|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Pixa: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 7.1.2013
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Pixa

Датум на породување: 12.12.2012 година

Тип на породување: царски рез

Болница: Систина

 

Веќе три недели живеам нов живот кој ми го подари едно прекрасно, нежно а сé уште толку беспомошно суштество кое ми значи најмногу на свет и кое ми предизвикува насмевка само со една несвесна гримаса или кривење на устенцето.

Чувството е најверојатно исто или многу слично со она на сите жени кои првпат се соочуваат со предизвикот „мајка“ и мојата приказна во овој дел несомнено  многу ќе наликува на приказната на другите мајки кои го опишуваат моментот кога „јас“ се претворив во „ние“. Во овој момент ми текнува на Толстој и првата реченица од Ана Каренина „Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, а секое несреќно е несреќно на свој начин“. Колку вистинито и применливо за сите породилни приказни. Имено, кога се опишуваат среќните моменти, чувството на возбуда, среќа, возвишеност,  првиот момент кога на свет доаѓа и во истиот момент ве освојува ВАШЕТО дете, како сите зборови да се веќе употребени, кажани или запишани од некоја друга мајка. Но кога се опишува патот до тој момент, кога се споделуваат проблемите со забременување или во бременост, сите приказни се толку различни.

Ако се потпрете на статистика и истражувате колкава е веројатноста да имате било кој од посериозните проблеми во бременост поединечно, излегува дека веројатноста е на ваша страна и не треба да се грижите. Меѓутоа ако некој воопшто пресметал колкава е веројатноста да немате апсолутно никаков проблем за време на бременоста, верувам дека истата би била далеку пониска.

Иронично, професионално, целата моја работа се заснова на статистика и веројатност, а приватно, овие концепти некако се покажаа неприменливи. За почеток, со моите 30 години, статистиката покажува дека просечно време на забременување за здрави и плодни жени е околу 7 месеци, а до 12 месеци не треба да се „крева паника“. И ако во март си пресметав дека ако почнеме да се обидуваме, околу Нова година би требало да „се види резултатот“, мајката природа имала други планови. Јас за Нова година место ембрион во матката имав здраво бебе дома! Еден единствен незаштитен однос беше доволен за да видам две линии на тестот за бременост, и ме затекна неподготвена. Сепак, по една-две недели шок, се привикнав на новата ситуација и замислете, почнав да уживам во неа. Барем додека да почнат мачнините. Е во овој дел веќе се поклопив со статистичките податоци. Мачнините се својствени за првото тромесечие и токму тогаш и ги имав, и тоа во изобилие. Ослабев четири килограми и секојдневно исфрлав огромна количина желудничен сок од организмот. Благодарна сум единствено што забите ми останаа здрави наспроти нападот од киселини.

Првите брисеви не беа баш ветувачки почеток на здрава бременост. Уреаплазма. Прв пат дознав дека постои таква бактерија, и не само тоа, туку и дека постои во мојот организам! Прва грешка ми беше што се дијагностицирав на интернет пред да разговарам со гинеколози и прочитав еден куп страшни работи и можни последици од кои ми се крена косата на глава. А добрата страна беше што имав добар гинеколог кој ми објасни сé за присуство и инфекција од бактерија, која е разликата и што е причина за загриженост, а што не е. На кратко: самото присуство на бактеријата во организмот е безопасно за плодот, а доколку дојде до инфекција, тогаш може да се јави проблем. Ретко доаѓа до инфекција, но за да не се ризикува почнавме со антибиотици, па после продолживме со други и со трети и пак без успех. Бактеријата за жал си остана до крај во организмот, но за среќа не предизвика инфекција и како што покажаа испитувањата по породување не се префрли кај моето малечко. Од оваа перспектива, кога ги препрочитувам сите статии за уреаплазма на интернет сфаќам дека многу од нив се претерани и наликуваат на нарачани текстови. На пример, има цела страна за тоа колку е опасна бактеријата, за на крај да ви предложат, за ваша безбедност, да си порачате веднаш тест за детекција на уреаплазма за да ги избегнете горенапишаните проблеми.

