|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Писмо до тебе, сине...

Bethany, 11.1.2013
Дневникот на Bethany

image
/11


 

 

Сонцето мое мало... колку само ме исполнуваш, ми ја полниш душата со топли чувства, ми го подигнуваш духот кога ќе слезе во бездната на стравот, грижите, депресијата. Ме ослободува твојата насмевка, твоите ѕвездени очи, не можам да останам заробена. 

Твоето мило лице ми го топли срцето и буди убави нешта кои сакам да ги споделам и пренесам на сите околу мене. Би сакала сите да ја чувствуваат радоста и благодарноста во срцето, да бидат несебични и безусловни во својата љубов кон своите најблиски.

Те чекав да дојдеш.... За мене тоа беше испит на трпение, за спремноста за да те дочекам со раширени раце и одлучноста да ти овозможам се што е во мојата можност за да ти помогнам да го пронајдеш вистинскиот пат.

Се преиспитувам многу често, ако не и секојдневно, за одлуките и однесувањата кои ти ги покажувам, на што те учам, какви сигнали ти испраќам, какви примери ти покажувам. 

Секојдневно си простувам себеси за грешките што ги правам, прифаќајќи дека не сум совршена, а истовремено стремејќи се да бидам тоа. Знам и дека нема да станам совршена, ама милиметар по милиметар да сум барем поблиску.... најмногу заради тебе.

Се што посакувам е да израстеш во здрава личност, да знаеш да се вреднуваш и сакаш себеси и другите околу тебе, да ги почитуваш другите, да помагаш на слабите, да бидеш праведен спрема угнетуваните, да бидеш добар пријател, верен сопруг и прекрасен пример на своите деца. 

Твојата добрина да биде забележителна и да ги инспирира другите да ја следат. Да имаш цврстината во одлуките и непоколебливост да се бориш за твоите соништа. Милосрдноста да ти живее во срцето и храброста да те следи на секој твој чекор. 

Уште од малите нозе да знаеш да го распознаваш доброто од лошото и да избираш да го победуваш злото со доброто. Да обилуваш со охрабрување, за другите да ги пронајдат своите таленти.

Посакувам да имаш смелост да сведочиш за вистина и правда на секое место, да носиш реформација на урнатини и трансформација на умот и срцето, пред се во твоето, па и во луѓето на твојот пат. 

Да не се задоволуваш со површни работи, туку да копнееш да проникнеш до самата длабочина на нештата и да изнесеш на површина "скриено богатство". 

Секое искушение да ти ја надгради личноста и да те доведе поблиску кон целта на твоето постоење. Секоја повреда и болка која ќе ја почувствуваш во текот на твојот живот да не те зароби, туку напротив и од нив да извлечеш сила и поука и мудрост, и на оние кои поминуваат низ истото да им дадеш надеж за подобри денови. 

 

Ах, твоите топли рачиња на моето лице и твојот поглед кој зборува: Те сакам, мамо....

Посакувам секогаш да го чувствувам тој поглед.... И кога ќе порастеш и ќе имаш своето семејство.....

Ги оставам сите моите стравови, грижи, сомнежи пред Бога и Го молам за мудрост додека сум одговорна пред Него за тебе, твојот живот, твојата личност да стане квалитетна. Да станеш човек!

Мојата мисија си ти, сонце мало. За да утре и после неколку години и после неколку децении повторно го чувствувам твојот поглед кој зборува: Те сакам, мамо. 

Ете, со тоа те благословувам јас, твојата мајка, како што и ти самиот ме благослови со твоето постоење, со топла прегратка, очи полни со љубов и благодарност, со детска радост која ја носиш во срцето, со тоа што самиот ме поттикна за благородни нешта за тебе, за себе, за другите...

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
5
Направете сами: Креативни бебешки креветчиња
Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот член, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото...
5
Што би променила во воспитувањето на децата?
Да можам да го вратам времето назад, сигурно како мајка би ги променила овие 9 работи!
4
Период: Тато го сакам повеќе од мама?!
Заеднички феномен кај малите деца е да минуваат низ фаза, ориентирана кон татковците. Оваа фаза се случува обично околу ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?