|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пет тајни на среќните родители

Редакција Рингераја, 11.3.2014
Наместо да гледате на детето од птичја перспектива на родител, обидете се да се спуштите на негово ниво

image
/11


 

 

Тоа значи да се обидете да гледате на светот како на нешто ново, што допрва треба да се открие, што е фасцинантно, а можеби и застрашувачки. Тоа значи да го изгубите поимот време и да гледате на светот со радозналост. Стручњаците тврдат дека таквиот пристап сигурно ќе доведе до подобар однос со детето, што ќе резултира со подобро воспитано дете, а и посреќни родители.

 

Бидете со него дури и кога ви е тешко

Децата сакаат да сме блиску до нив, дури и кога не бркаат. Од нас очекуваат да останеме прибрани, посебно кога тие се вознемирени или уплашени. Дали тоа значи дека секогаш треба да бидеме попустливи? Сигурно дека не. Но мораме да прифатиме дека децата се понекогаш добри, а понекогаш не. Важно е да знаат дека се сакани дури и кога прават работи кои нам не ни се допаѓаат.

 

1

 

Вие сте “газда

Родителите се понекогаш збунети. На малите деца им се потребни ограничувања, од нас очекуваат да бидеме авторитативни и да им кажеме кога е доста. Некои родители се плашат дека детето ќе се налути на нив и прават се' за да не се случи тоа. Но децата  нема да можат да научат како да се изборат со негативните чувства, ако секогаш ги спречувате да ги доживеат.

 

4

 

Воспоставете рутина

Тоа не значи дека не треба да бидете потполно нефлексибилни. Важно е кај детето да воспоставите рутина во секојдневните работи – кога е време за оброк, за бањање, за читање, за спиење, за игра... Рутината не подразбира строги правила. таа е потребна за детето да се чувствува посигурно. Секој пат кога ќе дојде до промена на воспоставениот распоред (заради посета на бабите и дедовците, родендени, Нова година) детето се учи на флексибилност.

 

Бидете реални

Родителите лесно забораваат што реално може да очекуваат од детето, па имаат нереални очекувања. Следете го развојот на детето и поставувајте му задачи. Од двегодишно дете на пример не можете да очекувате да ја врати секоја играчка на своето место и собата да му биде уредна. Секако дека заедно можете да ги враќате играчките во кутија.

Потребно е да имате на ум уште нешто: сметајте на регресија во развојот, бидејќи децата прават два чекори напред, а еден назад, независно дали станува збор за употреба на нокшир, премин од креветче во кревет, или одење на училиште. Тие секогаш ќе направат еден чекор назад за да ви покажат дека сте им потребни. Децата не сакаат кога имаат потполна слобода да прават што сакаат и кога сакаат (иако така се однесуваат).

 

3

 

Децата не се наша слика и прилика

Некои родители се збунети кога ќе откријат дека нивното дете се разликува од нив по темперамент. Американскиот педијатар Това П. Клајн опишува случај на една мајка која била загрижена затоа што нејзиниот 2-годишен син не сакал да се дружи со врсниците. Тој и предложил заедно да го набљудуваат додека е во градинка со другите деца.

-          Детето стоеше на една страна на просторијата, ги гледаше другите деца како си играат, изгледаше заинтересирано за тоа што прават, но се држеше на сигурна дистанца. Мене ми изгледаше како да посматра и да ги впива информациите и да следи што се случува.

Но мајката имала сосема друго мислење: ”Дали гледате дека се плаши? Се плаши дека никој нема да сака да игра со него”. Професорот ја праша мајката зошто така мисли, а таа му одговори: “Познато ми е тоа чувство. Децата никогаш не сакаа да си играат со мене.’

Запомнете: Децата не се ваша копија. Вие сте имале свои искуства, а тие имаат свои.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Краток водич: Како да ја одржуваме облеката?
Знаеме ли што значат симболите на етикетите?
13
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Научете го синот да биде џентлмен
Вашиот син – културен и воспитан дечко со кој се гордеете. Еве неколку совети за родителите на момчиња
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?