|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Почина Киро Глигоров

www.kurir.mk, 2.1.2012
На 95-годишна возраст, почина првиот претседател на независна Република Македонија.
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Глигоров починал во текот на ноќта во својот дом.

Информацијата е потврдена од неговиот кабинет, а погребот ќе се изврши утре во 13 часот на гробиштата Бутел.

Глигоров беше претседател на Република Македонија од 27 јануари 1991 до 19 ноември 1999 година.

Глигоров е роден во Штип на 3 мај 1917 година и имал завршено правен факултет

На првото заседание на АСНОМ кое се одржало на 2 август 1944, Глигоров го водел записникот, а потоа станал и член на АВНОЈ.

Во текот на неговата кариера извршувал повеќе функции. Бил висок финкционер во Сојузот на комунисти на Југославија. Во 1971 и 1972 бил член на претседатлството на СФРЈ, а од 1974 до 1978 би претседател на Собранието на Југославија.

На 27 јануари 1991 година, на седница на Собранието на Република Македонија, со 114 гласови „ЗА“, Глигоров бил избран за прв претседател на Република Македонија, а на 7 март му го доверил мандатод на Никола Клусев за формирање на првата влада.

Глигоров по одржувањето на референдумот за осамостојување на Македонија на 8 септември 1991 година, на плоштадот „Македонија“ ги поздрави граѓаните со зборовите „Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“.

На 3 откомври 1995 година врз Глигоров беше извршен неуспешен атентат, во кој што тогашниот претседател беше тешко повреден во главата.

При атентатот загина неговиот возач и еден случаен минувач. Атентатот се случи во центарот на Скопје спроти хотелот „Бристол“ и истиот беше извршен со автомобил бомба, а атентаторите досега не се пронајдени.

По пензионирањето од активниот политички живот, претседателот Глигоров беше активен преку Фондацијата која го носи неговото име и беше автор на повеќе книги.

Киро Глигоров беше оженет со Нада Глигорова.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правината и кривината
Македонски волшебни приказни
4
Снежана и седумте џуџиња (аудио)
Драги дечиња, слушнете ја приказната за Снежана и седумте џуџиња!
4
Тина татина
Детски песнички
4
Легенда за Велигденското зајаче
Велигденското зајаче е едно од најраспространетите и најпознати симболи на Велигден. Како се родила идејата за зајачето ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?