот на воспитување Ви е погрешен.
Преголема приврзаност кон мама. Што е тоа?
Оваа преголема приврзаност кон мама се должи на стравот на малото дете од разделба и претставува нормална фаза од неговиот развој, која постепено ќе исчезне, додека детето расте. Во овој период детето постојано сака да биде со својата мајка и многу се растревожува кога таа ќе се оддалечи од него: чувствува неизвесност, страв, тага, а понекогаш и бес. Плачот, вревата и каприциозноста се неговите начини да ги покаже своите чувства и емоции. Оваа “манија” за мама не се појавува одеднаш и не трае кратко, ниту пак може да исчезне за еден ден. Покрај тоа, таа се појавува заради голем број фактори. Оваа приврзаност постепено ќе почне да исчезнува кога следните фактори ќе ја изгубат својата важност:
- На околу година, мајката за детето претставува безбедност во тешки моменти, кога детето е изморено или бесно. На оваа возраст детето е многу зависно од мајка си па затоа е време да почнеме да му даваме поголема самостојност, на пример: - кога трча во паркот, не трчајте постојано по него повторувајќи му “внимавај да не паднеш” и “не оддалечувај се од мене бидејќи ќе те земе лошиот чичко”.
- Исто така знаеме дека децата го сакаат секојдневниот режим, на кој се навикнати. Во оваа етапа од животот, детето стравува од нови нешта. Кога детето е на околу година, неговата мајка е постојано околу него и кога ќе исчезне дури и за миг, детето се чувствува изгубено. Не е лошо, уште од сосема мала возраст, детето да се навикнува на присуството на многу луѓе, за да не биде мајката единствениот човек со кој контактира и кој го гледа по цел ден.
- На околу година, детето сеуште не ги сфаќа категориите простор и време, па кога ќе ја изгуби мајка си со поглед (отишла во другата соба) тогаш мисли дека заминала.
За да исчезне со време оваа болна приврзаност на детето кон вас, од суштинска важност е да ја стимулирате неговата независност. Независноста на едно дете се гради тогаш кога тоа се чувствува доволно сигурно и заштитено. За да се чувствува сигурно детето има потреба од љубов, која му ја докажуваме секој ден.
Еве неколку совети како да му помогнете на детето да ја надмине оваа претерана зависност:
- Трпение и насмевка. Важно е детето да не Ве гледа загрижени и лути. Треба многу добро да се владеете пред него, бидејќи тоа ќе предизвика спротивен ефект – ќе се чувствува уште понесигурно и ќе ја зголеми зависноста кон Вас.
- Предлагајте му на детето начини да ја поттикнува самостојноста. Давајте му ситни задачи кои би биле лесни за него и кои може да ги направи без Ваша помош.
- Кога ќе излегувате, секогаш збогувајте се со него, никогаш не излегувајте без да го направите тоа. Кога треба да излезете, секогаш објаснете му на детето каде одите и кога ќе се вратите. Не се извлекувајте од дома без да Ве види бидејќи ќе се чувствува повредено и измамено од Вас. Иако детето сеуште не разбира добро, ќе го смири тонот и начинот на кој му објаснувате.
- Не менувајте многу луѓе кои ќе се грижат за детето, додека Ве нема. Оставете го секогаш во ист човек, најдобро некој кој го гледа често. Местото каде што го оставате, исто така не е без значење – детето најдобро би се чувствувало дома, таму ќе му биде многу посигурно, отколку во нова и непозната средина.
- Правете ги работите постепено. Малку по малку зголемувајте го времето во кое сте разделени. Ќе видите дека многу скоро детето ќе се навикнува на Вашите излегувања и ќе се чувствува спокојно бидејќи знае дека ќе се вратите.
Колку повеќе детето расте и колку повеќе добива соодветни стимулации, толку ќе се чувствува посамоуверено, а тоа ќе Ви помогне и Вам да ја извојувате својата независност.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?