Anonimen во 13:33
на тема Ниска Плацена
Pregnazon® Complete е идеална формулација за обезбедување на сите неопходни витамини и минерали заедно со DHA и EPA богата Омега-3 за оптимален развој на мозокот и очите. Посебно формулиран и внимателно избалансиран да обезбеди препорачана дневна доза на фолна киселина и витамин Д, заедно со уште 19 други корисни хранливи материи кои нудат оптимална поддршка на исхраната за сите фази на бременоста и во почетокот на мајчинството.
Pregnazon® Complete е идеален додаток пред забременувањето, во текот на бременоста и доењето.
За кого се наменети капсулите Pregnazon® Complete?
Pregnazon® Complete може да бидат од корист за:
Жените кои се подготвуваат за бременост
Жените кои се веќе бремени (во која било фаза на 40 неделниот период на бременост)
Жените кои штотуку се породиле (леунки)
Жените кои дојат (доилки)
Што се капсулите Pregnazon® Complete?
Планирањето на бременоста, самата бременост и доењето се најсложените периоди во поглед на исхраната на жената. Pregnazon® Complete е идеална формулација за обезбедување на сите неопходни витамини и минерали заедно со DHA и EPA богата Омега-3 за оптимален развој на мозокот и очите. Специјално формулиран и внимателно избалансиран да обезбеди препорачана дневна доза на фолна киселина и витамин Д, заедно со уште 19 други корисни хранливи состојки, кои нудат оптимална поддршка на исхраната за сите фази на бременоста и во почетокот на мајчинството. Pregnazon® Complete е идеален додаток пред забременувањето, во текот на бременоста и доењето.
Телото на жената минува низ многу промени во текот на деветте месеци од бременоста, а развивањето на бебето со себе носи зголемени барања во поглед на исхраната. Изборот на добро избалансирана и разновидна исхрана, која вклучува свежо овошје и зеленчук, цели зрна и риба е препорачлив за здрава бременост, но ваквиот начин на исхрана не е секогаш лесно да се следи. Да се ??биде во форма и што е можно поздрав драстично ги зголемува шансите за непречена бременост и здраво бебе, и затоа е добро да се земаат додатоци на исхраната.
Важноста на Омега 3 во текот на бременоста е веќе добро документирана. Тоа, всушност, игра клучна улога во развојот и растењето на вашето бебе, уште додека се наоѓа во матката. Омега 3 помага за изградба на мозокот, формирањето на мрежниците од очите и воопшто развој на нервниот систем на детето. Омега 3 исто така е неопходно за општото здравје и благосостојба во текот на бременоста. Фолната киселина или витаминот Б9 е од суштинско значење за секој процес во телото кој бара делба на клетките и затоа е клучно значење за формирањето на ДНК и РНК што гарантира дека клетките се делат нормално. Тоа е особено важно за развој на здрав фетус и помага за производство на клучните биолошки хемикалии во мозокот и нервниот систем. Соодветна доза на фолна киселина во периодот на зачнување и во текот на првите месеци од бременоста се верува дека во голема мера да го намали ризикот од дефекти при раѓање. Витаминот Б12 е друг витамин кој е од суштинско значење за клеточната репликација и е особено важен за производство на црвените крвни клетки. Витаминот Б6 е една хранлива состојка која е вклучена во веројатно повеќе телесни функции од кој и да било друг витамин. Најглавно, вклучен е во формирањето на црвените крвни зрнца, помага клетките да создадат протеини, производството на мозочни хемикалии и ослободување на складираната енергија во клетките. Бремените жени дополнително произведуваат крв за снабдување на фетусот, па заради тоа соодветен внес на железо е од клучно значење. Цинкот обезбедува здрав раст на клетките и правилен развој на бебето. Витамин Д, Калциум, Магнезиум и Бакар помагаат во формирањето на коските и забите. Витаминот Ц е од суштинско значење за раст и поправка на ткивата, додека Витаминот Е е важен за одржување на мембранскиот интегритет на сите клетки во телото. Конечно, другите Б витамини промовираат ослободување на енергија од храната и обезбедуваат здрав развој на нервниот систем.
Кога треба да се земаат капсулите Pregnazon® Complete?
Капсулите Pregnazon® Complete треба да се земаат како пре и постнатален витаминско-минерален додаток на исхраната. Идеално се земаат уште пред зачнувањето па се до крајот на доењето. Започнете со земање на капсулите Pregnazon® Complete уште пред зачнувањето (ако е можно), бидејќи се богати со Фолна киселина, Железо, Витамин Б12 и Цинк. Продолжете во текот на бременоста и доењето за да овозможите снабдување со дополнителни нутриенти потребни за мајката и бебето кое расте.
Препорачана дневна доза
Две капсули дневно со главниот оброк. Не ја пречекорувајте препорачаната дневна доза освен ако поинаку не ве советувало соодветно квалификувано лице. Pregnazon® Complete по можност треба да се земаат на полн стомак.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Највисоко ниво на хигиена за вашето семејство и дом
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално ...
Кејт Мидлтон објави дека има канцер
Принцезата од Велс (42) храбро објави дека се бори со болеста и оди на...
Детскиот хирург Симеонов доби син
Трето, па машко. Добредојде Миха. Ти ќе бидеш нашиот херој, напиша поз...
Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мај...
Природен избор за мирен сон на вашите малечки
Нема ништо поскапоцено од мирен сон за нашите најмaли, кој е основа за...
Што да дознаете.
пеперутка16
Кога би носеле тројки, што би направиле?