|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Подгответе се за сезоната на грип

Редакција Рингераја, 12.2.2019
Во овие месеци нема како да не слушнеме за вирусите, но наместо да дискутираме колку лесно се пренесуваат во овој период од годината, можеме да ви понудиме нешто по корисно
Клучни зборови:

image
/11


Профилактичките мерки се особено важни, па затоа подготвивме неколку стручни совети за од сега да се чувствувате повеќе релаксирани и здрави:

Одржувајте добра хигиена

Може да е јасно, но не сите миеме раце како што треба – секогаш со чиста вода и сапунисување во текот на не помалку од 20 секунди пред плакнење. Самиот сапун не ги убива микробите, туку ги поттикнува да се измијат со проточната вода.

Исчистете секаде каде што треба

Исчистете ги рачките на вратите, кујнските плотни и целиот ваш дом – ова не е ништо помалку важно од миењето раце.

Земајте витамин Д

Со овој витамин се снабдуваме преку сончевите зраци, затоа и се намалува во нашето тело кога ќе дојде период на заладување. Се наоѓа во неколку прехранбени производи, но пулмолозите препорачуваат земање екстра Витамин Д за спречување на респираторни инфекции.

Имајте ги неопходните лекарства

Важно е при раце да ги имате препаратите кои најчесто и наједноставно се користат  – чај, ибупрофен, витамин Ц и парацетамол се добар почеток.

Не земајте од храната која е послужена за сите

Најверојатно си земате слатки или нешто друго од заедничката кутија која некој колега ја донел. Специјалистите сепак препорачуваат да се воздржувате од таа навика за време на сезоната на грип, без разлика колку е прекрасна и вкусна – во такви случаи храната може да е допрена од останатите и изложена на кашлица и кивање.

Избегнувајте голема гужва (колку што е можно)

Јасно е дека повеќето од нас не можат да го поминат денот дома. Еден начин да се ограничи контактот со многу луѓе е да се избегнуваат најфреквентните часови во продавниците и да се купува неколку дена предходно. Ако имате можност да работите од дома, искористете го тоа токму во овој дел од годината.

Не ја отпишувајте вакцината

Таа нема да ве спаси 100% од грипот, но ќе ја намали веројатноста да се разболите со 40 до 60%.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
6
Рецепт за најубави балони од сапуница
Децата обожаваат да си играат со величествените балони од сапуница. Еве неколку рецепти за течност со која се прават нај...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?