|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Посветено на уморните мајки

Rachel Martin, 12.2.2014
Минатата ноќ моето 4-годишно дете одлучи да спие со мене. Тој спиеше неверојатно. Јас не спиев. Да спиеш покрај четири годишно дете е како да спиеш со главата на ѕиден часовник. Моето лице се сретна со неговите нозе, потоа со неговите тупаници.....
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Се разбудив уморна. Повеќе од уморна. Се разбудив прашувајќи се дали во фрижидерoт имам Red Bull кој ќе ми помогне да издржам до вечер.

Тој се разбуди среќен.

“Те сакам мамо!” – рече.

Тој немаше поим колку јас бев уморна и колку ме болеше грбот и колку посакувам барем уште 5 минути сон – тој само беше пресреќен што ме виде.

“Дали убаво спиеше мамо?”- рече.

 

Дали и вие се разбудувате и посакувате денот да има повеќе часа?  Дали ги поминувате и сопствените граници? Работите? Чистите?  Мечтаете? Се трудите да го поминете тешкиот левел на омилената игра на детето? Дали имате чувство дека нешто ви се случува во животот? Дали сте уморни од секојдневната рутина?

 

Понекогаш да се биде мајка едноставно значи да се биде уморна.

Понекогаш да се биде мајка значи да се чувствувате осамено. Како никој да не забележува што правите. Впрочем, никој и не знае дека имавте солидна 42,5 минутна партија спиење минатата ноќ.

Мајчинството многу често е давање на себеси за децата и домот, а тоа никој не го гледа. Ние работиме! Ние правиме макарони со сирење, кои ќе ги заборавиме додека чистиме низ куќата, па ќе се направат каша. И по 5 минути откако ќе ги собереме играчките, повторно ги наоѓаме растурени. Ние носиме излитени тренерки, спаруваме чорапи, се консултираме со лекари, бришеме исчкртани ѕидови, миеме лепливи раце и лица, ја чистиме кујната, трчаме да ја исклучиме микробрановата во која детето ставило да се топли млеко на 9 минути,одиме на работа, се враќаме, работиме дома, мајки сме цел ден, раскажуваме приказни и одиме во кревет.

Да, се согласуваме дека тоа го носи мајчинството. И тоа е она што мајките треба да го прават доживотно.

 

Но и покрај тоа што секојдневно го правиме истото, не значи дека тоа не треба да се почитува. Мајчинството и родителството се неверојатни работи. Тоа не се само миризливи рози, сончеви зраци и трчање по зелената недогледна ливада.  Тоа е навистина тешка работа. Работа која ни дава голема радост и ни става широка насмевка на лицето, за по еден час да се запрашаме зошто едно толку мало, 4-годишно дете не доведува во ситуација да си ја откорнеме косата.

 

Вие не сте сами. Ме слушате? Вие. не. сте. сами.

И другите мајки од градинката, од самопослугата, вашите колешки на работа, на часовите по клавир, во чекалната на лекар, на секое место каде можат да бидат, се чувствуваат уморни исто како вас. Се прашувате зошто? Затоа што даваат СЕ од себе за децата кои ги сакаат.

 

Затоа денес, баш денес, застанувам пред вас и ве поздравувам уморни, прекрасни мајки. Вие мајки кои синоќа не спиевте. Вие, на кои ви треба охрабрување.  Вие драги мајки кои работите, работите и работите и имате чувство дека никој не го забележува тоа. Вие кои мате 2 или три деца над три години, кои никогаш не застануваат. Вие мајки на новороденчиња кои никогаш не спијат. Вие мајки на тинејџери кои сте будни и чекате вашите деца да се вратат дома. Вие мајки. Вие мајки!

Тоа е она што го правите секој ден – мајки сте! Дури и кога имате најуморни денови.

Вие. Неверојатни, храбри, решителни, Вие кои се борите со уморните очи и умови, прекрасни, кул мајки.

Всушност, кому му треба спиење? Од спиење нема спомени!

 

:)

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Пелтечење кај школските деца
Пелтечењето е нарушување на течноста во говорот, а може да се нарече и нарушување во комуникацијата кое што влијае на м...
6
ХОТЕЛ ШПИК, во прегратка на недопрената пр...
Летото пред три години единственото Алпско одморалиште Шпик го здогледа светлото на светот, кое се наоѓа под врвовите на...
5
Необични, светлечки Велигденски јајца
Ефектот се постигнува со перфорирани провидни лепенки за јајца и силиконски бои.
4
Не сакам, не може, не давам...
Една фаза во детскиот развој се вика – фаза на негативизам, бидејќи тогаш детскиот негативен став е најизразен.
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?