|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Педијатарот, секогаш за свои партнери ги има родителите бидејќи имаат заеднички интерес, а тоа е здравјето на детето

image
/11


 

 

Педијатарот и  родителите партнери  во  чување на  здравјето на  детето

Првиот  контакт  на  родителите   со  лекар-педијатар  најчесто се случува  во породилиштето, при раѓање на  детето. Имено, педијатарот неонатолог е одговорен  за првичното  прифаќање  и  неопходната реанимација по раѓање на новороденото дете. Потоа се грижи за  неговата соодветна адаптација (транзиција)  во постнаталниот период во породилиштето. Во овој период особено   е важно да се  работи на процесот на воспоставување на успешно доење, едукација на мајката за  нега на детето, почнување на  имунизацијата (вакцини против  туберкулоза и Хепатитис Б, како први). Треба да се  земат  во предвид  и  специфичните проблеми кои може да  ги има секое дете поединечно(особено ако е недоносено т.е.родено пред полни 37гестациски  недели  бременост) како што се: проблеми  со дишењето, инфекции, жолтица, отежната исхрана и  др.

Важно е да се напомене дека педијатарот, секогаш за свои партнери ги има  родителите бидејќи имаат заеднички интерес, а тоа е здравјето на  детето. По излегување  од породилиштето потребно е да се  избере матичен педијатар за  детето кој  ќе го следи  неговиот психомоторен  развој, ќе ги едуцира родителите за понатамошната нега и грижа , календар за спроведување на вакцини(се реализираат во диспанзер), следење на крвната слика (вообичаено на 3,6 и 12месеци), совети за правилна исхрана , лекување на одредени болести во амбулантски услови и упатување на  други специјалисти по потреба(ортопед, детски хирург и сл.)

Важна  порака за родителите е дека Вие, а не Вашиот лекар –педијатар, имате  најзначајно влијание на здравјето на  Вашето дете .Токму поради ова, неопходна е добра  соработката и постоење на  взаемна доверба меѓу  родителите  и  педијатарот.

Развојот на секое дете е индивидуален, но секој  родител би требало да знае што да  очекува  од своето дете, во зависност од  возраста, а воедно и како да  го тоа стимулира и  оптимизира. На тој начин, родителот може рано да ги забележи отстапувањата(доколку постојат) и рано да сигнализира дека кај детето постои  доцнење во некоја  фаза од неговиот раст и развој. Тоа е  драгоцен податок за секој педијатар кој треба објективно да  ја процени состојбата на детето, а воедно да го упати  на  дополнителни испитувања и/или стимулација(рехабилитација) доколку е тоа потребно.

Како што веќе истакнавме, педијатарот  за свои партнери секогаш  ги има  родителите бидејќи имаат заеднички интерес, а тоа е грижата за здравјето на  детето.

По излегување  од породилиштето, потребно е да се  избере матичен педијатар за  детето кој  ќе го следи  неговиот психомоторен  развој и ќе ги едуцира родителите за понатамошната нега и грижа .

Календарот  за спроведување на вакцини се  реализира со  педијатрите кои работат во детските диспанзери. Вакцините  ги  заштитуваат  децата  од  бројни, многу опасни  болести при што му  го  зголемуваат имунитетот за истите. Вакцинацијата се смета дека  е една од  најефикасните здравствено-медицински интервенции,бидејќи:

-создава отпорност на  организмот кон содветното  заболување и го  намалува  ризикот од  болест, а и  доколку детето се разболи, текот е многу поблаг.

- се зголемува и колективниот имунитет  на  населението(во  секоја  држава) и се спречуваат епидемии

Мора да  се  истакне дека само  со редовна  и потполна вакцинација,се обезбедува  сигурна  заштита.

Според препораките  од Министерството за  Здравство  на  Македонија, важат следните препораки:

-вакцинирањето   во нашата земја е задолжително и  бесплатно

-вакцините се проверени, квалитетни и  безбедни

-пред секоја вакцинација, детето задолжително треба  да  го прегледа лекар за   проценка  на  неговата здравствена  состојба

-должност  на секој  родител е  редовно да го носи своето дете на вакцинација

-право на  секое дете е да биде опфатено  со  имунизација,а обврска  на  здравствените лица е редовно да ја извршуваат според пропишаниот национален  календар.

 

КАЛЕНДАР за ВАКЦИНАЦИЈА во  Р.Македонија

 

За крај  да споменеме дека е очекувано по  вакцинацијата кај некои деца да  се  јават реакции како: болка, оток, црвенило на  место на  убод или покачена температура, плачливост и намелен  апетит.Овие поствакцинални реакции се транзиторни и минливи,а се  незначителни во  споредба  со последиците кои можат  да  настанат  од самата болест кај  децат кои не се вакцинирани.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Совладајте ја нескротливата Ешерихија коли
Инфекциите на уринарниот тракт се едни од најчестите клинички симптоми, кои се многу почести кај женската популација поч...
4
Дали икањето кај бебињата е нормално?
Кога ќе го видиме нашето малечко бебе како се мачи со икање, често се грижиме дали тие контракции можат некако да му наш...
3
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?