|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

penelopa: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 24.1.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/51


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: penelopa

Датум на породување: 01.11.2010 година

Тип на породување: царски рез

Болница: Општа болница Птуј

 

 

Секоја жена станува потполна дури тогаш кога ќе стане мајка т.е кога ќе ги почувствува благодетите на мајчинството. Патувањата, пријателите, кариерата се само дел од нејзиниот живот. Но кога ќе го добие своето најмило дури тогаш станува свесна дека оттогаш па натаму центарот на нејзиниот свет е токму тоа мало суштество, тоа мало беспомошно битие, жедно за нејзината љубов и внимание. Навистина цело е кога има се, а тоа се' е непотполно без детската насмевка.

Се' започна пред десетина години кога прв пат го запознав мојот сегашен сопруг. Тогаш бевме деца, средношколци можеби и не верувавме дека вака ќе завршиме. Во тие десет години имаше се - солзи, непреспиени ноќи, средби и разделби, воздишки, топли прегратки. Се' се смени пред околу 4 години кога конечно решивме да почнеме нов, заеднички живот. Јас се преселив во нова околина со надеж дека конечно ќе си го најдам местото, таму покрај него. И не згрешив. Годините поминуваа, се издигнавме интелектуално и веќе беше време, време да станеме семејство.

Одлуката да “направиме”бебе дојде многу спонтано. Признавам, јас бев по опседната дали ќе ни успее и колку долго ќе трае, но сопругот имаше право кога ми велеше да не мислам на тоа туку едноставно да се препуштиме на моментот. И така беше...

Денот кога прв пат ги видовме магичните цртички беше 16.03.2010. Некако имав претчувство дека баш тој месец ќе се израдуваме бидејќи сопругот беше на службен пат во Белград. Направивме два теста и двата беа позитивни. Следниот ден купивме уште еден за секој случај. И тој беше позитивен. Колку измешани чувства и мисли се вртеа низ мојата глава. Не бев ни свесна дека наскоро ќе станам мајка се до моментот кога на ултразвук го видовме тоа мало ембрионче што пулсира. Заплакавме од среќа.

На денот на нашата регистрација 21.03 им соопштивме на нашите најблиски дека чекаме принова. Река од солзи, и планови што и како понатаму.

Уште во 12-та недела видовме дека е машко. Што би рекол сопругот: “Не е важен полот, важно да е жив и здрав”.

Месеците си поминуваа а мене веќе почна да ми се познава стомачето. Едвај чекав да го покажам. Секој ден беше се поголемо и поголемо. Секојдневно читав што се случува, како расте и се развива тоа мало суштество во мене. Така и ја пронајдов Рингераја.

За време на бременоста бев мошне активна. Се' течеше нормално, и јас и бебето одлично напредувавме па немаше потреба само да се излежувам. Секојдневно пешачев и се чувствував неверојатно полна со енергија.

Отсекогаш сум велела дека јас ако раѓам тоа дефинитивно ќе биде со царски рез. Едноставно сите приказни што сум ги слушнала околу природното породување ми влеаја страв,а и познавајќи се себеси колку не поднесувам болка, царскиот рез за мене беше единствена опција. И замислете и бебето така си беше поставено- карлично, уште од почетокот па се до крајот. Убав тој на мајка, уште од тогаш си ја слуша мајка си.

Се ближеше крајот. Останаа уште неколку недели. Со полна пареа ги подготвувавме работите за бебето. Креветче, количка, маса за пресоблекување, облека и уште милион мали а слатки нешта. Се договоривме и за термин кога да до направиме царскиот рез. Но....

Некогаш работите не излегуваат така како што си планираме. Син ми реши да дојде на овој свет порано. Три недели порано.

Беше Понеделник 01.11. Кај нас неработен ден. Среќа. Сабајлето се фатив за чистење како по обичај...тешка педантерија сум, ми нема спас. Сопругот ме искара да не се заморувам толку бидејќи последните неколку дена стомакот стално ми се затегнуваше и тоа јако, скоро не можев да дишам но потоа се стануваше нормално. Ех дури сега знам дека тоа биле лажни контракции. Околу 12.30 часот легнавме малку да одмориме. Скоро сум задремала но морав на ве-це. Станав и наеднаш почувствував нешто, не знаев што се случува. Додека стигнав до вецето нешто почна да тече од мене. Вода без боја и мирис. Само крикнав:

„Oооо my God!„ Сопругот се стрча и избезумен почна да се јавува кај неговите, инаку доктори. Свекрва ми малку ме смири и ни рече веднаш во болница. Набрзина облеков тренерки, земав несесер за лична хигиена и веќе бевме на пат за Птуј.

Патот од Љубљана до Птуј, инаку некои сто и дваесет километри маж ми ги превози во 45 минути. Не ни осетив. Мислев и се молев само бебето да издржи. Само нему да му биде добро. За среќа болки немав.

Стигнавме. Конечно. Толку многу ми беше страв што не ни размислував дека е дојден тој ден. Денот кога Цирил ќе ги запознае мама и тато. Почнаа да ме подготвуваат. Плодовата вода сеуште течеше од мене. Ми рекоа дека треба да почекам час и половина и дека околу 17 ќе ми направат царски рез. Времето минуваше полека. Сопругот ме држеше за рака и ме тешеше. Се ќе биде добро. Ме однесоа во операциона сала. Милион непознати луѓе во зелени мантили си ја вршеа својата работа а јас само нешто потпрашував зошто сега ова, а што е тоа. Последно на што се сеќавам е дека му реков на докторот, инаку семеен пријател: „Ветуваш дека се ќе биде во ред„? „Ветувам„ беше неговиот одговор. Во истата секунда заспав.

Се разбудив околу 19 часот со страшна главоболка која ме тераше да спијам. Очите не можев да ги отворам. Но видов, стомакот го немаше повеќе. Сестрите околу мене ми честитаа и ми кажаа 2740г. тежок и 48см. е долг вашиот син. Јас само посакував да го видам. Се прашував како изгледа тој мој мал ангел. Ноќта ја преспав, најверојатно поради сите средства што ги добив против болки. Утредента ме преместија во соба но најпрвин ме однесоа да го запознаам тоа мало суштество што скоро девет месеци растеше во мене, тој мал човек што секојдневно ја будеше мама околу 22 навечер. Ах каков момент е тоа- волшебен. Ме облеаја солзи, сакав да го прегрнам но не бев доволно моќна....само го бакнав и му реков : „ Здраво мое малечко„...добре ни дојде, ангелу наш!

Отпосле сопругот ми кажа колку само силно заплакал кога го извадиле....

Со душа и срце го чекавме денот кога Цирил, нашиот јунак си дојде дома. Бевме избезумени...Многу работи не беа купени, но се снајдовме...Времето брзо минува, секој ден растеме и се развиваме и секој ден Цирил ги изненадува мама и тато со нешто ново. Најпрвин тоа беше насмевка, денес дури гугаме и мавтаме со рачињата. Мама и тато се топат од радост....

Не знаев дека едно толку мало суштество може да подари толку многу среќа и возвишени чувства.

Те сакам безмерно мое мало детенце!

П.С: Цирил своето име го доби по дедо му, има исти рачиња ко дедо му па дури и иста крвна група. Можеби ќе биде и доктор како дедо му. Времето ќе покаже...

 

Ваша Penelopa

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Цирил !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
4
Од јадење сладолед во бременост бебето нас...
Најчудните совети на нашите баби!
4
Можна причина за чести спонтани абортуси
Синдром на Хјуз - Што претставува?
4
AnnaMolly: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?