|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прашавме доктор: Кравјо млеко

Редакција Рингераја, 15.12.2010
Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со стручни лица кои ќе одговараат на најчестите проблеми на нашите корисници.

image
/11


 

Редакција Рингераја :

Кога се воведува кравјото млеко во исхраната?


Одговор: Прим.д-р Јасна Анастасовска, Ремедика

Воведување на  неразредено кравјо млеко(тетрапак) во исхрана на детето, се препорачува после навршена една година. Во новороденчкиот и доенечкиот период , доколку мајката нема доволно млеко за доење, се препорачуваат  млечните формули, кои претставуваат адаптирано кравјо млеко, кое по својот состав  е приближено до својствата на  хуманото млеко.

 

Редакција Рингераја :

Кои се штетните дејства и негативните страни на кравјото млеко?

 

Одговор: Прим.д-р Јасна Анастасовска, Ремедика

Природата се погрижила  да составот и карактеристиките на мајчиното млеко биде идеална храна за секој вид. Така , хуманото млеко претставува најдобар избор за растот и развојот на бебето. Кравјото млеко  содржи одредени белковини (казеин) и  масни киселини( бутерна)  кои го прават кравјото млеко тешко сварливо  и искористливо. Поради тоа  се создаваат и микролезии , со микрокрварења  во желудечната слузница, што води до развој на анемија кај бебето. Поради врзување на калциумот за масните киселини од млекото ,во цревото, кравјото млеко потенцира развој на рахит кај детето( рахитогено дејство). Поголемата  концентрација на солите во кравјото млеко ги оптоварува незрелите бубрези кај бебињата. Ова се само најбитните негативни ефекти од употребата на кравјото млеко во исхрана на децата  под 1 година  .

 

Редакција Рингераја :

Како да реагираме доколку нашето бебе има алергија на храна?


Одговор: Прим.д-р Јасна Анастасовска, Ремедика

Во првата година од животот , алергија на храна е најчест тип алергија. На прво место избива алергија на кравјото млеко (која може да се појави и доколку бебето е на доење, а мајката конзумира кравјо млеко). Можна е појава и алергија на други нутритиенти,особено доколку се рано внесени (портокал, киви, јајцето, какако, чоколадо, кики-рики,смоки,  се силни алергени)

Основно правило е да се прекине внесот  на храната на која се сомневаме дека е предизвикала алергијата и да се направат одредени тестови ( ИгЕ, алерготестови) за докажувањето на причинителот. Познато е дека со растење и зреење на дигестивниот систем, се намалува  рано пројавената нутритивна(на храна) алергија.

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебе кое има три мајки!
Овие четворица луѓе кои со толкава љубов гледаат во ова мало бебенце, помогнаа таа да дојде на свет. Прочитајте како...
5
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Водич за спиење на бебиња | Што да очекувате?
Спиењето на бебето може да биде предизвик за новите родители. Додадете ја исцрпеноста од раѓањето и грижата за постарите...
4
Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?