|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Pepelaska RR: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 25.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Pepelaska###

Датум на породување: 05.09.2010година

Тип на породување: природно

Болница: во Кичево

Еве и јас како тазе мама која постојано ги чита информациите на Рингераја, кои многу ми помагаат решив да ја споделам мојата породилна приказна. Се’ започна една недела пред породувањето. Иако терминот ми беше 15 септември се’ започна на 30 август. Бев на редовна контрола кај мојот матичен гинеколог кога откривме дека притисокот почнува да оди над границата. Ме ставија на цтг на одделение. Покажуваше чести болки кои јас не ги чувствував. Гинекологот кој беше дежурен сакаше да останам но кога му кажав дека претходно ме прегледа мојата докторка и дека не сум отворена ме пушти дома. Си продолжив со старото темпо, секој втор ден одев на цтг некогаш покажуваше мали болки, некогаш не. Јас сеуште не чувствував силни болки, но нешто ми кажуваше дека денот кога ќе го видам моето мало е блиску. Така си дојде и викендот. Саботата беше дождлива, па и мојот сопруг беше слободен. Бидејќи цело лето шетав во фустани и влечки, тој ден немаше што да облечам, заради отоците и тежината. Излеговме, си купив тренерки да бидам спремна за дождливите денови. Почна константна болка во половината и долниот дел од стомакот. Мислев дека сум настинала бидејќи залади малку. Вечерта нашите другари ни се јавија за на вечера, сакаа да чeстат за првата плата на сопругата на другарот на маж ми. Ние одбивме заради болката која стануваше се појака и појака. После некое време таа ми се јави и ми вика ајде нема да се породиш додека бебето не касне од мојата вечера. Некако се намали и болката и излеговме. Бидејќи беше ладно најсмешното беше што немав што да обујам па морав да излезам со машки огромни кондури.Така си отидовме во ресторан, вечеравме и подзаборавив на болката, Кога дојдовме дома легнав веднаш. Ноќта бев многу вознемирена и постојано одев во тоалет. Е веќе утрото почна страшното.

Сончева убава тивка недела, која никогаш нема да ја заборавам. Околу 10 часот отидовме во болница. Докторот ме прегледа ми вика сантим и пол си отворена ама немаш силни болки ни на цтг и ме пушти дома. Тогаш стана пекол, почнаа оние болки за кои толку слушав но не сакав да отидам на болница затоа што го викаа докторот од дома бидејќи беше недела. Околу 5 часот заминав на гости кај моите родители кои живеат на 5 кат. Таму болките станаа се посилни и посилни и веќе не се издржуваа. Набрзина се истуширав и заминавме. Го викнаа повторно докторот. Ме прегледа и ми рече “ Ти денес ќе станеш мајка, од денес си жртва за твоето дете. Отворена си 8 и пол сантими облeкувај спаваќа и ајде на ехо. “

Во тој момент не знаев дали да полудам од среќа или страв. Се сеќавам само на бакнежот на мојот сакан и затворањето на вратата од ходникот каде останаа моите најмили. Бебето беше високо поставено бидејќи го чекавме терминот за да се спушти, но ете ништо. Ме однесоа во сала ми ставија инфузија од која добив уште повеќе болки. За страшливка како мене добро издржав. Породувањето почна убаво но на крајот заврши со вакуум кога мојот син се заглави, бидејќи јас немав сила. Тие моменти никогаш нема да ги заборавам, стравот дали се ќе биде во ред. Во 19:20 часот го слушнав мојот Мартин ,моето сонце кое се роди 3700 грама 52цм. Веднаш го однесоа да го средат додека ме средуваа и мене. Кога тргнавме во соба ми го ставија на градите. Тоа беше незаборавно чувство после кое поминаа сите болки.

Нема поубав ден од денот кога се станува МАЈКА.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Мартин !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
5
Зошто се повеќе се раѓаат гигантски бебиња?
Се чини дека секоја недела во јавноста допира по една информација за новороденче кое шокира со својата неверојатна тежин...
4
Медикаментозен абортус
Медикаментозниот абортус е понов метод за прекинување на несакана бременост со употреба на таблети, наместо со хируршка ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?