|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Планирам бебе. Што треба да преземам?

Редакција Рингераја, 12.6.2015
Одлучивте да создадете семејство (или да го зголемите веќе создаденото). Постојат чекори кои ќе ве доведат до крајот на бременоста во беспрекорна состојба

image
/11


 

1. Одете на преглед. Се уште не е потребно да изберете лекар, кој ќе ја следи бременоста, но е добро да посетите гинеколог за профилактички преглед. Така ќе се воспостават медицински проблеми кои треба да се отстранат однапред , или ќе се следат за време на бременоста. Освен тоа, лекарот ќе ви даде дополнителни насоки и ќе разјасни кои лекови се забранети за време на бременоста, ќе провери дали ви се ставени сите задолжителни вакцини ќе поразговарате за тежината, режимот на исхрана, што пиете и други животни навики поврзани со зачнувањето.

2. Започнете да барате пренатален специјалист. Договорете си час за преглед.

3. Посетете стоматолог. Да го посетите стоматологот, пред да забремените, е речиси исто толку важно колку посетата кај лекарот, бидејќи идната бременост може да влијае на вашите заби - и вашите заби да влијаат врз вашата идна бременост. Хормоните на бременоста често ги продлабочуваат проблемите со непцата и забите и создаваат проблеми. Освен тоа истражувањата покажуваат дека болестите на непцата се поврзани со некои компликации на бременоста. Односно, пред да зачнете, потребна ви е  беспрекорна состојба на усната празнина и забите. Грижете се за да ги завршите сите потребни работи сега - рендгенски снимки, лекување на кариес и хируршки процедури, - за да не се подложувате на овие постапки за време на бременоста.

4. Проверетего семејното стебло. Проверете ја здравствената историја од двете страни на семејното стебло (вашето и на вашиот сопруг).

5. Дали се подготвувате за втора бременост? Проверете ја историјата на првата бременост. Ако сте имале компликации или бременоста ви завршила со предвремено породување или спонтан абортус (или сте преживеале неколку спонтани абортуси), зборувајте со специјалист какви мерки да преземе во моментот пред зачнувањето.

6. Доколку е неопходно, направете генетски тест. Прашајте го докторот дали е потребно да се подложите на испитувања за генетски болести.

7. Направете лабораториски истражувања.
· Хемоглобин и хематокрит - за анемија.
· Rh фактор - негативен (при овој резултат, партнерот исто така треба да направи испитувања, а во случај дека и двајцата сте со негативен, нема потреба да се занимавате повеќе со ова прашање)
· Тест за проверка на имунитетот кон рубеола.
· Тест за сипаница за проверка на имунитетот кон сипаници (ситна сипаници).
· Хепатит B (ако спаѓате во ризична категорија, како здравствен работник на пример и немате имунизација).
· Антитела против цитомегаловирус - дознаете дали имате имунитет.
· Тест за токсоплазмоза, ако имате мачка, или често јадете полусирово месо.
· Функционирање на тироидната жлезда, бидејќи нејзината активност влијае на бременоста.

· Сексуално преносливи болести - сите бремени жени се подложени на тест за венерични болести.

8. Важно е да ги контролирате хроничните болести. Кај дијабетес, астма, срцеви заболувања, епилепсија или друго хронично заболување, консултирајте се со вашиот лекар дали моментот е погоден да забремените.

9. Подобрување на исхраната. Најважно е да ја земате потребната доза на фолна киселина, која го зајакнува плодноста. Фолната киселина се содржи во интегралните производи и во зелените лиснати зеленчуци. Се препорачува при бременост да се земе дополнителна доза. Добра идеја е да го намалите штетната и мрсната храна и да консумирате интегрални производи, овошје, зеленчук и нискомаслени млечни производи.

10. Пијте витамини за бремени. Два месеци пред забременување е добро да пиете суплементи за бремени. Мултивитамините треба да содржат и 15 mg цинк, кој помага плодноста.

11. Спортувајте, но не претерувајте.

Дали сте кандидати за инсеминација?
Инсеминацијата е најчеста и наједноставна метода на асистирано оплодување. Дознајте се за инсеминацијата и дали сте канд...
4
Дали е тешка бременоста по третман за непл...
Луѓето постојано ми поставуваат прашања од типот: „Мора да си возбудена што конечно забремени? Дали си среќна што си бре...
3
Со исхрана до бебе: Што треба да јадете?
Многубројни научни студии докажале дека нормализацијата на телесните масти влијае на урамнотежување на нивото на репроду...
3
5 насоки за побрзо забременување
Специјалистите за плодност ги споделија своите стручни насоки, кои ќе ви помогнат да ја зголемите плодноста и побрзо да ...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

сакање
daki

дали вашето дете е еднакво сакано од:

бабата (8%)

дедото (2%)

од двајцата (34%)

помалку од другите нивни внуци (0%)

од никого (0%)

не е важно мама и тато си го сакаат доволно е (56%)


Број на сите гласови: 91

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!