|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Парацетамол во Германија - само на рецепт

www.rak.mk, 17.3.2012
Лековите против болка се употребуваат повеќе од илјада пати. Тие успешно ги намалуваат болките, но исто така, можат да доведат до крварење во цревата, до оштетување на црниот дроб и бубрезите, до астма, а понекогаш можат да доведат и до смрт

image
/11


 

 

Од 1-ви април за парацетамолот во Германија е потребен рецепт. Во аптека можеда се купи само во многу мали дози, бидејќи парацетамолот е токсичен при постојана употреба, а при употреба во преголеми дози може да доведе и до оштетување на црниот дроб или да ја загрози функцијата на бубрезите.

Според извештајот на германскиот сојузен институт за лекови и медицински производи, најчесто против болка се купува и користи парацетамол. За жал, тој е на врвот на листата на 10-те медикаменти, кои можат да предизвикаат фатални последици.

 


Самоубиства со помош на парацетамол


„Парацетамолот често се користи при обиди за самоубиство или поради погрешна употреба предизвикува различни оштетувања“, вели Ulrih Hageman од Сојузниот инситут за лекови и медицински производи. Секоја година во централата која ги регистрира случаите на труење со лекови се забежуваат 4000 случаи на предозирани од парацетамол. Од овој број, 10% отпаѓа на самоубиствата (400 случаи).

Поради тоа, во Велика Британија уште пред неколку години се намалени дозите на парацетамолот во пакувањата кои можат да се добијат на рецепт.

За повторното воведување на рецепти за парацетамолот бил пресуден фактот дека парацетамолот е опасен и во релативно мали количини. Пакувањата на парацетамолот од 20 таблети од по 500 милиграми, се наоѓаат на гранница која, ако се премине, предизвикува оштетување на црниот дроб.

 

 

Опасен и кантарионот во таблети


Забрана за слободна продажба е воведена и за таблетите од билката кантарион.

„Ова е паметна мерка“, вели еден од стручњаците. За забраната постојат повеќе причини: прво, лекот кој во Германија се вика johanniskraut се користи против лесна депресија, а препаратите против депресија би требало да се употребуваат само тогаш кога веќе е поставена точна дијагноза, а во тој случаи и терапијата треба да биде стручно надгледувана.

Кантарионот ако се зема паралелно може, покрај другото, да го намали и дејството на циклосфоринот, средство за спречување на отфрлањето на пресадениот орган.

Освен тоа ни дејството на анти-беби пилулите не е сигурно во комбинација со таблетите од кантарион.

Промената да дејството на одредени лекови е уште еден доказ за тоа дека и употребата на медикаментите на билна основа не е без ризик, заклучува Ulrih Hageman.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
4
Дали мојата вагина ќе се врати во нормала ...
Ова е прашањето од милион долари на кое сакаат oдговор повеќето бремени жени.И иако не е тоа што сакате да го слушне...
4
Бебиња на познатите во 2012 година
Многу познати личности можат да се пофалат со најубавите подароци кои ги добиле во годината која е зад нас – слатки, пре...
4
Наоми Кембел денес ја покажа својата ќерка...
Наоми Кембел во мај 2021 година на Инстаграм објави дека стана мајка на 51 година. Таа денес ја покажа својата ќерка пре...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?