Освен „страшната“ бактерија други проблеми немав. Крвните слики беа беспрекорни, сите параметри беа во дозволени граници, а и редовните контроли упатуваа на нормална бременост и на развој на здрав плод. Всушност, бебето беше нешто помало во однос на просекот, меѓутоа ништо не укажуваше на проблем во протокот на храна до него, така што најверојатно стануваше збор за ништо друго освен едноставно помало бебе во однос на просечните. Сите не сме исти, нели? А впрочем и мојата родилна тежина била нешто под просечната што одеше во прилог на оваа дијагноза.

Значи, без посебна причина за загриженост сé до триесет и шеста недела. И тогаш, едно саботно утро забележав нешто што беше дел (или барем така изгледаше) од мукозниот чеп. По долго пребарување на интернет, читање и гледање слики, решив дека мора да се консултирам со гинеколог и побрзав на дежурен во „Систина“. „Пресудата“ не беше пријатна. На ехо се покажа дека водењакот инклинирал и може да пукне во секој момент и потребно е да се мирува за да се избегне предвремено породување. Превентивно примив инекции за зреење на белите дробови и препорака за контроли и ЦТГ секој ден. Скринингот на плодот во понеделникот беше уште еден шок. Бебето скоро и да не растело последниот месец! Проценката беше дека има само околу 1800 грама. Задача ми беше да го контролирам притисокот неколку пати на ден. Пробав да му кажам на докторот дека до пред две недели го мерев три пати неделно, наутро и ми се движеше во нормала, и дека последните случувања ме загрижија и вознемирија по што очекувам да е повишен. Така и беше. Притисокот беше висок, но во едно погрешив, требаше да бидам загрижена за тоа, а не да го игнорирам и да го препишам на моменталната ситуација. Втор чекор наредниот ден беше препораката за анализа на крв и урина. Последната анализа ја правев пет дена претходно и сé беше во најдобар ред, но докторот инсистираше на уште една проверка (и многу сум му благодарна за тоа). Во средата наутро, додека ги чекав резултатите, не ни претпоставував каков ден ме чека. Се покажа дека има протеини во урината, вкупните протеини во крвта се намалени и многу други параметри кои пред само пет дена беа во дозволени граници беа драстично променети. Мојот организам почнал да страда од бременоста, моето бебе исто така. Дијагнозата беше прееклампсија, а решението итен царски рез. За два саата ме подготвија и ме испратија во операциона сала. И така на 12.12.2012 година, на последниот ден од триесет и шеста недела во 13:44, додека сé уште бев под дејство на спинална анестезија ми ја покажаа мојата мала принцеза. Сите викаа „види колку е убава“, „види како се смири кога го допре твоето лице“, а јас си мислев, „добро е, сама дише, и сите прстиња и се на број“. Имаше само 1750 грама, но беше исклучително жива и витална. Сонце. Беше во инкубатор неколку дена, без кислород, само заради регулација на температурата и бргу напредуваше.

Мојот организам беше во многу лоша состојба по породувањето. Притисокот не можеше да се регулира цела недела. Варираше од 220 со 130. до 110 со 70. Но и покрај тоа, секое утро кога поминуваа докторите да ги запознаат пациентите со најновата ситуација, јас со нетрпение го очекував педијатарот да ми каже колку грама има денес моето малечко.

И секој ден беше сé подобро. Верувам дека тоа влијаеше на подобрување и на мојата состојба. Особено кога почнаа да ми ја носат во соба, да ја држам, да ја дојам, да ја гушкам секој ден. И покрај толку кажување, не можев да знам колку е посебно чувството кога прв пат ја држев во раце, а таа почна да цица. Во тој момент почувствував како да ме прифати. Колку само лесно се поврзавме.

За девет дена мене притисокот ми се нормализира, а малата имаше константен напредок и 1900 грама. Бевме спремни за дома. Која победа за двете! Си отидовме здрави дома и секој ден сме сé подобри и подобри. Се запознаваме, го осознаваме животот кој верувајте  е нов и за двете нас и кој барем мене ми е најубав до сега.

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
4
taanjee: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Што треба да подготвите за бебето пред пор...
Сите родители со посебно возбудување се подготвуваат за доаѓањето на бебето на овој свет, а со желбата на своето малечко...
4
Кејт Мидлтон е бремена по втор пат!
Палатата потврди: Кејт и Вилијам го очекуваат своето второ дете!
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?