Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
За што се работи?
Дали ова го објаснува фактот што многу парови кои одат на одмор во некој од тропските краеви се враќаат чекајќи бебе? По истражувањата на научник од Австрија плодноста кај мажите и жените може да се зголеми благодарение на витаминот Д, кој се произведува при изложување на сончева светлина. Но колку реално ги зголемува шансите за плодност? Научниците откриле дека кај жените одржувањето на адекватната количина на витамин Д помага во регулацијата на рамнотежата на половите хормони и ја регулира овулацијата, подигнувајќи го нивото на прогестерон и естроген. Мажите кои имале ниско ниво на витамин Д, по земањето на негови додатоци го зголемиле бројот на сперматозоиди, квалитетот на спермата и нивото на тестостерон.
И тоа не е се! Витаминот Д е можеби причина што во некои од северните земји полесно е да се забремени за време на летните месеци. Во истражувањето во кое учествувале 2300 мажи од земјите на северна Европа е утврдено дека нивото на тестостерон е највисоко во текот на летните месеци, а најниско во текот на месец март, непосредно по завршувањето на зимата. Исто така жените помалку овулираат во текот на зимските месеци, намалувајќи ги своите шанси за зачнување.
Сонцето е корисно и здраво, но истражувачите потсетуваат дека паровите кои испробуваат се што можат за да остварат бременост не треба претерано да се изложуваат на сонце, заради неговото штетно влијание на кожата. Покрај изложувањето на сонце секогаш можете да земате додатоци на витамин Д во исхраната, или да консумирате храна која го содржи.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да создадете семејни традиции?
Семејните традиции се мали, но значајни ритуали кои го поврзуваат семе...
Како децата да го засакаат зеленчукот?
Многу родители се соочуваат со истиот предизвик како да го натераат де...
Доењето е една од најубавите работи за поврзување, природен и прекрасе...
Пролетни алергии кај деца. Како да се справите?
Со доаѓањето на пролетта природата се буди, но за многу деца ова е и п...
Неколку интересни факти за спермата
Спермата е тема што често се поврзува исклучиво со плодноста, но зад н...