Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
За да знаат колку е нешто оддалечено и во кој правец треба да одат, децата мораат да се движат сами. На 13 месеци можат да седнат и да се исправат, се подобро и посигурно да одат.
По несигурните кратки чекори и држењето на рацете во хоризонтална положба до телото, децата почнуваат да воспоставуваат подобра контрола и да чекорат посигурно. На возраст од 12-18 месеци повеќето деца ќе проодат. Во главно тоа е околу 14 месец.
Кога детето самостојно ќе прооди, наместо да го охрабрат да се движи, родителите во главно трчаат по него и викаат “Пази! Ќе паднеш!”. Ова е комплетно погрешен пристап.
На детето треба да му се овозможи слобода на движење и да му се дадат играчки кои ќе стимулираат подвижност, снага, брзина, издржливост, рамнотежа, координација.
Децата се движат на разни начини, лазат, одат придржувајќи се на намештај, туркаат количка, столица пред себе, се качуваат и одат самостојно. Низ овие активности детето ги зајакнува мускулите и зглобовите, воспоставува рамнотежа, ја подобрува и координацијата на движењата. Одењето треба да биде по различни површини, рапави и мазни, меки, нерамни, по трева, песок, со препреки, на ограничена површина.
Еден од главните елементи на движењето е искачувањето кое служи за да се совладаат пречките и да се стигне до саканиот предмет. Детето од 18 месеци ќе се искачи на столица и ќе им скокне на родителите во прегратка без никаков проблем. Ова е многу важно за развојот на детето и тоа никако не смее да им се забрани, иако постои опасност да падне и да се повреди. Доволно е да бидете во негова близина и да го научите да скока и веќе секој следен месец ќе биде се попрецизно во ова. Качувањето и слегувањето ќе ги научи многу подобро, ако на подот му поставите перници со различна големина или нешто слично и ако му покажете како се прави тоа.
Улогата на родителот во стимулацијата на детето е да ги препознае неговите развојни способности и да му обезбеди адекватно опкружување во кое ќе може да ги развива. Бидејќи детето учи низ игра, на возрасните останува да ја сфатат играта сериозно и да му помогнат на детето играјќи да стане свесно за своите можности и да почувствува задоволство.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?