|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Писмо на воспитувачка од градинка

Редакција Рингераја, 21.11.2016
Јас сум воспитувачка. Моето срце е големо колку планета и отворено за секој кој сака да влезе. Мојата прегратка е доволно топла за да избрка секаква тага, пишува воспитувачката Кристина Калиман

image
/11


 

Почеток на нова учебна година. Нова група во јасли од 20-тина деца. Пет од лани, петнаесет за прв пат тргнуваат во градинка. Разлика во староста на најмалото е најстарото дете е 1 година и 4 месеци.

 

Период на адаптација. Деца, родители, воспитувачи. Одвојување на децата од родителите, за многу од нив по прв пат во животот. Изненадување, тага, страв, неизвесност. Солзи, плачење, вриштење. Едно дете се одвојува од другите и наоѓа мирно место во кое ќе се смири. Едно дете стои на врата и плаче чекајќи ја мајка си. Секој обид за смирување и утеха на детето, резултира со уште поголема тага. Уште две деца во дневен престој реагираат исто: не ме допирај, не ми се обраќај, ама воопшто не ме гледај. Други деца трчаат по воспитувачката. Прегрни ме, крени ме, зборувај со мене, пеј ми.

 

Да имам барем уште три пара раце

Тука сме каде што сме и секоја промена ни паѓа тешко. За прв пат во животот размислувам за естетска операција. Корекција на носот? Не. Пополнување на усни? Не. Размислував за вградување на дополнителен пар раце за да можам да ги утешам сите деца кои ги имам во групата, да го прифатам новото, да им поделам оброци, да им сменам пелена, да им дадам играчка, да ја избришам истурената вода...

Во првиот месец дознавам сешто за моите мали пријатели. Еден од нив уште не проодил. Дванаесетина јадат потполно самостојно, шест деца се мачат со лажицата и треба да се нахранат, две деца воопшто не јадат сами. Две деца од групата имаат тешка алергија. На различни продукти. Нивното мени го проверував три пати пред да им дадам да јадат. Едно дете знае само да оди во WC, три деца на нокшир, останатите во пелена. Повеќето деца во градинка носат нешто од дома. Тоа е ОК, ги поттикнуваме да носат преодни објекти.

 

Детските јасли станаа прекрасно место

По еден месец, сите се запознавме подобро и ги прифативме своите различности. Рутината која ја усвоија децата  им го олеснува престојот во градинка. Секој ден поминува исто – доаѓање во градинка, облекување на пантофките, простување со родителите, појадок, игра и планирани активности, пресоблекување на пелени, овошен оброк. Излегување на тераса, ручек, попладневен одмор, играње, враќање дома.

Денот стана предвидлив и сега сите деца знаат дека родителите ќе се вратат да ги земат. Ги сакаат и никогаш нема да ги заборават. Се уште повремено има солзи. Но јаслите станаа прекрасно место. Место во кое децата полека, секој ден со се поголема сигурност и среќа, влегуваат со насмевка и трчаат да ја прегрнат воспитувачката. Место во кое се пее, игра, свири, црта и игра со пластелин. Место во кое се читаат најволшебните приказни. Место во кое децата се сакаат, негуваат, прифаќаат, разбираат и поттикнуваат да бидат најдобри.ж

Повеќето деца во групата влегуваат без плачење. Некои од нив веднат трчаат да ја прегрнат воспитувачката. До крајот на годината повеќето од нив ќе го прават истото. Девојчето кое упорно одбиваше да јаде, утрово го изеде цел појадок за прв пат. Моето трпение и упорност се исплатија и чувствувам олеснување.

 

Чувствувам гордост и нежност

Девојчето кое бараше мирно место како би била сама со својата тага, денес весело трча по нашата тераса со широка насмевка. Ја чувствувам нејзината среќа и срцето ми е полно. Едно момче го гали другарчето на кое му треба утеха.

Децата можат, знаат и сакаат. Дури и во јасли можат да бидат самостојни. Можат сами да јадат, да пијат и да си го избришат носот. Можат  да бидат одговорни за своите постапки. Ги знаат правилата на групата и знаат што се очекува од нив. Знаат дека се сакани и почитувани. Сакаат да играат и да учат низ игра. Сакаат да усвојуваат нови навики, вештини и способности, кои . Сакаат да се смеат и да бидат тажни. Моја работа е да им бидам од помош, да ги туркам напред и да им овозможам нови искуства и знаења.

Јас сум воспитувач. Моето срце е големо колку планета и отворено за секој кој  сака да влезе во него. Мојата прегратка е доволно топла да истера секаква тага. Моето лице има насмевка за секоја детска неспретност, упорност, напредок, успех. Моето разбирање е длабоко колку океан. Моето задоволство со животниот позив кој сум го одбрала е преголемо и не се опишува со зборови.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Доење: „Мозолките“ на брадавиците играат в...
Неверојатно за какви детали се погрижи природата! Погледнете го видеото за тоа колку се важни тие ситни дамки засадени н...
5
Привикнување на нокшир за момчиња - 5 чекори
Времето брзо помина и вашето малечко веќе не е бебе. Дојде време кога размислувате дали да започнете да го привикнувате...
4
Рецепти за први оброци на бебето
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...
4
Колку сон им треба на бебињата? Табела за ...
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој пост ќе ве научи колку спиење му е потребно на ва...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?