|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Потресно писмо на мајка која го изгубила синот

Редакција Рингераја, 19.7.2016
Чувајте ги цврсто, секогаш. Гледајте ги како јадат, како играат, влезете во нивниот свет. Чиниите и понатаму ќе бидат таму... Ова се само некои совети од мајка на која и се срушил светот
Клучни зборови:

image
/11


 

Ешли Грим го изгубила синот во сообраќајна несреќа. Таа возела. Секогаш внимавала. Но во таа секунда се отишло во неповрат. Собрала сила и им напишала писмо на сите родители. Ви го пренесуваме во целост.

Како што некои од вас знаат, го доживеав најголемиот страв кој го има секоја мајка. Го изгубив синот во ужасна сообраќајна несреќа. Излегов од бензинската пумпа, ги проверив сите каиши и почнав да возам по планинскиот пат кон нашата куќа.

Мојот син беше познат по тоа што ќе направеше се за да се одврзи во автомобил. Се обидовме со појаси за врзување на пет точки, седиште, дури едно време имавме и каиш со патент затворач. Тој секогаш го гледаше тоа како предизвик за суперхерои. Тој и беше суперхерој бидејќи секој пат му успеваше да се одврзе. Во просек, застанував три до четири пати за повторно добро да го закопчам.

Возевме само пет минути кога голема карпа почна да се тркала во нашата лента за возење. Имав три опции: или да се обидам да ја избегнам карпата, да преминам во другата лента на полна линија, да ризикувам да паднам во опасната провалија, или  да удрам и да ја сронам карпата. Ја избрав карпата. Избрав погрешно.

И да. Тој веќе се откопчал заедно со својот осумгодишен брат. Карпата удри во осовината и не отфрли на работ на провалијата. Нашето комбе се преврти и мојот син почина на лице место. Нашите животи се распаднаа во тој момент.

Мојот син кој беше моја гордост и моја радост, сурово ми е земен во дел од секунда. Се сеќавам дека бев згмечена меѓу воланот и три тона метал од комбето. Имаше крв насекаде. Се борев да се извлечам а потоа се онесвестив. Кога се разбудив го откопчував бебето од седиштето и се обидував да го извлечам секое дете од комбето (петте мои деца беа со мене).

Кога дојдов до Титус се обидов со сета сила да го подигнам комбето од неговото тело. Мојот осумгодишен син ми помагаше. Можев да го видам само долниот дел од неговото тело.  Кога го извлеков, видов дека починал на лице место.

Тоа што следеше ми е во магла. Одбив лечење од Брзата помош која дојде, додека не ми дозволат да го држам својот син.

Сите мои деца беа пренесени во болница. Бев неутешна од шок. Поминаа неколку денови пред да видам се на Facebook.  Читателите најсурово коментираа каква мајка сум. Како сум го заслужила тоа. Како треба да ми се одземат децата. сакав да ги удрам, да ги протресам. Да им кажам колку бевме блиску, колку само се трудев да бидат безбедни. да им кажам дека имавме посебен бакнеж за добра ноќ и излегување во McDonalds секој викенд.

Сакав да кажам гласно дека син ми ми велеше дека сум најдобра мајка на светот. Дека ми правеше лего бродови, спиеше во мојот кревет, додека се држевме со испреплетени прсти.

Но секако никој не би ме слушнал. Почувствував дека морам да го напишам ова писмо до сите мајки: Чувајте ги вашите деца, силно прегрнете ги и чувајте ги. Тоа е се што сакам да му кажам на светот.

Јас не сум тоа што бев. Смртта и загубата го изменуваат човека одвнатре.

Го држев својот мртов син насред улица, го нишав и вриштев, но Бог не ми го врати.

Бирав гробно место и планирав да се фрлам во истата провалија за да бидам со него.

Купив одело на суперхерој за 200 долари за него.

Спиев на гробишта за уште еднаш да спијам со него.

Сакам да ви го кажам ова:

-          Можеби не е толку важно да ја изедат целата брокула како што мислиме. Гледајте како јадат и обидете се да ги сфатите нивните чувства кон храната. Дозволете им да јадат сладолед, иако не го изеле зеленчукот.

-          Влезете во нивниот свет. Научете да играте Xbox со нив.Дозволете им да веруваат дека навистина се капетан Америка или кралицата Елса.

-          Прифатете ја секоја прегратка и секој бакнеж. Дури и 25-та по ред.

-          Застанете и гледајте го заоѓањето на сонцето заедно.

-          Кажете им дека ги сакате.

-          Никогаш не ги осудувајте другите мајки. Ние не ја знаеме целата приказна. Не ја знаеме. Едноставно не ја знаеме.

-          Одете веднаш да го прегрнете вашето дете. Потонете во неговиот мирис, погледнете го невиниот сјај во нивните очи. Запомнете го чувството на нивната глава на вашето рамо, нивната рака во вашата, нивните бакнежи. Земете ги во прегратка уште еднаш.

 

мајки, чувајте ги вашите деца. Благословени сте што ви се доверени такви оригинални, убави мали битија.

 

Од срце до вашето срце.

Ешли

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да ја прекинете навиката за цицање на...
Нема ништо послатко од мало бебенце што го цица своето палче пред заспивање. Но, цицањето на палецот кај некои деца прод...
4
Ведрана Рудан со поддршка на Северина
Северина доби огромна поддршка по судската одлука нејзиниот син Александар да живее со неговиот татко Милан Поповиќ. Меѓ...
4
Дружењето со домашна мачка е здраво!
Мачките се едни од најомилените домашни миленици на луѓето. Припадничките на понежниот пол се повеќе склони слободното в...
4
Читајте им на децата бајки, приказни и рец...
Несомнено е дека бајките се многу корисни за децата. Освен што се забавни, тие се и многу поучни. Кога на децата им чита...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?