|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

petra27: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 10.1.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/41


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: petra27

Датум на породување: 07.11.2010 година

Тип на породување: царски рез

Болница: Систина

 

 

Се започна на 16 февруари 2010. Покрај толку неуспеси, болки, солзи кои траеја три години, знаев дека тој ден, таа инсеминација ке биде успешна. Кога на 29-ти февруари конечно во мои раце беше тестот со две цртички, уфффф, само Господ знае како се чувствував во тој момент. Толку многу бев срекна...

Потоа следеше една долга и да речам тешка, ризична бременост, проследена со многу крварења, често лежење во болница, во 27-ма недела серклаж, значи бременост со многу неизвесност. Лежев цели девет месеци.

Откако ми го направија серклажот молев Бога да издржам до 32-ра недела бидејќи бебчето беше само едeн килограм  кога започнав да се отварам. Секое утро, секоја минута го молев Господ да ми помогне да останам позитивна како и до тогаш и да успее оваа бременост. Го сакав ова бебе, сакав да го гушнам, да му кажам да остане таму уште малку, да издржи...и верувале или не дојде до самиот термин...

Веке од 8-ми месец одев на ЦТГ, имаше сосема мали контракции, но ете дојде и крај на 9ти месец.

Недела 07.11.2010, прекрасен сончев ден. Имавме закажано ЦТГ во 9 ипол, но утрото се разбудив во 7 часот. Бев до тоалет и се вратив во кревет. По кратко време почувствував некои болки и станувајќи од кревет почувствував дека нешто ми пукна, па претпоставив дека тоа е водењакот. Почувствував возбуда, едвај го чекав тој ден, едвај чекав да го видам борецот, херојот на мама што толку пати се бореше да остане внатре во стомачето на мама. Знаев дека ке биде нешто посебно, знаев дека е Господово бебе, како што кажа и докторот.

Мојот сопруг веке беше разбуден и веднаш ме праша што ми е, бидејки сепак краен термин беше. Јас едноставно незнаев дали се тоа породилните болки. Леле само кога ке ми текне си се смеам сама на себе - неколку дена пред тоа направив список што треба да понесам во болница со мене, за да не лутам тој ден, си се мислев што ке облечам...ехх, значи го облеков првото нешто што ми дојде при рака.

Стигнавме во Систина, јас едвај стојам од болки, но насмеана, радосна, весела...едвај чекав да го видам.

Прво ме приклучија на ЦТГ и верувале или не сестрата не можеше да му го најде срцето. Значи тука се случи едно замрзнување на крвта. Дежурниот доктор веднаш ме прегледа на ехо, се беше во ред, од јаки контракции  не можел да го регистрира апаратот. Бев отворена пет прсти и секако веднаш ме задржаа. Сето тоа ми е како низ магла, толку блиско а сепак далечно. Ме сместија во соба, повторно ме приклучија на ЦТГ, контракции на секои 20 секунди, замислете, а јас ги очекувам на 10 минути па на 5 минути, ха ха, од старт беа на 20 секунди и беа толку редовни и болни.

Неможам да опишам како се чувствував, колку мисли ми прелетаа низ главата, колку бев збунета а сепак приземна, силна, борбена. По кратко време веќе ме носеа во породилна сала. Решивме породувањето да тече природно, бидејќи јас се отварав брзо. Ми ставија епидурална анестезија, а веке бев 7 прсти отворена. Верувале или не глас не пуштив, а толку многу болеше, но во мислите ми беше само тоа мое бебе што ке го сретнам набрзо, што ке го гушнам и бакнам конечно. Откако ми ја ставија анестезија веке беше полесно, за кратко време бев 9 прсти отворена и морав да стојам бидејки бебето беше многу горе, за да се симне надолу. Стоев речиси час и половина но бебето сеуште беше високо. Дојде

Д-р.Матевска и ми рече дека бебето е поголемо за мене и дека ако се помрдне еден см може да заглави. И верувале или не, така беше, веке целосно бев отворена, но бебето никако да излезе. Во меѓувреме папочната врвца му се замотала околу врат и мораше да ми прават царски.

Ме однесоа во сала, ме подготвија. Тоа беше едно чудно чувство, сите си ја работат својата работа, а јас ги броев сијаличките на рефлекторите, слушав што зборуваат, во позадина музика, смеење, а во моите мисли безброј чувства. Единствено анестезиологот ми зборуваше и ми кажуваше што се случува. Ми одекнуваа зборовите во мислите, еве уште малку и готово. И конечно ја слушнав докторката ”Mама еве го синчето!” и ми го покажаа на кратко. Го чекав плачот, но тоа кратко време траеше вечност. И плач! Ми олесна, очите ми се наполнија со солзи, ме преовладаа емоции кои верувам дека никогаш нема да ги заборавам. Беше едно незаборавно чувство. Потоа ми го доближија замотано во пелена, уффф, како јапонче беше. Неможев да поверувам дека тоа е моето бебе, да, да моето !

Откако заврши ме однесоа на интезивна нега и ми рекоа дека ке ми го донесат. Се роди 3380 гр.  а долго 51 см. Цел ден и цела вечер не спиев од возбуда, му се јавив на сопругот, ми дадоа таму телефон, многу сакав и тој да е до мене и заедно да го поделиме тој миг, но ете бев сама. Прво нешто што ми кажа сопругот, бидејки тој го виде, беше дека многу личи на мене и дека има многу коса.

И конечно вечерта ми го донесоа, едно мало бушаво човече кое навистина многу личи на мене. Нема да го заборавам моментот кога за прв пат ги видов тие очиња, тие мали рачиња.

Веќе следното утро го држев моето ангелче Стефан во раце, го гледав и неможев да му се изнагледам. Беше едно мало совршено бебе, посебно бебе, бебе со мноооогу коса. Го гушкав, го милував, едноставно од тој момент стана нешто најважно, најсакано, најскапо нешто во мојот живот. Навистина беше борец, ја чувствуваше љубовта на мама и тато додека беше во стомачето и издржа таму до крај, за сега навистина да почувствува една силна, бескрајна, огромна љубов што му ја даваме...

Сега сме скоро 2 месеци, уживаме, се гушкаме, конечно сме исполнети, конечно сме целосни, го имаме нашиот ангел покрај нас, кој ни го одзеде срцето и завледеа со него...

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Стефан !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто добивам тежина толку брзо за време н...
Леле! На вагата можете да видите колку брзо ова бебе расте во вашиот стомак. Да ја разгледаме оваа често контроверзна те...
4
Метален вкус во устата за време на бременоста
Бременоста влијае прилично на секој дел од вашето тело, а устата и вкусот не се изоставени. Но, да се има кисел метален ...
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?