|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пораснав со гневна мајка

Редакција Рингераја, 4.2.2019
Јас пораснав со гневна мајка. Таа врескаше по мене бидејќи сум го истурила млекото, ме тепаше бидејќи и презборував и силно ми ја повлекуваше раката што неколку дена потоа ме болеше. Шеташе низ куќата, мрмореше и ги исфрлаше сите негативни коментари

image
/11


Таа не беше насилна и не ме навредуваше. Само беше гневна. Гневнаа заради нејзината ситуација дека мораше да се пресели далеку од семејството и пријателите, лута на децата кои не спиеја по цела ноќ и кои не ја слушаа, лута заради осаменоста, лута од тежината на мајчинството. Лута заради насоката во која се движи нејзиниот живот.

Болеше. Беше тешко. И заради тоа мојот живот се до тинејџерските години беше исполнет со негативност, депресија, нула самодоверба и лутина.

Сега? Го сфаќам тоа. 100% го сфаќам. Бидејќи имам деца. Деца кои не спијат, не слушаат, не се послушни. И бидејќи се чувствувам осамено. Повеќето од моите денови. И заради мајчинството. Толку многу е тешко. Претешко е да се остане позитивен, радосен и со меко срце.

Откако еднаш ќе почне гневот, тешко е да се запре. Лесно е да му се предадеш и многу е полесно да го оставиш да експлодира, отколку да се ослободиш од него. Забележав дека мојата лутина го пробива патот и стигнува до моите деца.

Но повеќе нема да го дозволам тоа. Бидејќи ми е преживеано. Преживеано ми е со мојата мајка. Не сакам моите деца да живеат како мене. Ниедно дете не го заслужува тоа.

Мајка ми беше добра мајка. Таа ги правеше сите здрави оброци, ме носеше на часови по свирење, ми ги правеше омилените грицки, ми читаше приказни, ги покануваше моите другарчиња дома и добро се грижеше за мене. Имам прекрасни спомени како се смеевме заедно, како разговаравме со топло чоколадо, како заедно правевме рачни изработки, како заедно читавме и многу повеќе од тоа. Таа навистина и вистински ме сакаше. Но беше налутена поголемиот дел од времето и тоа ја обзеде. Не ја обвинувам. И простувам. Сеуште ја сакам до месечината и назад. Но не сакам да бидам како неа.

Мајки, многу е лесно да му се препуштите на сопствениот гнев. Лесно е да му дозволиме на сопствениот гнев да завладее со нас на начин кој никогаш не сме го очекувале. Но мајки, нам ни треба помош.Не можеме да си дозволиме да живееме со тој гнев, да живееме со него и да го истресеме на сопствените деца. Треба да се доближиме една до друга, постари мајки, помлади мајки и жени кои сеуште не станале мајки. Мораме да бараме помош. Од суштинско значење е да се потпреме една на друга, да се сакаме и да си помагаме, да ја видиме убавината и радоста и среде најмрачните моменти.

Мајки, не живејте со својот гнев. Не дозволувајте вашите деца да живеат со тој гнев. Вашето дете ја заслужува најдобрата верзија од вас. Можете да им го дадете тоа. Ако тоа значи да земете одмор од нив, земете го, ако тоа значи да најдете работа, редовно да се туширате за да се смирите, да одите на делечно патување за да ги видите пријателите или семејството, ако тоа значи да имате време за себе секој ден, ако тоа значи да го земете телефонот и да и се пожалите на најдобрата пријателка, да им допуштите на децата да гледаат повеќе телевизија, ако тоа значи ангажирање на куќна помошничка, наоѓање хоби, што и да значи...направете го тоа. Треба да пронајдете начин да бидете најдобрата, најпозитивната и најљубезната личност во животот на вашето дете.

Јас пораснав со гневна мајка. Одбивам и моите деца да пораснат со таква мајка.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Помеѓу...
Љубовна поезија
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?