|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

podarok: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 28.3.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: podarok

Датум на породување: 10.11.2010 год.

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

Сите породилни приказни се различни, а толку исти. Јас ги имав две. Првата пред  седум години и сега, на 10.11.2010. Сакавме уште едно дете – ќерка, се смееше сопругот но никако да се случи. И терапија и прегледи и пак ништо. Во 2008год. матичниот гинеколог ми рече меѓу другото и годините се причина, и тоа беше првиот пораз. Да, годините тогаш беа 38. Потоа прекинав да одам на гинеколог. Но нели треба годишни контроли, Папаниколау тест и се останато, па си го собрав картонот и по препорака од сестра ми отидов кај нејзиниот лекар. Рече дека не гледа причина зошто не сум останала бремена но додаде - кој ли ќе ве разбере Вас жените. И вистина било. Во почетокот на март бев последен пат на контрола, бидејќи имав некои промени на кои им беше потребно посматрање. Се беше во ред, но бременоста никако не се случуваше. Тогаш за првпат изговорив гласно не сакам повеќе терапии, ни следење тоа едноставно ми било судбина. Господ секогаш има причина зошто се случуваат некои работи, а некои не. На пат кон дома плачев, не можев дури ни да гледам каде возам и очајнички копав во главата како понатаму. Кога стигнав дома му соопштив на сопругот дека е готово и дека треба да почнеме со реновирање на куќата за нас тројца. И така беше. Планиравме кој ѕид да го нема, а каде да ставиме нов. Беа Велигденските пости а јас некако почнав да се зголемувам. Прво градите, па стомакот. Не ми беше јасно, постев а се дебелеев. Почнав да пијам чаеви за слабеење. Бев физички активна, одев на јога, пешачев. Викендот пред да добијам бевме на Матка. Одевме пешки по патеката до Врело. Вечерта од ветрот ме фатија синусите и како спас ми беше утрото кога колешката ми понуди три вибрамицини. Три дена по ред ги пиев и се средив. Во петокот требаше да добијам но ...

Саботата утрото, едно од оние ретки саботни утра кога сите сме дома, ги отворив очите пред 7 часот и ми помина мислата  ТРУДНА СУМ. Го разбудив сопругот, а тој само рече ако. Како ако, а таблетите. Боже колку сомнежи колку страв и пак солзи. Почнав да се однесувам како да не се случило, мислев ако го игнорирам ќе исчезне. Но не исчезна. На 1 април го направив тестот- две цртички. Толку измешани чувства. Тоа го сакав а сега, дали ќе мора да се откажам од оваа надеж, дали ова ми беше казна за мојата преголема желба?Кај докторот отидов ненајавена, заедно со сопругот и синот. За несреќа беше 7 навечер а чекалната преполна, и кажав на сестрата а таа ме праша - Сакате да го родите ?Додека се обидував да разберам, сопругот скоро викна ДА. Ме утеши дека тоа не би требало да е проблем но се договоривме да дојдам другиот ден на пладне. И така беше. Докторот беше малку воздржан, рече постои бременост но голем пат е пред нас и ние ќе го изодиме. Некогаш не е лошо и да се помолиме а потоа на шега пак додаде - Кој ли ќе ве разбере Вас жените. Немав утринска мачнина, имав целодневно повраќање. Но не ми беше гајле. Мислам дека мојата среќа им ја пренесов на сите и имав впечаток дека сите се радуваа за мене. Ги правев сите испитувања и се беше во ред. Бременоста целосно ми се разликуваше од првата и бев убедена дека ова е женско. Кога се јавив да прашам дали се готови резултатите од амниоцентезата, слушнав како докторот ми вели ДА, добри се, но почекај да проверам знам дека бебето е здраво но еве, ЗДРАВО МАШКО БЕБЕ. Колку се смеев колку радосен беше гласот кој ми соопшти , а сите бевме сигурни дека ова бебе е женско.

