|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Подготовки за првиот училишен ден

Редакција Рингераја, 29.8.2018
Се наближува 1 септември – датумот кој за децата означува крај на безгрижната летна забава и почеток на учебната година

image
/11


Ако вашето дете е во школска возраст и веќе неколку години е ученик, подготовките за големиот ден сигурно ви станале рутински, па нема се соочите ниту со најмала паника.

Но, ако вашето најмило треба за првпат да седне во училишните клупи, ситуацијата се менува. Првиот училиштен ден носи комплексни емоции и кај детето и кај родителите, затоа што е важен момент во развивањето на детето и неговото израснување во независна и самостојна индивидуа. Очекувајте возбуда, солзи, радост и страв во детските очи, нетрпение и неизвесност поради судирот со нова средина, нови правила, нови пријатели.

Запомнете, вашето дете многу потешко ќе се справи со предизвикот без ваша помош, бидејќи седнувањето во училишните клупи е огромна промена за него. За успешно да го подготвите вашето дете за првиот училиштен ден, и самите вие треба да направите мало истражување. Дознајте кои ќе бидат неговите активности за време на часовите, научете кога започнува и завршува училиштниот ден, испланирајте како ќе се храни, а потоа известете го за деталите. Колку подетално ќе го информирате, толку помал ќе биде неговиот страв.

Еве што можете да направите за да го претворите почетокот на образованието на вашето дете во позитивно искуство:

  • Прилагодете му го распоредот за спиење на смените на училиште. Многу деца имаат лоша навика да си легнуваат доцна навечер и да стануваат доцна наутро, понекогаш дури и напладне. Но, со доаѓањето на првиот училиштен ден, тие навики треба да исчезнат. Ваша задача е да го привикнете детето на новиот распоред на спиење, барем една седмица пред да го слушне првото училишно ѕвонче. Така утринското будење нема да му предизвикува дополнителен стрес.
  • Посетете го училиштето заедно. Запознајте го вашето најмило со училишната средина каде ќе минува голем дел од своето време. Прошетајте се до училиштето, обиколете го училиштниот двор и доколку е можно, однесете го да ја посети својата училница. Така ќе се чувствува порелаксирано на првиот училиштен ден, затоа што ќе биде на познат терен. Во најдобар случај би требало предвреме да ја запознае и својата учителка за да се чувствува посигурно.
  • Смирено објаснете му што ќе се случува првиот ден. Кажете му дека првиот ден ќе запознае многу другарчиња и дека ќе треба да се претстави пред нив. Дајте му до знаење дека учителката ќе му помогне ако нешто му е потребно, а дека вие ќе го чекате пред училиштето кога ќе излезе од него. Цело време кажувајте позитивни зборови, затоа што ако вие зборувате за училиштето како за нешто возбудливо, и вашето дете ќе го мисли истото.
  • Читајте му книги или текстови за деца во кои е опишан првиот училиштен ден. Изберете книги каде секоја училишна активност е опишана на позитивен начин или најдете емисии во кои омилениот лик од цртаните за првпат оди во училиште и е среќен поради тоа. Искористете ја вашата креативност.
  • Убедете го дека и на училиште ќе може да прави дел од своите омилени активности и дека ќе се забавува. Размислете кои активности му се омилени на вашето дете (дружење, боење, цртање, сечење и лепење на сликички, читање приказни) и објаснете му дека истите ќе ги прави и во школските клупи. Така кај него ќе создадете позитивни очекувања.
  • Укажете му дека секогаш може да ? се обрати за помош на учителката. На тој начин вие ќе му влеете сигурност, особено ако тоа претходно ја запознало. Вашето најмило ќе знае дека има некој во училницата на кого може да му верува, па ќе се чувствува порелаксирано.
  • Научете го како да склопува пријателства. Вежбајте со него употреба на социјалните вештини. Колку повеќе пријатели ќе стекне вашето најмило во училишните клупи првиот училиштен ден, толку поголем ќе биде неговиот ентузијазам кога ќе се упатува кон училиштето следниот ден.
  • Посочете му со кои други деца ќе оди на училиште. Ако сте во можност, поканете ги идните соученици на вашето дете во вашиот дом и дајте им можност да се запознаат подобро.
  • Купете го заедно потребниот училиштен прибор, но гледајте тој да му биде забавен. За време на купувањето, одете заедно и дозволете му тоа само да си ги избере потребните предмети за на училиште. Веројатно ќе си избере тетратки, пенкала, моливи и гуми за бришење со ликови од омилените филмови. На тој начин кај детето ќе создадете желба да ги искористи истите и ќе му изградите позитивни очекувања.
  • Ако вашето дете знае да пишува, нека си ги потпише своите тетратки.Доколку вашето дете умее да си го напише името, неколку дена пред стартот на учебната година дајте му да ги потпише сите тетратки.
  • Научете го на основните училишни правила. Кажете му дека треба да одржува тишина сè додека учителката не му каже дека може да зборува, дека со подигање на раката треба да побара дозвола за одење во тоалет или за зборување, дека треба да биде пријателски настроено кон останатите деца итн.

Запомнете: што и да правите, треба да звучите убедливо. Не дозволувајте вашето најмило да забележи дека и вие сте загрижени.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Фото: Најдобрите татковци на сите времиња
Прекрасните татковци можеби се ретки, но навистина постојат! Сакате доказ? Во прилог се 20 фотографии од најдобрите татк...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?