|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Подобро здравје со домашните миленичиња

Редакција Рингераја, 25.2.2011
Во едно истражување, кое опфатило 240 брачни двојки, сопствениците на миленичиња имале понизок крвен притисок и помали отчукувања на срцето од луѓето кои немале миленичиња.

image
/11


 

На повеќето сопственици на миленичиња не им треба потсетување – со животните  луѓето се чувствуваат подобро. Вашето омилено животно може да ве направи здрави и да бидете изненадени на колку многу начини миленичето може да го подобри вашето здравје.

 

Природни подобрувачи на расположението

За да се чувствувате помалку вознемирени, доволни ви се 15-30 минути со кучето или мачето или гледање на рибите како пливаат. Вашето тело поминува низ физички промени во тој временски период, кои прават разлики во Вашето расположение. Нивото на хормони поврзани со стресот - кортизол, се спушта. Се прозведува серотинин, кој е одговорен за доброто расположение.Намалувањето на стресот го чува Вашето тело.

 

Го намалуваат крвниот притисок

Сеуште треба да внимавате на својата тежина и да вежбате. Домашниот миленик може да Ви помогне да управувате со крвниот притисок. Во едно истражување, кое опфатило 240 брачни двојки, сопствениците на миленичиња имале понизок крвен притисок и помали отчукувања на срцето од луѓето кои немале миленичиња. И друго истражување покажало дека на децата со хипертензија им се намалил крвниот притисок додека го галеле миленичето. Дружењето со миленичиња помага и во намалувањето на холесторолот. Истражувачите забележале пониски нивоа на холестерол и на триглицериди кај лугето што имале миленичиња во однос на лугето кои ги немале.

 

Мачињата и кучињата се добри за срцето

Истражувањата покажале дека долгорочната корист од мачињата вклучува и заштита за срцето. Истражувањето што е спроведено во текот на изминатите 20 години покажува дека лугето кои никогаш немале маче имаат за 40 отсто поголем ризик дека ќе починат од срцев удар. Друго истражување покажало дека сопственицита  на кучиња имале значајно поголем степен на преживување по срцев удар. Сопствениците на миленичиња имале помал ризик од смрт од која било срцева болест, вклучувајки го и затајувањето на срцето.

 

Галењето на животните - против депресија

Терапевтите често препорачуваат чување миленичиња како начин за лекување од депресија. Никој не сака толку безусловно како милениче. Галењето на мачињата и кученцата има смирувачко дејство и ефект. И грижата за миленичето Ви помага подобро да се чувствувате.

 

Подобра физичка активност

Луѓето кои имаат кучиња физички  се поактивни и повитки од другите. Секојдневното шетање на кучето околу 30 минути ќе Ви ги обезбеди минималните препораки за здрава телесна активност. Двапати по 15 минути прошетка наутро и навечер ќе го има истиот ефект. А потоа играњето со миленичето ќе има уште подобро влијание врз Вашето здравје.

 

Вежбајте со своето милениче

Ако вежбате со своето милениче, користа ќе биде обострана.

 

Помалку мозочни удари меѓу сопствениците на мачиња

Истржувачите не се сигурни зошто, но сопствениците на мачиња имаат помалку мозочни удари отколку луѓето кои немаат маче. Тоа делумно е поради ефектот што поседувањето на миленичињата може да го има врз циркулацијата. Но научниците претпоставуваат дека мачињата можат да имаат најголемо смирувачко дејство врз сопствениците за разлика од другите животни.  Мачињата често стануваат фокус на сопственикот, кој ги одвлекува од стресот. 

 

Повеќе интеракција, помалку изолација

За да го одржите здрав духот, потребно е да се дружите. Сопствениците на миленичиња сакаат да разговараат со другите сопственици на миленичиња. Луѓето со кучиња ќе застанат и ќе разговараат со Вас кога ќе видат дека се шетате со својот миленик.

 

Помалку алергии, појак имунитет

Истражувачите забележале дека децата кои растат во дом со куче или маче имаат помалку проблеми со алергиите.  Исто важи и за децата кои живеат на фарма со големи животни. Освен тоа, повисокото ниво на одредени хемикалии во имунолошкиот систем укажува на посилна активација на имунолошкиот систем, што ќе им помогне да останат здрави како што растат.

 

Мачиња за превенција од астма

Алергиите на животни се еден од најчестите предизвикувачи на астма. Но истражувачите го  проучиле ефектот на мачката во домот со доенче и ризикот за астма.  Децата имале значително помал ризик за развој на астма како што растеле. Но постои еден исклучок. Децата чии мајки се алергични на мачка имаат за три пати поголем ризик за развој на астма.

 

Аларм за ужина

За лицата со дијабетес наглото паѓање на нивото на гликоза  во  крвта може да биде  многу серизно. Но некои кучиња можат да ги предупредат своите сопственици  за опасниот пад пред тој навистина да се случи. Тоа може да биде одговор на хемиските промени во телото, што кучето може да ги забележи преку мирисот на телото. Речиси едно од три кучиња  кои живеат со лица со дијабетес ја имаат оваа способност.

 

Појаки коски

Јаките коски се најдобра одбрана од остеопороза и од скршеници. Прошетките со куче и вежбите што ги зајакнуваат коските и мускулите околу нив се одлични за зајакнување на истите. Исто така, Ви се овозможува подолго време поминување на сонце, што придонесува за создавање резерви од витаминот Д. Ако имате остеопороза, заштитете се од паѓања.

 

Заедно против артритис

Ако вашето куче има артритис, тоа можете да го искористите за управување со своите здравствени проблеми. Кога ќе договорите термин кај ветеринар, исто така јавете му се на својот лекар и договорете преглед. На тој начин ќе ги видите и неговите лекови и ќе ви биде полесно да ги земате истовремено.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ти се уште си прекрасна мајка, иако...
Модерно родителство: Кога тоа стана толку конкурентна дисциплина? Од кога е секој ден нов предизвик? Дали е тоа бидејќи ...
4
Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4
Крварење од носот кај деца
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?
4
Нашите деца растат во “all inclusive” аран...
За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле как...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?