|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Породилното отсуство ќе го исплаќаат фирмите?!

Редакција Рингераја, 3.11.2014
Породилното отсуство отсега ќе го исплаќаат фирмите, кои потоа ќе треба да се раздолжат со Фондот за здравство. Тоа ги зголемува стравувањата дека работодавачите ќе избегнуваат да вработуваат млади жени

image
/11


 

Платите за родилките и надоместоците за боледувања од следната година ќе паднат на товар на работодавачите, а државата ќе им префрла пари на фирмите.

Доколку се има предвид досегашната задолженост на државата кон стопанството и честото доцнење на институциите во исплатата на компаниите, реален е стравот дека со оваа мерка фирмите, за да го заштитат својот капитал, нема да вработуваат млади жени, велат аналитичарите. 

Според владината програма, од јуни следната година Фондот за здравство ќе го спроведува проектот „Побрза исплата на породилните надоместоци и боледување“. Проектот подразбира фирмата да им исплати на вработените, а Фондот на фирмата.

Во изборната програма на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека со овој проект ќе се обезбеди континуитет во исплатата, а доцнењето на пари за боледување или породилно ќе биде минато. Активистите за заштита на човекови права стравуваат дека со оваа мерка ќе се зголеми дискриминацијата при вработувањето на жените поради стравот на работодавачите дека парите за породилното отсуство кое трае 9 месеци нема да им биде исплатено или, пак, тоа ќе се случи со големо задоцнување.

Ако се оствари овој проект, тоа ќе биде силен удар врз сите жени во Македонија, вели активистката Ирена Цветковиќ.

„Можеме да претпоставиме кој од приватниците ќе има доверба дека откако ќе го исплати породилното боледување, за скоро време ќе ги добие парите од Фондот, напротив можам да претпоставам, речиси со сигурност, дека по усвојувањето на оваа мерка голем дел од работодавците едноставно ќе се одлучат за најлесното решение, а тоа е да не вработуваат жени, односно да избираат попрво мажи отколку жени во однос на вработувањето“, вели Цветковиќ.

Претседателот на конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, вели дека секој нов трошок не е добредојден за компаниите, но нормално е дека секоја компанија треба во целост да се грижи за своите вработени и да постапи според законот. Тој се надева дека реализирањето на овој проект ќе се поклопи со спроведувањето законот за финансиска дисциплина, па државата нема да доцни во исплатата за породилното отсуство.

„Не ни можам да помислам нешто друго, дека државата нема да го спроведува законот, едноставно таа го креира и државата треба да го исполни и да се консолидира, така што искрено не се сомневам и не треба да се сомневам дека ќе се спроведува правилно законот“, вели Миле Бошков.

Тој објаснува дека како конфедерација можат само да ги советуваат компаниите да ги почитуваат законите за работни односи и  конвенциите за заштита на човекови права.

„Дека едноставно не можат да ги дискриминираат луѓето при вработувањето и да претендираат да вработуваат мажи кои биолошки не можат да затруднат, иако можат да користат трудничко боледување, тоа е дискриминација која не може да се случува и не треба да се случува во македонското општество“, вели Бошков.

Цветковиќ вели дека кога жена оди на интервју за работа, честопати одговара на прашања кои не им се поставуваат на мажите.

„Едно прашање се повторува кај сите, дали планираш да забремениш и кога“, вели Цветковиќ.

Според податоците на Фондот за здравство, минатата година биле исплатени речиси 28 милиони евра за породилно отсуство. Речиси 8 илјади жени минатата година биле на породилно отсуство, што е за 1.500 повеќе од 2009-тата година.

Од Фондот не ни одговорија на прашањето дали стравуваат дека оваа мерка ќе влијае на дискриминација на жените при вработување поради стравот на компаниите дека овој трошок нема да им биде исплатен или дека ќе биде исплатен со големо задоцнување.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
4
Табела на раст на плодот по недели
Колкава е должината и тежината на плодот во секоја од 40-те недели од бременоста? Проверете како плодот расте во мајчина...
4
Болки – знак дека треба да го сослушате св...
Болката е непријатно чувство и една од најчестите симптоми на болест. Преку неа нашето тело не предупредува дека нешто н...
4
Ако се одлучивте за царски рез...
Доколку породувањето не може спонтано да се изведе до крај, гинекологот препорачува царски рез. Голем број жени инсисти...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?