Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Во последно време во развиените земји е присутен трендот жените да раѓаат подоцна. Многу жени се одлучуваат да почекаат до 30, пред да станат мајки. Тие сакаат да се надоградуваат професионално, да се едуцираат, да живеат повеќе години "слободни". Се разбира, во тоа нема ништо лошо, дури напротив - тој избор е придружуван од многу позитиви.
Предности, сепак можат да се најдат и во одлуката на жените да бидат млади мајки. Во млади мајки се вбројуваат жените кои раѓаат во почетокот или кон средината на 20-те години. Нивниот избор има голем број на предности, од кои дел се:
1. Нема да се загрижени за својот "биолошки часовник"
Многу жени кои го одложуваат забременувањето, се загрижени поради својот биолошки часовник. Ако една жена роди на 30 години, на пример, тоа не може да го одложи премногу долго, во случај дека сака да има второ дете. Ако пак една жена одлучи да роди на 24 години, таа спокојно може да почека до 30 години за второ дете.
2. Имаат повеќе енергија
Помладиот организам дефинитивно е во предност. 20-годишните мајки полесно можат да се справат со стресот од ненаспаност и одгледувањето на дете, бидејќи нивното тело се справува полесно со овие проблеми.
3. Полесно се справуваат со хаосот на мајчинството
Појавата на бебе дефинитивно го менува животот на човекот засекогаш, а младите мајки полесно прифаќаат хаосот кој доаѓа заедно со мајчинството.
4. Имаат млади и активни родители
Ако бабите и дедовците се уште млади и во добра здравствена состојба, тие многу повеќе би помагале во одгледувањето на детето. Ваквата помош никако не е без значење, бидејќи жената има потреба од физичка поддршка при појавата на бебе.
5. Можат да го сменат текот на својата кариера
Но не и да ја уништат. Ако жената одлучи да роди дете откако ќе заврши со студиите, ќе има доволно време да размисли со што точно сака да се занимава потоа. Познато е дека дипломата не е гаранција за работа и дека многу луѓе работат нешто сосема различно од она што имаат завршено. Еднаш откако жената ќе роди помлада, ќе има шанса да се развива професионално во иднина, без да и 'се наметнува да прави паузи во екот на својата кариера.
6. Се враќаат во форма полесно и побрзо
Помладото тело има поцврст метаболизам и во повеќето случаи последиците од претходната бременост исчезнуваат побрзо.
7. Бременоста им е помалку ризична
Жените се најмногу плодни во 20-те години. Исто така, тогаш ризикот од спонтан абортус или бебе со вроден дефект е многу помал.
8. Имаат повеќе време за одлука за второ и трето дете
Кога жената ќе роди помлада, таа има слобода да избере дали нејзиното дете ќе има братче / сестриче со поголема или помала разлика. Исто така може да одлучи да има и повеќе од две деца.
9. Имаат шанса да бидат поблиски со детето
Кога жената ќе роди помлада, разликата во годините со детето нема да биде толку голема. На овој начин се зголемува шансата мајката да биде блиска пријателка со нејзиното дете.
А сепак - нема совршено време за тоа кога треба да родите. Секој избор има свои позитивни и негативни страни. Најважно е вие да се чувствувате во хармонија со својата одлука и да умеете да уживате во секој миг од животот кој сте избрале да го живеете.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?