|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Период: Тато го сакам повеќе од мама?!

Редакција Рингераја, 21.8.2014
Заеднички феномен кај малите деца е да минуваат низ фаза, ориентирана кон татковците. Оваа фаза се случува обично околу втората година, а потоа постепено се намалува нејзиниот интензитет...
Клучни зборови:

image
/11


 

Во овој момент мајките се чувствуваат вистински игнорирани. Порано биле најважната личност во животот на детето, главниот извор на грижа и топлина и одеднаш - крај! Детето почнува да покажува силна приврзаност кон својот татко, некои дури почнуваат татковците да ги нарекуваат "мама".

Во овој момент, тоа "мама" побрзо е еквивалент на "удобност" повеќе отколку на поимот за мајка. Во оваа возраст децата се уште немаат јасно структурирано поим за женски и машки пол.

Карактеристично е децата пред 2-годишна возраст да се приврзани кон мајката. Но, во еден момент, во кој ќе почнат да се чувствуваат малку независни таткото  станува примарна фигура во нивниот свет. Често овој период не трае особено долго. Тој е бурен и емоционален. Откако ќе помине не значи дека децата престануваат да ги сакаат своите татковци, само непречено се враќаат кон мајката.

Многу мајки се чувствуваат непријатно кога детето ќе почне да плаче, или  кога се обидуваат да го хранат. Уште повеќе кога детето почне да вика по тато. Ова е вистински удар по самодовербата и емоциите на мајката и може да доведе до сериозни проблеми во односите на двајцата родители.

Наместо да му придавате важност на овој период и да страдате, анализирајќи ги деталите, оставете детето да се порадува на врската со својот татко. Не сите деца успеваат да изградат трајна и силна врска со своите татковци. Обично и татковците имаат вина за ваквиот развој на настаните.

Но ако вашето дете поминува низ сличен период, знајте дека нема за што да се грижите. Во никој случај не го претворајте периодот во  проблем и не го  прекорувајте партнерот. Оставете овој период  да помине.

Обидете се со секакви невербални игри, за кои ви текне, за да останете во врската со своето дете – милувајте се, трчајте, скокоткајте  го. Смеата останува универзално средство за приближување во секоја возраст! Таа го зголемува нивото на окситоцин во телото, што од своја страна ја стимулира приврзаноста.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4
Склопување нови пријателства
Погледнете го разговорот со психологот Розета Павлова и искуството на мајката Ивана Кочева и нејзиниот син Михајло на те...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?