|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

План: Како да ја спречиш мама да ја преспие ноќта?

Редакција Рингераја, 30.7.2013
Дали сте мајка која е уморна? Прочитајте ја оваа статија. Гарантираме насмевка и кај лошо-наспиените и депримирани родители!

image
/11


 

 

Добро, ваква е мојата ситуација. Мајка ми ме има веќе 7 месеци. Првите неколку месеци беа одлични. Јас плачев, таа ме земаше во раце и ме хранеше во секое време од денот или ноќта. Тогаш нешто се случи.

Во последните неколку недели таа се обидува да ја преспие ноќта. Мислев дека е само фаза, но ситуацијата почнува да се влошува. Сум разговарал и со другите бебиња и ми се чини дека тоа е вообичаено кај мајките кога ќе не имаат повеќе од шест месеци.

Поентата е следна: мајките навистина не треба да спијат. Тоа е само лоша навика. Многу од нив имале 30 години за спиење и тоа не им е потребно повеќе. Јас сум ЗА спроведување на планот кој го нареков Crybaby Shuffle. Тоа оди вака:

 

Ноќ 1: Плачи на секои три часа додека не добиеш храна. Знам, тешко е. Тешко е да ја видиш мама налутена заради твоето плачење. Но запамти, тоа е за нејзино добро.

Ноќ 2: Плачи на секои 2 часа додека не добиеш храна.

Ноќ 3: Плачи на секој час. Повеќето мајки ќе почнат да реагираат брзо по само три ноќи.  Некои мајки побрзо ќе се навикнат, а други подолго време може да се спротивствавуваат на промените. ДОСЛЕДНОСТА Е КЛУЧНА! Ако им дозволите да преспијат само една ноќ, ќе го очекуваат тоа постојано. Знам дека е тешко! Но таа навистина немаат потреба од сон, само се спротивставуваат на промените.

Ако имате мајка која потешко се алармира, можете да престанете со плачење околу 10 минути, доволно долго за да се врати во креветот и повторно да заспие. Тогаш плачете повторно.  Тоа сигурно ќе функционира. Мојата мама еднаш остана будна цели 10 часа, па знам дека може. Минатата ноќ плачев на секој час. Треба само да се одлучите и да го направите тоа.  Бидете доследни!

Јас плачев за се што ќе ми паднеше на памет.  Вреќата за спиење ме скокоткаше на ногата. Чувствував како чаршавот не е добро испеглан. Мобилниот на мама направи сенка на ѕидот. Ждригнав и тоа имаше вкус на круши. Не сум јадел круши од ручек па се збунив. Мачката рече мјау. Требаше да ме извести претходно.  Еднаш плачев бидејќи ми се допаѓаше одекот на мониторот во другата соба. Премногу жешко, или премногу ладно – не е важно! Продолжи да плачеш!  Тешко е знам, но не се предавај. Мама ме нахрани во 4:00. Вечерва ќе мора да го направи тоа во 3:30. Мораш пополека да го намалуваш интервалот помеѓу оброците, за да го збуниш внатрешниот часовник на мама.

Понекогаш мама ќе повика засилување и ќе го испрати тато. Не грижи се, на татковците не им е потребно неспиење колку на мајките. Тие само можат да те погалат и неколку пати да речат шшш. Потоа прогласуваат пораз и ја испраќаат мама.

Исто така бидете претпазливи кога врне дожд.  Дајте и на мама лажна надеж дека слушањето на дождот ве успива. Јас понекогаш ги затворам очите и се преправам дека спијам, се додека мама не се опушти и не заспие, а потоа и приредувам изненадувачки напад на плачење. Ако не дојде до мене доволно брзо, продолжувам  со лажна кашлица која секогаш ја донесува до креветчето.

Има моменти кога почнувам да верувам дека сфаќа колку спиењето е непотребно.

П.С. Не дозволувај оние гумени нешта да направат будала од тебе. Без оглед на тоа колку долго ќе ги цицаш, од нив нема да излезе млеко. Верувај ми.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
5
Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
3
Ќотекот НЕ е излезен од рајот
Родителите имаат многу улоги во животот на детето. Тие се воспитувачи, доктори, тренери, возачи, учители, медијатори, го...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?