|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Печурки во детското мени

Редакција Рингераја, 2.2.2012
Заради својот специфичен состав и интересниот вкус, печурките се многу ценет зеленчук. Во исхраната на децата најчесто се користат шампињони.

image
/11


 

 

Иако печурките често се ставаат во групата на зеленчук, бидејќи поседуваат некои карактеристики како и другиот зеленчук (сиромашни се со калории, не содржат холестерол, масти и соли), тие во нутритивна смисла се посебна група. Растат насекаде низ светот и се многу ценета храна во многу култури.


Илјадници години наназад печурките се успешно користени во кинеската медицина и во терапија на многу болести. Фараоните ги сметале за деликатес, а Грците верувале дека им даваат сила на војниците. Римјаните ги сметале за дар од Бога и ги сервирале само во свечени прилики. Денес уживаме во нив заради нивниот вкус и структура.



Единствен нутритивен состав


Иако имаат цврста структура содржат околу 80-90 % вода. Во нив се наоѓа голема количина на протеини, по состав слични на протеините од грашокот и гравот. Во однос на протеините од животинско потекло, протеините од печурките, т.н. фитопротеини, не содржат есенцијални аминокиселини. Инаку, потешко се варат од протеините на месото. Печурките се единствени кои содржат есенцијални минерали, како што е селенот, кој игра важна улога во јакнењето на имуниот систем. Тие се извонреден извор на калиум, железо, цинк и бакар. Содржат изобилство на витамини од Б групата, кои го потпомагаат ослободувањето на енергија од протеините, мастите и јагленохидратите. Содржат значајна количина на Витамин Е, антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали и имаат значајна улога во изградбата на имунитет на организмот. Тие се единствен растителен извор на Витамин Д.

Печурките имаат големо количество на растителни влакна (8-10%), кои се важни за правилно функционирање на дигестивниот систем. Како и секоја влакнеста храна, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Исто така содржат и некои материи кои ги нема во другите производи од растително потекло, или ги има во помали количини, како: гликоген, манитол, хитин и глукани.



Заслужни се за јакнење на имунитетот


Печурките го зголемуваат производството на бели крвни зрнца, кои се одговорни за одбрана на организмот од инфекции. Кога имуниот систем ќе биде изложен на дејство на патогени (вируси и бактерии), телото почнува да го зголемува бројот на функционалните клетки на имуниот систем. Печурките ги потпомагаат имуните функции така што го зголемуваат производството на цитокин – протеин сличен на хормоните, кои имаат значајна улога во одбрана на организмот од болести.



Печурки во детското мени

Печурките во детското мени можат да се воведат по 2-та година бидејќи се тешки за варење. Најчесто треба да се користат шампињоните бидејќи се со благ и неутрален вкус. Ќе Ви претставиме неколку врсти на печурки кои се корисни за децата:


Шампињони

Се користат најчесто во исхраната на децата. Постојат бели и окер, кои имаат појак мирис. Шампињоните се со пријатен и благ вкус, кој се интензивира со готвењето. Често се подготвуваат со друг зеленчук, во комбинација со компири, или со сирење. Можат да се печат и на скара. Во фрижидер можат да се чуваат до пет дена, но во оригинално пакување, или хартиена кеса.


Буковки

Многу се вкусни, со пријатен мирис. Со оглед на тоа дека се богати со белковини, многу се хранливи. Делуваат како антиоксиданси и антиалергени.


Вргањ

Вргањот е најпозната зимска печурка. Богат е со протеини, шеќери, минерали и витамини, а се користи во разни јадења, прилози и салати. Сезоната на вргањ почнува во почетокот на пролетта и трае до крајот на есента.


Шитаке

Во кинеската и јапонската медицина се користат илјадници години во терапија на настинка и грип, а имуноглуканот кој го содржат, директно влијае на стимулација на имуниот систем.


Чување и начин на употреба

Заради големото количество на вода, печурките не траат долго. Во фрижидер можат да стојат свежи до пет дена. За подолго да траат треба да се бланшираат и замрзнат, но за разлика од другиот зеленчук не треба да се одмрзнуваат пред употреба, туку да се подготвуваат замрзнати.
Печурките се користа свежи, конзервирани, сушени и маринирани. Добро се комбинираат со зеленчук и месо. Можат да се користат во топли и ладни јадења, да се додаваат на чорби, салати и сендвичи. Децата најмногу ги сакаат во пица.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Склопување нови пријателства
Погледнете го разговорот со психологот Розета Павлова и искуството на мајката Ивана Кочева и нејзиниот син Михајло на те...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?