|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Подготовка и чување на млекото во лето

Редакција Рингераја, 5.8.2018
Високите температури кои ни претстојат наметнуваат многубројни грижи и прашања во врска со безбедната подготовка и чување на млекото. Тука ќе ги разгледаме случаите кога мајката дои и кога го храни бебето со адаптирано млеко

image
/11


 

 

Доколку го доите бебето

Ова е идеална ситуација, како за бебето така и за мајката, бидејќи не мора да се грижи за стерилни садови и адекватни услови за подготовка на оброк за бебето. Доволно е мајката да води сметка за својата исхрана и пред се, за внесувањето на доволна количина на течности, за да може безгрижно  да го поминува времето во шетање со бебето. Оброкот се подготвува сам, во стерилни услови, на идеална температура. Се чека само бебето да каже дека е гладно.

 

Како да го чувате млекото?

Доколку е неопдходна кратка разделба меѓу мајката и бебето, решението е да измолзите и да оставите млеко, кое некој друг ќе му го даде на бебето. Во првиот месец, додека се воспоставува лактација и додека мајката и бебето учат правилно доење, се советува бебето да се дохранува исклучиво со лажиче. Подоцна, кога тимот добро ќе се извежба, може да се користи и шишенце.

За измолзување користете рачна или електрична пумпица, која ќе ја стерилизирате пред секоја употреба, или тоа можете да го направите рачно, што е малку по комплицирано. Во секој случај, битно е млекото да се истиснува директно, во некој стерилен сад, а никако да тече по градите на мајката и да се собира во сад.

Самиот процес на измолзување не треба да трае подолго од 20 минути. Млекото може да се чува во обичен фрижидер 24 часа, или во замрзнувач 6 месеци. Не грижете се ако не измолзите голема количина на млеко, тоа е нормално, бидејќи вашиот организам произведува повеќе кога бебето цица.

 

За бебињата на млечна формула

Во овој случај ситуацијата е малку покомплицирана. Главна грижа е да се обезбеди доволен број на стерилни шишенца за подолго отсуство од дома. Млечната формула е фабрички спакувана, па лесно можете да ја носите со себе, а можете и да земете доза која ќе Ви иде потребна, па да ја ставите во стерилен сад. Превриената вода можете да ја користите 12 часа (ставена во термос). Ако Вашето бебе не го испие целото млеко, остатокот фрлете го.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
5
Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
4
Маџун – лек за целиот организам
Маџунот уште наречен гроздов слад, е специјалитет добро познат на нашите предци, како по својот оригинален вкус и арома,...
4
Пет лесни и вкусни бебешки кашички
Подготовката на бебешки каши е лесна задача и не бара посебни кулинарски вештини. Рецепти има многу. Овде ќе најдете пет...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?