|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Предновогодишна средба кај Анушка

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Се започна спонтано од еден обичен пост да се собереме пред Нова Година некаде да се видиме на кафе.

image
/251


Почнавме со предлози кој ден, во колку часот и одеднаш не пречека пост од Анушка која во свој оригинален стил не покани да се собереме кај неа. И нормално на одредени членови им беше непријатно бидејќи не се познаваме, но сите тука сме познаници од рр, па тоа не беше доволно оправдување за да им дозволиме да отстапат од желбата за дружење. Почнавме полека да се пријавуваме, списокот растеше, а со тоа и нетрпението што побрзо да дојде тој понеделник 28.12.2009 и 18 часот. Интересен беше коментарот на Анушка дека добро сме погодиле термин понеделник, бидејќи во вторник и доаѓа жена за чистење, ако беше дружењето во среда немаше да не покани. Таква е Анушка наша - оригинална и духовита секогаш, но со огромно срце исполнето со љубов и разбирање.

Конечно го дочекавме и тој ден, во 17.50 бевме договорени пред Лукоил бензинската во Аеродром. Се собравме јас (Еца), Ива, Мами, Мис, Мамичка3, Ики82 и тргнавме бидејќи некои имаа јавено дека ќе доцнат. И додека Мами не води прва и ѕвони мобилниот...  стигнаа и останатите. Нас ни го покажа влезот, а таа се врати по Мила на мама, Еника, Лилит и Цацко. И така ние се качивме на трети кат, ѕвониме на врата, а никој не отвора. Жени ко жени се смееме, се шегуваме и ни се јавува Анушка дека сме во погрешен влез. Затоа повторно назад кон правата локација – станот на Анушка.

Само што влеговме бевме пријатно изненадени со подароци од нашата Анушка која на се мислела, па подготвила на сите картичка со својот ник од Рингераја, мало огледалеце и пенкало. Идејата со картичките беше навистина супер идеја, па така се избегна она потпрашување која е која. Уште на старт успеа да не воодушеви со овој нејзин гест. Полека се сместивме, Еника го извади својот колач, кој мора да го пофалам, а Мамичка3 правела затворени пици од кои не остана ниту една и така започна дружбата во весело и убаво расположение. Нешто подоцна стигна и Професорица.

Нормално дружењето беше проследено со здравица за почести дружби и уште повеќе убави моменти поминати на нашата Рингераја, како и желба за се повеќе нови пријателства.

А бидејќи мојата Мила беше со нас на дружбата, постојано имаше некој да ја дружи, но некако Еника најчесто беше покрај неа, па нормално мора да се подучува.

И секако на оваа убава дружба разработивме многу интересни теми, се смеевме и се забавувавме. Некои од нас беа повеќе зборлести, како што заклучија повеќето, тоа беа Еника и Цацко кои го држеа главниот збор и срамежливи, како Професорица (што сите не изненади), Лилит и Ики82 кои за прв пат се запознаа со некои од нас. Нормално на сите ни беше криво што не се собравме во поглем број и што немаше рингерајки и од другите градови. Ве спомнавме сите бидејќи секој од нас и дава по малку душа на нашата Рингераја.

На заминување Анушка се пошегува дека сме заборавиле да коментираме една многу актуелна тема – свекрвите. Е по ова можете да заклучите дека многу поинтересни и позабавни теми имавме од домашните проблеми. Сите си заминавме полни со позитивна енергија, расположени и задоволни од предновогодишната средба кај Анушка.

До следната средба Ви посакувам пријатно дружење на Рингераја.

Предноводишната средба на РР форумот!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
2
Рингераја времеплов
По што ќе ја паметиме годината која изминува?
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?