Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
На својот блог Candice Cury напиша отворено писмо на маќеата на својата ќерка. Писмото стана вистински интернет хит.
Candice почнува со искрена изјава дека се сомневала во 29-годишната Ashley Parish, сопруга на нејзиниот бивш маж:
- Никогаш не те сакав овде, едноставно не беше дел од планот. Додека сонував за семејство, ти не беше во тој план. Не сакав помош од друга жена во одгледувањето на моето дете. А се сомневам и дека ти си планирала да одгледуваш дете кое не си го родила...
Candice признава дека пред да ја запознае Ashley, се надевала дека е некоја баба, со која нејзината ќерка нема да сака да има ништо. Но, нејзиното мислење се променило кога ја запознала Ashley.
- Кога те сретнав прв пат, признав дека не си таква каква што те замислував и ме гризеше љубомора. Требаше да бидеш грозна, се сеќаваш? Но ти беше преубава. Требаше да бидеш баба, а всушност сфатив дека си преубава млада, слатка жена. Моите планови се осуетени. Ја прифати мојата ќерка, од почетокот ја сакаше безусловно, исто како и нејзиниот татко, што е вистински дар за сите нас. Ја вклучивте мојата ќерка во се' што правевте и направивте да се чувствува сакано и прифатено. Го стави односот со ќерка ми над вашата врска, а само храбра и силна жена може да го направи тоа.
Ashley била во животот на девојчето седум години, од кои две години како маќеа. Candice признава дека таа и Ashley разменуваат пораки. Таа кажува дека е благодарна што ја има Ashley како дел од своето семејство.
- Ветувам дека секогаш ќе го почитувам твојот допринос во одгледувањето на нашата ќерка. Никогаш нема да се трудам да ја намалам твојата позиција во нејзиниот живот, ниту ќе направам да се чувствуваш како да не си нејзина мајка. Ветувам дека ќе ја учам ќерка ми да биде благодарна што има две силни и храбри жени во нејзиниот живот, кои имаат храброст заедно да и бидат мајки.
Кога писмото беше објавено, ќерката била кај својот татко, па и раскажала на мајката дека Ashley плачела кога прочитала.
- Candice, не знам што да ти кажам, не сум баш добра со зборовите како тебе. Се што можам да кажам е дека плачев кога читав. Ти благодарам за ова писмо, се чувствувам толку посебна. Ми го разубави денот и секогаш ќе го држам блиску до срцето. Те сакам – напиша Ashley.
Биолошката мајка на девојчето, авторка на ова писмо - Candice Cury
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?