Терминот ми беше на 03.12.2010г. Во почетокот на октомври одејќи на работа почувствував болка. Толку позната, а заборавена. На колешката и реков дека имам контракции и таа се обиде да ме смири . Можеби е од ладното. Да, утрото беше многу свежо. Следуваше викенд  а кога ќе ја заборавев болката таа се јавуваше да ме потсети. Во понеделникот уште од рано утро бев кај докторот. Почнав со терапија и со мирување. Кога лежев дома ги броев деновите , часовите секундите. Само овој месец да помине, а бебето мислам дека не мируваше ни миг. Ден, ноќ нему му беше сеедно, си играше, се превртуваше... Боже зар толку му се брза да ни се придружи? Наутро ги испраќав моите во училиште и на работа, па чекав да дојде време да се вратат, па дошла вечерта и супер... поминал уште еден ден, па уште еден и така... Во меѓувреме одев постојано на ЦТГ некогаш на два дена некогаш и двапати во денот. Докторот варијантата болница ја отфрли знаејќи го мојот карактер, таа можеше само повеќе да ми наштети во тој момент. Прочитав се што најдов за недоносени деца кога мораат во инкубатор, кои несакани последици можат да се случат. Во меѓувреме го изгубив сонот. Не можев да спијам , не не беа само болките тука беше и стравот, сомнежите. Сите мислеа дека сум премногу силна и дека одлично се справувам со тоа, а јас очајнички не дозволував да ми се приближи никој. Така сакав да се заштитам од претераната љубезност и сожалување. Во таа агонија на неспокој помина октомври и докторот постепено ми ја намали терапијата. Ова веќе не ти е потребно сега можеш да правиш што сакаш, се пошегува со мене. Тоа и го направив отидов во продавница купив се за бебето за добредојде. На 08.11 требаше да направиме ехо преглед и да ми земе брисеви. Вечерта отидов и додека јас бев на преглед сопругот требаше да го земе синот од кошарка и да одиме на слава кај фамилијата од сестра ми. И тогаш во момент на преголема опуштеност и среќа додека поминуваше докторот со сондата до стомакот го слушнав како рече :Не е ништо страшно, ова е вообичаено кај машки бебиња, но ја задржува водата во десниот бубрег. За секој случај утре или во текот на неделата оди на ризична на ГАК за ништо да не оставиме на случајност. Потоа не знам што ми зборувал но по очите, кои му беа некако помирувачки, сигурно сакал да ми стави на знаење дека тоа не е ништо страшно. Не ги дочекав моите во ординација, а за да ја убедам сестрата и реков дека се дојдени. Надвор дуваше ладен ветер, кој не само што ми го штипеше лицето туку и срцето. Сакав да плачам , да заминам некаде, да се скријам, да го заштитам овој мој подарок од несовршеноста на животот. Докторот ми рече дека е вообичаено и најчесто е без последици, но јас познавав една мајка која со години остана по болници, знам за нејзината болка, знам за болката на детето. Ноќта не спиев, имав болки, но не контракции туку болки во целиот стомак, до душата. Одвај дочекав да се раздени, надвор ветрот се смирил и истураше дожд. Беше мамурно утро кога и најголемите среќници ќе осетат здив на тагата. Тогаш направив нешто што уште ме копка. Едноставно не излегов да го испратам синот до училиште туку преку рамо му реков да побрза да не задоцни. Па да, тогаш мислев дека јас ќе го земам по часовите. На клиника сестрата ми рече - па ти си веќе во термин, јади нешто па да те снимиме на ЦТГ: Не знам како успеав да ставам неколку залаци од кифлата во уста, храната едноставно се бореше со моите заби. Додека чекав една од сестрите почна да бара од мене стручни совети во врска со мојата работа. Колку било комично. Се трудев што подобро да и објаснам додека имав чувство дека стомакот ќе ми експлодира. Ги слушнав тоновите, гласни брзи. Толку познат звук. Сестрата правејќи се дека не ја гледа мојата загриженост рече дека Кинезот (така го именуваше апаратот) збудалел. Но и со другиот беше исто па другата сестра ги викна докторите. Додека јас се обидував да им кажам дека со бубрезите на бебето нешто не е во ред тие веќе се организираа и ме испратија во родилна сала. Тие неколку минути се што имав му дадоа на сопругот и едноставно ме однесоа. Некаде од далечина го слушав гласот на сестрата која ми зборуваше, се е во ред сега си во добри раце, не плаши се. Не се плашев туку бев престрашена. Имаше цел куп доктори кои земаа анамнеза, ме прегледуваа и ми повторуваа  да се смирам. Ми рекоа дека под итно со царски рез се ќе биде добро. Но јас не го сакав тоа. Му реков на еден од докторите - само ако е неговиот живот загрозен. Додека ми даваа терапија и ме боцка еден од докторите ми објаснуваше дека непотребно сум се вознемирила, дека сигурно нема ништо и доколку не е така тоа е нешто што се прати и лекува. И во цела таа гужва срценцето на мојот подарок се смири, како да сака да ми каже - мамо јас сум борец, знам што правам. Неговото се смири, но моето не. Ама за мене јас и не бев важна. Ме оставија да се одморам половина час и тогаш ги почувствував контракциите. Слаби, но толку познати. Кога за половина час повторно ме ставија на ЦТГ докторот со насмевка ми рече, го чувствуваш ова? Да. Е тогаш ќе раѓаме. Да, со насмевка му вратив. Од тука натаму знаев. Часовите по јога беа благодет, ја дишев болката, ја штедев силата и шетав. Во мислите ми беше синот што не го испратив утрото. Не го спремив за ова, требаше да има уште време.Колку бргу минуваа минутите. Ги броев контракциите.  Доаѓаа родилки и си одеа, го слушав плачот на бебињата, тие прекрасни мали суштества. Нечија радост, нечиј благодет. Вечерта околу полноќ ми го пукнаа водењакот и ми рекоа да се одморам до утрото. Во 4 изутрина повторно на ЦТГ - уште има време, рече сестрата а болките веќе беа  неиздржливи. Кога мислев дека веќе не можам да издржам докторот ми помогна да се качам на боксот. Беше 6 часот изутрина. Се беше многу бргу, една од болничарките дојде и ми рече се јави сопругот му реков дека ќе биде готово за две три минути. И така беше. Во 6 и 35 се роди моето злато. Пристигна мојот најголем подарок.   3 300 грама тешко, а долго 50 см. Ова е НЕСТОР им реков. Ова е мојот второроден син. А надвор сонцето светеше, навистина не метафорички. Светеше како што знае по дожд и не поздравуваше. Се што следуваше по тоа не е важно. Небитна болка која се заборава со еден поглед, со допирот на непроценливото благо. Овде завршува мојата породилна приказна а почнува друга - ЖИВОТ. Таа ќе ја пишуваме сите, јас, тато и бато и се разбира нашиот подарок НЕСТОР.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Нестор !

 

 

Топ 10 породилни приказни


nadica: Мојата породилна приказна

Anushka: Мојата породилна приказна

Тања: Мојата породилна приказна

kikicka: Мојата породилна приказна

cecka: Мојата породилна приказна

ananikol: Мојата породилна приказна

AnnaMolly: Мојата породилна приказна

мичо: Мојата породилна приказна

Ели: Мојата породилна приказна

Palce: Мојата породилна приказна

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
4
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
3
Како расте бебето во утробата на мајката?
Животот е навистина прекрасен! Што прават неродените бебиња во матката? Всушност, развојот на човечкиот живот во матката...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?